Контакт

Популарно

Уште 10 дена до затворање на пријавувањето на Skopje Run 10K

Објавено пред

Третата по ред Skopje Run 10K е повторно организирана од искусниот тим на „Визер – Скопски маратон“ и Сојузот на спортовите на Скопје.

Минатата година речиси 1.600 тркачи излегоа на патеката на прекрасното време и целосно ја пренесоа пораката дека спортот и спортскиот начин на живеење е значаен дел од секојдневието во Скопје и Македонија.

Skopje Run 10K ќе се одржи в недела, 6 октомври 2019 година, со почеток во 9 часот. На агендата се две трки, и тоа 10 км и штафетна трка 2 х 5 км, каде што двајца тркачи трчаат по 5 км и каде што секој штафетен тим треба да има уникатно име, а тимовите може да бидат мешани, машки и женски.

Стартните пакети ќе се подигаат на 4 и 5 октомври во кугланата во „А1 арената“ СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. При подигање на стартниот пакет, учесниците ќе треба да покажат документ за идентификација.

Сите заинтересирани треба да се пријават на www.skopje.run или www.smartrace.club.

Самата трка оваа година е малку променета и стартот е од фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк по што се трча по булеварот Илинден до улицата Никола Парапунов, каде што се врти назад повторно до финишот, кој е кај фонтаната „Лотус“.

3Д-мапата е поддржана од Pic2Go, кој и оваа година е дел од Skopje Run 10K и од каде што секој може да ги сподели своите фотографии на социјалните мрежи по завршување на трката. За повеќе детали посетете го следниов линк.

Генерален покровител на трката е Агенцијата за млади и спорт, покровител е Град Скопје, а огромна помош има и од партнерите и спонзорите. Оваа трка е влезена во календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА).

Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје во соработка со АК „Работнички“ и Атлетската федерација на Македонија и со помош на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

 

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно

Sport Life ве води на ЕВРО 2020 во ракомет

Објавено пред

Започна акцијата на Sport Life „Навиваме заедно“. Играчите на Sport Life ќе се натпреваруваат за пакет-аранжман за двајца во Виена на Европското првенство во ракомет (мажи) – ЕВРО 2020.

„Сè е подготвено да навиваме заедно за нашата ракометна репрезентација директно на трибините на Европското првенство во ракомет. Тројцата прворангирани играчи со највисоки погодени вкупни коефициенти во периодот на акцијата добиваат пакет-аранжман за две лица на Европското првенство во ракомет во Австрија со вклучен автобуски превоз, сместување во хотел со 3*, 4 ноќевања со појадок и обезбедени влезници за сите натпревари од групната фаза на македонската репрезентација“.

Акцијата важи за тикети со една комбинација, тикети во живо и микс тикети, уплатени со приложена Sport Life клуб-картичка, во периодот од 29 ноември до 26 декември 2019 г.
Повеќе информации за акцијата „Навиваме заедно“, како и водечките коефициенти можете да ги видите на веб-страницата на Sport Life.

Прикажи повеќе...

Популарно

Доделен уште еден автомобил од наградната игра на Mozzart – во игра се уште два!

Објавено пред

Заврши и втората етапа од големата наградна игра на Mozzart обложувалници,„Погоди најголема квота“, а на уплатното место во Скопје – Петровец, вчера го доделија вториот FIAT 500. Во игра се уште два автомобили: 1 x Fiat 500 и 1 x Jeep Compass.

Игор Андевски од Скопје со добитен тикет и најголема квота од 11501,79 ќе го вози прекрасниот Fiat 500, а покрај тоа може и да се пофали со одлична парична добивка!

Наградната игра не завршува тука, бидејќи играчите во Mozzart обложувалници имаат 4 шанси за 4 автомобили! Во тек е третата етапа каде победникот со најголема квота ќе освои Fiat 500. Во последната, четврта етапа, најдобриот ќе го освои автомобилот Jeep Compass.

Во тек е третата етапа во која учествуваат ливчињата за обложување уплатени во период од 09:00 часот на 01.11 годинава до 21:00 часот на ден 30.11 и истите не учествуваат во ниту една од другите етапи.

Во четвртата етапа учествуваат тикетите за обложување уплатени во период од 09:00 часот на 01.12 годинава до 21:00 часот на 05.01.2020 година и истите учествуваат само во оваа етапа.

По завршување на секоја етапа од наградната игра, системот се рестартира при што квотите од секоја завршената етапа не се префрлуваат и не учествуваат во било која следна етапа. Квотите со почеток на секоја нова етапа се бришат. Добитниот тикет со најмалку четири одиграни парови со најголема квота, покрај добивката, ќе биде награден и со еден од автомобилите Fiat 500 или Jeep Compass.

Минималната уплата по тикет изнесува 20 денари. Во случај двајца играчи да погодат идентична квота, предност има оној играч кој прв го уплатил тикетот. Во пресметка за награда не влегуваат системските тикети и тикетите со еден промашен пар кои остваруваат право на бонусот „Промаши, а наплати“ и Live Bet тикетите.

Целосните правила на игра прочитајте ги овде.

 

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Популарно

(Видео) Фудбалер во Хрватска уби кокошка која втрча на теренот

Објавено пред

Во Хрватска неодамна се случи необична сцена на фудбалски натпревар меѓу Јеленград и Јасеновац. Еден фудбалер за време на натпреварот уби кокошка, која втрча на теренот.

