Контакт

Спорт

УЕФА ќе воведе уште едно натпреварување

Претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели, потврдил дека ова тело ја поддржало УЕФА во намерите да биде воведено уште едно клупско натпреварување, што ќе им се приклучи на постоечките Лига на шампиони и Лига Европа.
Ањели, кој пр…

Објавено пред

Претседателот на Европската асоцијација на клубови, Андреа Ањели, потврдил дека ова тело ја поддржало УЕФА во намерите да биде воведено уште едно клупско натпреварување, што ќе им се приклучи на постоечките Лига на шампиони и Лига Европа.

Ањели, кој претседава со Европската асоцијација на клубови, информацијата ја потврдил на генералното собрание.

„Додека ја чекаме одлуката да ја потврди и Извршниот комитет на УЕФА, можам да кажам дека ние дадовме „зелено светло“ да се воведе и трето натпреварување, што значи дека бројот на клубови што ќе се натпреваруваат во сезоната 2021/2022 ќе биде 96“, рекол Ањели.

Форматот на новото натпреварување, како и тимовите што ќе учествуваат во него, допрва ќе бидат откриени.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Стерлинг: Казнете ги 9 поени ако нивните навивачи се расисти!

Објавено пред

Ѕвездата на Манчестер сити, Рахим Стерлинг вели дека не се прави доволно во борбата против расизмот во фудбалот, и дека клубовите чии навивачи ќе пеат расистички песни треба да добиваат автоматска казна од 9 натпревари.

„Според мене, потребна е автоматска казна од 9 поени за расистичко однесување. Тоа звучи строго, но кој навивач ќе ризикува да се однесува така ако клубот поради тоа испадне од лига или се уништат шансите за титула. Клубот исто така треба да игра три меча зад затворени врати. Така, ќе се загубат и парите поради расистичкото однесување“, напиша Стерлинг во колумна во весникот „Тајмс“.

24-годишниот Стерлинг оваа сезона неколку пати беше цел на расистички извици од трибините. Во март во квалификациски меч  за Евро 2020 на гости кај Црна Гора тој беше главна цел  на домашните навивачи.

Прикажи повеќе...

Спорт

Бергер: Само Хамилтон е на „нивото“ на Аиртон Сена!

Објавено пред

Поранешниот Ф1 возач, Герхард Бергер верува дека Луис Хамилтон е единствениот возач во историјата кој може да се споредува со талентот на Аиртон Сена и смета дека Британецот може да го сруши рекордот од седум светски титули на Михаел Шумахер.

Австриецот Бергер од 1990 до 1992 година беше клупски колега со легендарниот Сена, кој во тој период освои две од своите три титули и добро го познаваше Бразилецот.

„Секогаш ме прашуваат, како го оценуваш овој возач во споредба со Аиртон. И секогаш во годините велев дека нема никој кој е блиску. Но, Луис е првиот кој можам да го поставам на истото ниво. Момчето  е многу брзо, не прави грешки, а најмногу ме импресионира тоа што знае да се контролира по толку освоени работи. Во моментов е непобедлив. Титулите кои ги освоија Мерцедес се поради моторот и поради Луис. Да, тие имаат силен мотор, но Луис секогаш е на врвот – на дожд, на брза патека, на улична патека. Дефинитивно најдобриот возач на светот во моментов. Ако продолжи има шанса да го стигне Михаел“, вели Бергер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Најлошиот тениски сервис во режија на 44. светски тенисер (видео)

Објавено пред

Молдавскиот тенисер Раду Албот (30), кој е на 44. место на АТП-листата, вчера за првпат настапи на еден АТП-турнир во својата кариера. Молдавецот на турнирот во Будимпешта беше подобар од Украинецот Сергеј Стакховски со 2-0 во сетови (7-5 и 6-4).

Албот, кој пред точно еден месец освои сет против Федерер на Мастерсот во Мајами вчера максимално потфрли при еден негов сервис, кога во низа имаш две катастрофални грешки.

Првиот сервис беше очаен, заврши во неговото поле, додека, пак, при поправниот сервис, топката одлета далеку во аут.

Погледнете:

 

View this post on Instagram

 

Mondays, eh @radu.albot11? 🤣 Watch the #HungarianOpen on @tennistv

A post shared by ATP Tour (@atptour) on Apr 22, 2019 at 1:24pm PDT

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

ИВЗ: Судот не одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар на МПЦ

Судот не е тој што одлучува кој ќе биде реис, ако е така нека кажат и кој да биде поглавар...

Македонија41 минута

Полиција пред ИВЗ, тензии за тоа кој да биде нов поглавар

Тензично e попладнево пред седиштето на Исламската верска заедница (ИВЗ), каде што се одржува состанок за смена на поглаварот Сулејман...

Свет2 часа

В четврток прва средба меѓу Путин и Ким на рускиот Далечен Исток

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, в четврток ќе се состане со рускиот претседател, Владимир Путин, на рускиот Далечен Исток, објави советникот...

Свет6 часа

(Видео) Камерите снимија терорист кој влегува во црквата непосредно пред масакрот

Медиумите на Шри Ланка објавија снимка од надзорните камери снимена непосредно пред еден од нападите. Како што известува „Гардијан“, се...

Македонија7 часа

Северна Македонија или Македонија? Караџовски и Адеми расправаa како да ја пишува државата на извештајот

Членовите на Судскиот совет го изгласаа годишниот извештај за работата за 2018 година, но претходно претседателот Зоран Караџовски и членот...

Топ7 часа

Мицкоски: Не е до чистката, туку проблемот е до тој што треба да исчисти

По најавите на премиерот Зоран Заев дека власта ја примила пораката од граѓаните и дека ќе следуваат кадровски промени, лидерот...

Топ7 часа

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение...

Македонија8 часа

(Видео) Таткото на Саздовски: Родителите да кажат каде е третиот осомничен, кој е во бегство

Ни една мајка не треба да го закопа својот син, казната е толкава колку што е предвидено во законот. Не...

Македонија9 часа

(Видео) По 19 години затвор за убијците на Никола Саздовски

Кривичниот суд во Скопје им одреди по 19 години затвор на Бесим Беља и Скендер Демири, кои на 29 јуни...

Свет9 часа

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување гас, а раководството на куќата објави дека настапите...

Регион10 часа

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет10 часа

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипините вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер поради што се тресеа многу згради, а...

Свет11 час

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ21 час

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа1 ден

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20191 ден

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет1 ден

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 20191 ден

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија1 ден

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 20191 ден

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Досие