Контакт

Популарно

Трчајте на Skopje Run 10K и учествувајте во хуманитарната мисија „Секој Километар Значи“

Објавено пред

Секоја година сѐ поголем број на луѓе се впуштаат во спортот, посебно во трчањето. Неговата популарност се издигна со „Виз Ер Скопскиот маратон“, кој руши рекорди. За да се продолжи ова движење во текот на целата година, тимот на Сојуз на спортови на Град Скопје ја организира втората по ред трка, Skopje Run 10K во недела, 07 октомври 2018 година, на булевар Илинден во Скопје.

Пријавувањето започна во јуни и поради големиот интерес, СОС Детско село и Skopje Run 10K одлучија да ги поместат границите на конвенционалното. Тие започнуваат ново хуманитарно поглавје со кампањата #СекојКилометарЗначи. Со оваа акција секој што има желба (учесник, поддржувач или љубител на спортот и мисијата на СОС Детско село) ја има можноста да купи dry–fit маица, при што 100 денари од секоја продадена маица ќе бидат за СОС Детско село.

За повеќе информации за тоа како може да станете дел од #СекојКилометарЗначи може да ги посетите официјалните страни на Skopje Run 10K и СОС Детско село.

За тие кои сакаат да се пријават или да купат маица и со тоа да станат дел од приказната може да го посетат партнерот за онлајн регистрација, да направат профил, да ја изберат Skopje Run 10K трката и да си го одберат продуктот, маица.

Во склоп на оваа активност, желба за учество изразија и голем број на познати личности од Македонија, за кои јавноста дополнително ќе биде информирана, која ќе им биде задачата. Организаторите порачуваат: „#ТрчајСоСрце и секој чекор нека е за иднината на децата од СОС Детско село. Сите заедно да го забрзаме чекорот кон својата хуманост за навистина да докажеме дека секој километар значи.“



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Спорт2 часа

(Видео) Гаштаров избори пенал, Црвена звезда го победи Партизан

Црвена звезда го победи Партизан со 2:1, во јубилејното 180-то вечно дерби. Дури и најбрзиот гол во историјата не им...

Свет2 часа

Победата на АфД ја тресе Германија: Мерц пред тежок политички тест

Убедлива победа за Алтернатива за Германија (АфД) и тежок пораз за Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – изборите во Саксонија-Анхалт би можеле...

Свет2 часа

(Видео) „Боинг 767“ излета од пистата во Мајами и заврши на пат

Товарен авион „боинг 767“ излета од пистата при слетување на Меѓународниот аеродром во Мајами и заврши на пат надвор од...

Спорт2 часа

Турските одбојкарки ја одбранија европската титула

Турската женска одбојкарска репрезентација, на домашен терен, ја одбранија континеталната титула. Избраниците на селекторот Даниеле Сантарели го победија големиот ривал...

Свет2 часа

Зеленски: Можни се нови преговори со Русија, за териториите мора да разговараат лидерите

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е можно продолжување на преговорите меѓу Украина и Русија, но дека клучните прашања, вклучително...

Забава2 часа

Проверете ги пораките и сметките: Три знаци може да ги израдуваат пари до 15 септември

Според астролошките предвидувања, три хороскопски знаци би можеле да имаат особено поволен финансиски период до 15 септември. Биковите, Стрелците и...

Забава3 часа

Бјанка Ценсори откри што мисли за голотијата и дали Канје ѝ кажува што да носи

Австралиската уметница Бјанка Ценсори за првпат отворено проговори за својот имиџ, односот кон голотијата и модните комбинации со кои веќе...

Македонија3 часа

Активен пожарот кај Стенковец, избувнаа уште два кај Кондово и Ѓорче Петров

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а скопските пожарникари се на терен и го гаснат, информира вечерва директорот на...

Македонија3 часа

Ставен под контрола пожарот што се закануваше кон Милетино

Пожарот кај Милетино, во Општина Брвеница, е ставен под контрола, откако во неговото гаснење беа ангажирани два „ер трактори“ и...