Убедливата победа на Јеленград останува во сенка на несовесниот потег на 23-годишниот Иван Газдек, кој замавна со ногата и ја усмрти кокошката, пренесуваат хрватските медиуми.

Иако во видеото јасно се гледа намерата да му наштети на животното, фудбалерот во изјава за „24 часа“ рекол дека случајно ја убил кокошката.

„Верувајте дека не беше намерно, резултатот беше чувствителен, а нервозата присутна. Имавме дури и расправија на полувремето, а кокошките постојано ни влегуваат на теренот и играта се прекинува. Теренот често е полн со измет, а тоа се нехигиски услови за игра. Трчав кон нив за да ги избркам, замавнав со ногата и случајно ја убив. Тоа е“, рекол Газдек.

Гледајте го видеото на следниов линк.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

(Видео) Успешно полета најдолгиот патнички авион во светот

Компанијата Боинг извести дека вчера успешно е завршен пробнот лет на нивниот нов модел на авион „боинг 777Х“, најголемиот двомоторен...

Регион12 минути

Туристите кои од Вухан стигнаа во Хрватска планираат да продолжат во БиХ

Кинеските туристи од градот Вухан кои пристигнале во Хрватска, планираат да ја посетат Босна и Херцеговина, пренесува „Индекс.хр“. Според информациите...

Македонија2 часа

Термалните камери на скопскиот аеродром ќе детектираат симптоми за коронавирусот

Нема простор за паника кога во прашање е коронавирусот, посочи министерот за здравство, Венко Филипче, по состанокот со Комисијата за...

Култура3 часа

Љума и Даут од „Медена земја“ добитници на престижната ASC награда за најдобра кинематографија

Самир Љума и Фејми Даут од „Медена земја“ се добитници на наградата за најдобра кинематографија за Документарен филм на 34...

Свет3 часа

Бројот на загинати од земјотресот во Турција се искачи на 31 лице

Бројот на загинати во катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција во петокот се искачи на 31 лице, додека спасувачите се...

Регион4 часа

Автобус со кинески туристи од Вухан стигна во Хрватска

Во Хрватска пристигна автобус со кинески туристи од градот Вухан, епицентарот на епидемијата на коронавирусот, дознава хрватскиот портал „Индекс.хр“. Според...

Свет4 часа

Потврден прв случај на новиот корона вирус во Канада

Прв случај на новиот корона вирус е потврден во Канада, соопшти Владата во земјата. Здравствениот систем во Торонто бил известен...

Свет16 часа

Москва: Седум кинески државјани пренесени во болница за заразни болести

Седум кинески државјани од хотел во Москва се пренесени во болница за заразни заболувања, поради сомнение дека имаат акутна вирусна...

Регион19 часа

Нов земјотрес во Турција

Не престанува да се тресе земјата во Турција. Нов земјотрес ја потресе земјата за помалку од 24 часа. Земјотрес со...

Свет20 часа

Шји Џјинпинг: Ситуацијата е сериозна, ширењето на вирусот забрзува

Ширењето на новиот корона вирус се забрзува, предупреди денеска кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, по состанокот на Политбирото на Комунистичката партија,...

Топ22 часа

Нова жртва на иста измама – ѝ рекле да даде пари или синот ќе лежи во затвор поради сообраќајка

„Син ти направи сообраќајна несреќа во која загина дете. Да ни дадеш пари и ќе средиме тој да не лежи...

Македонија23 часа

(Видео) Мицкоски: Ќе продолжиме со разговорите за законот за Јавното обвинителство

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања денеска кажа дека ќе продолжат со разговорите за законот за Јавното...

Македонија1 ден

Дескоска: Жалам што ВМРО-ДПМНЕ избега од разговорите за законот за Јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска на социјалните мрежи напиша дека жали што преговарачката тројка на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за јавното...

Топ1 ден

Возило прегази 10-годишно дете на булевар во Скопје

Синоќа на булеварот „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ патничко моторно возило управувано од 32-годишниот Д.Д. од Скопје удри во дете пешак на...

Свет1 ден

(Видео) Вознемирувачки снимки по земјотресот во Турција, луѓето панично бегаат на улиците

Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Турција порасна на 21 лице, а над 900 се повредени. Земјотресот...

Свет1 ден

Проширен регионот што е во карантин во Кина, пријавени нови 15 смртни случаи поради вирусот

Дополнителни 15 смртни случаи се пријавени во кинеската провинција Хубеи, со што бројот на починати од новиот коронавирус се зголеми...

Свет1 ден

Австралија и Малезија потврдија први случаи на заразени со коронавирусот

Австралија и Малезија ги потврдија првите случаи на новиот коронавирус на нивната територија, додека од Кина стигна информација дека досега...

Европа1 ден

Во Франција потврден трет случај на новиот корона вирус

Во Франција е потврден трет случај на новиот смртоносен корона вирус, што се први пријавени случаи од ова заболување на...

Македонија1 ден

Пендаровски и Спасовски со сочувство до турскиот народ поради земјотресот

Претседателот Стево Пендаровски и техничкиот премиер, Оливер Спасовски, преку социјалните мрежи изразија сочувство до турскиот народ поради силниот земјотрес во...

Свет1 ден

(Видео) Во земјотресот во Турција загинаа 20, повредени се 920 лица

Бројот на загинати од силниот земјотрес што вчера го погоди источниот дел на Турција се искачи на 20, со 920...

Досие