Спорт
Федерер и Нишикори се прошетаа до второто коло
Роџер Федерер лесно избор пласман во второто коло на Отвореното првенство на САД во тенис (Флешинг Медоуз). Федерер во првата рунда во три сета го победи Јапонецот Јошихито Нишиока.
Швајцарецот експресно ги доби првите два сета, во кои по два пати прав…

Роџер Федерер лесно избори пласман во второто коло на Отвореното првенство на САД во тенис (Флешинг Медоуз). Федерер во првата рунда во три сета го победи Јапонецот Јошихито Нишиока.
Швајцарецот експресно ги доби првите два сета, во кои по двапати правеше брејк со идентични 6:2. Нишиока дури во третиот сет успеа да го подигне нивото на својата игра, но тоа му беше доволно овој период да го загуби со 6:4.
Федерер никогаш не бил поразен на почетокот на Флешинг Медоуз. Ривал во второто коло ќе му биде Беноа Пер.

За разлика од својот сонародник, Кеи Нишикори немаше никакви проблеми со Максимилијан Мајер. Нишикори убедливо со 6:2, 6:2, 6:3 избори пласман во второто коло.
Нишикори во второто коло го чека тежок противник во ликот на францускиот тенисер Гаел Монфилс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Фиорентина бега од опасната зона
Фиорентина славеше победа над Лацио (1:0) во последниот натпревар од 32-то коло на Серија А и освоија исклучително важни бодови во борбата за опстанок.
Натпреварот беше решен во 28-та минута, кога Робин Госенс ја затресе мрежата на гостите и го постави она што ќе биде конечниот резултат.
Фиорентина покажа повеќе желба и енергија од самиот почеток, што беше крунисано во средината на првото полувреме. По тој гол, домашните се одлучија за дисциплинирана игра и чување на предноста, додека Лацио се обидуваше да израмни, но без некоја конкретна закана кон голот на „Виолетовите“.
Фиорентина сега има 35 поени, осум повеќе од тимовите во опсната зона, додека Лацио остана на 44 и се наоѓа на деветотот место.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Голем триумф на Лидс во борбата за опстанок, победија на „Олд Трафорд“
Фудбалерите на Лидс го победија Манчестер Јунајтед со 2:1 на „Олд Трафорд“, во последниот натпревар од 32-то коло од Премиер лигата.
Со оваа многу значајна победа, Лидс избега на шест бода од „црвената зона“ во борбата за опстанок.
Се играше петтата минута кога гостите поведоа со голот на Ноа Окафор, а истиот играч го дуплираше водството на својот тим во 29-та минута.
Лидс го задржа водството на полувремето, а проблемите на Јунајтед се зголемија на почетокот на вториот дел, кога Лисандро Мартинез, поради неспортски потег доби црвен картон.
Јунајтед се обиде да се врати во натпреварот, во 69-та минута, Касемиро постигна гол по асистенција од Бруно Фернандес.
Иако имаа играч помалку, „црвените ѓаволи“ нападнаа, но Лидс успеа да се одбрани и да го задржи водството до самиот крај.
Јунајтед е на третото место во Премиер лигата со 55 бода, додека Лидс е на 15-то место со 36.
Во следната рунда, Лидс ќе го пречека Вулверхемптон, а Јунајтед ќе гостува кај Челзи.
Foto/ EPA
Спорт
Јамал посакува пресврт на „Метрополитано“
Фудбалерот на Барселона, Ламин Јамал, пред реваншот со Атлетико Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека верува, дека е можно неговиот тим да направи пресврт и покрај поразот (2:0) во првиот натпревар.
Барселона, во минатото правеле големи пресврти, на пример кога славеше со 6:1 против Пари Сен Жермен, по 0:4 од првиот натпревар.
„Го гледав тој натпревар многу пати, а го гледав и во живо на стадионот. Нејмар е голем дел од моето детство, тој е мој идол и засекогаш ќе бидам благодарен за сè што му даде на фудбалот. Нè инспирираше сите. Луѓето плаќаа билети за да го гледаат Нејмар, а по два или три дена, ги гледаа снимите од натпреварот за да видат што направил и какви движења имал. Сакам да му се заблагодарам за придонесот што го имаше во фудбалот и се надевам дека ќе игра на Светското првенство“, рече Јамал.
Тој додаде дека еден од идоелите му е и кошаркарот Леброн Џејмс, кој во 2016 година со Кливленд направи голем пресврт во финалето на НБА против Голден Стејт и од 0:2 и 1:3 стигна до 4:3 во победи.
„Леброн е исто така еден од оние што ме инспирираат пред утрешниот натпревар. Размислувам како го водеше тимот до пресврт и се надевам дека ќе можам да го направам истото. Но, не сум сам, имаме многу играчи, јас сум само дел од тимот. Важно е сите да веруваме и да размислуваме позитивно, што сме го покажале многу пати. Мора да се бориме за грбот што го носиме и ќе направиме сѐ што можеме за да го постигнеме тоа.“
На крајот, младиот фудбалер рече:
„Важно е да играме како што знаеме, со многу интензитет. Не смееме да мислиме дека пресвртот е чудо. Влегуваме во натпреварот со 2:0, но мора да веруваме во пресвртот“, заклучи Јамал.
Foto/ EPA
