Популарно
Фабрегас: Јас фрлив пица кон Алекс Фергусон

Шпанскиот фудбалски ас, Цеск Фабрегас, призна дека тој фрлил пица кон тогашниот менаџер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, во 2004 во неславната „битка на бифето“.
Шпанецот беше на „Олд Трафорд“ со тимот на Арсенал, кој имаше низа од 49 победи, која заврши со 2:0 пораз од Јунајтед. По мечот, играчите на двата тима се судрија во тунелот кон соблекувалните и никогаш не беше потврдено дека Фабрегас го погодил Фергусон со пица во лицето. Фергусон потврди дека бил удрен, но не знаел кој бил напаѓачот.
Сега, конечно, при гостување на едно британско ТВ-шоу, сегашниот играч на Челси открива дека тој е виновникот.
„Да, тоа бев јас! Мартин Кион тврдеше дека не знае кој го направил тоа и не ја кажува вистината бидејќи беше точно пред мене удирајќи луѓе. Одеднаш слушнав бучава и со парчето пица во раката ги видов Сол Кемпбел, Рио Фердинанд и другите како се удираат. Сакав да влезам во мешаницата и не знаев што да правам со пицата и ја фрлив. Сега јавно му се извинувам веднаш на сер Алекс бидејќи не сакав да го погодам него“, изјави Фабрегас.
#ALOTO EXCLUSIVE!!! @cesc4official comes clean about that moment with Sir Alex. Get more juicy gossip on Thursday at 9pm. #BattleOfTheBuffet pic.twitter.com/yARvejMJWV
— Sky 1 (@sky1) October 4, 2017
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Популарно
Пријавувањето за „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ заврши

На 8 мај 2022 ќе се одржи уличната трка HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ. Организатор на трката е Сојузот на спортовите на Скопје (кој е организатор на „Визер – Скопски маратон“ и „Авицена женска трка“), во соработка со АК Работнички. Главен спонзор на HALKECO СКОПЈЕ ТРЧА 10 КМ е Halk Banka, а покровители се Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје.
Бројката од 1.300 учесници, на која е лимитирана оваа трка, е веќе пополнета.Оваа бројка на пријавени учесници е уште еден доказ дека граѓаните се грижат за своето здравје истовремено истакнувајќи го својот натпреварувачки дух.
Подетаљни информации за трката натпреварувачите може да најдат на официјалната страна на „HalkEco Скопје трча 10 КМ“ – www.skopje.run.
Патеката на движење: стартот на трката е во 9 часот пред фонтаната „Лотос“, се трча во правец кон Карпош 4 до крајот на булеварот Илинден и се врти лево за да се излезе на улицата Никола Парапунов. Потоа се трча до крајот на улицата, каде што на семфорите се врти десно и се излегува на булеварот Партизански одреди. Од тука се трча до мостот „Влајко“, каде што се врти полукружно и во истата коловозна лента се трча до семафорите пред „Сити мол“. Се продолжува полукружно во истата коловозна лента и се трча по булеварот Партизански одреди до вкрстувањето со улицата Никола Парапунов, каде што се врти десно. Од улицата Никола Парапунов се трча до крајот, па се врти десно на булеварот Илинден сѐ до целта кај фонтаната „Лотос“.
Организаторите ги покануваат сите љубители на спортот да излезат и да им дадат поддршка на натпреварувачите.
Популарно
(Видео) Барди еднаш ја има затресено мрежата на Португалија

„Топспорт“ во Порто
Никола Ѓуровски
Повеќето од македонските репрезентативци имаат пресметка со Португалија како дел од Европското првенство за селекции до 21 година. Во 2017 година, на натпреварот во Гдиња, Македонија загуби со 2:4 од Португалија, но сè уште се памети убавиот гол на Енис Барди.
Тогаш предводник на младиот национален тим до 21 година беше сегашниот селектор на А-тимот, Благоја Милевски, а играа Енис Барди, Елиф Елмас, Давид Бабунски, Бобан Николов, Дамјан Шишковски и Висар Муслиу. На клупата за резервни фудбалери беа и Дарко Велковски и Тихомир Костадинов.
Покрај Барди, стрелец за Македонија беше и Кире Маркоски на асистенција на Елиф Елмас.
Популарно
Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме, вели португалскиот селектор

„Топспорт“ во Порто,
Никола Ѓуровски
Португалија е голем фаворит, но Македонија е „убиец“ на фаворитите. Ја победи Германија во квалификациите и ја елиминира Италија во баражот за Светското првенство. Утревечер на „Драгао“ во Порто ќе се игра финалната пресметка за пласман на мундијалот.
Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош, смета дека ова е „натпревар на животот“, не само за Македонија, туку и за Португалија.
„Мислите дека ова е ‘натпревар на животот’ само за Македонија? Исто е и за нас. Светско првенство се одржува на четири години, за многу од нашите фудбалери ова е историска шанса да обезбедат пласман на најголемиот светски фудбалски настан. Токму затоа сме максимално фокусирани. Имаме огромна желба, имаме квалитет, ќе ја имаме и поддршката од нашите навивачи. Сакаме да одиме на мундијалот и тоа ќе го оствариме на утрешниот меч“, изјави Фернандо Сантош.
Билетите за стадионот „Драгао“ се распродадени, се очекува Португалија да има огромна поддршка, но и Македонија ќе има околу 2.500 фанови на трибините.