Контакт

Спорт

Федерер со број 9 во Базел и број 99 во кариерата!

Роџер Федерер го победи романскиот квалификант Мариуш Копил со 7:6(5)/6:4 во финалето на домашниот Свис индорс во Базел, за своја четврта титула оваа сезона, но прва од јуни, продолжувајќи ја неверојатната низа во својот роден град.
Ова е неверојатна д…

Објавено пред

Роџер Федерер го победи романскиот квалификант Мариуш Копил со 7:6(5)/6:4 во финалето на домашниот Свис индорс во Базел, за своја четврта титула оваа сезона, но прва од јуни, продолжувајќи ја неверојатната низа во својот роден град.

Ова е неверојатна деветта титула за Федерер во родниот град Базел во 14. финале, а во исто време е и 99. титула во неверојатната кариера на Швајцарецот.

Федерер оваа година ја започна со стил по трофеј од Австралија опен во јануари, негова 20. гренд слем титула, по што триумфираше на Ротердам опен и на Штуттгарт опен во јуни. 37-годишниот Швајцарец потоа доживеа рани порази на Вимблдон и САД опен, кога уморот го стигна, но на домашниот турнир, ништо од тоа не беше важно.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

„Марка“: Модриќ не мрда од „Бернабеу“, потпишува нов договор до 2021

Објавено пред

Шпанска „Марка“ пишува дека Реал Мадрид нема намера да се откаже од услугите од хрвтскиот фудбалер, Лука Модриќ па кралскиот клуб ќе потпише нов договор со фудбалерот.

Освојувачот на Златна топка за 2018 година најверојатно ќе потпише до 2021 година, па според неговите години, многу веројатно е дека Реал ќе биде клубот каде тој ќе ја заврши кариерата.

Најзаинтересиран да го види Модриќ во своите редови беше италијански Интер, но по се изгледа дека од трансферот нема ништо.

Модриќ по прогласувањето за најдобар фудбалер за минатата година беше во играчка криза, но сега тоа е минато, па Хрватот е во препознатливо издание и е незаменлив во Мадрид.

Прикажи повеќе...

Спорт

Лејкерс со Леброн подобар од „ракетите“ на Харден (видео)

Објавено пред

Леброн Џејмс се врати во составот на Лос Анџелес Лејкерс, стигнаа и победите. Лејкерси го поразија Хјустон со 111:106.
Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерс со 29 поени, 11 скока и 6 асистенции, а одлична партија имаше и Инграм со 27 поени и 13 скока.

Кај „ракетите“ Џејмс Харден повторно постигна 30 поени и ја продолжи серијата со 30 или повеќе поени, веќе на 32 натпревари во низа.

Еве ги резултатите на сите ноќешни натпревари во НБА лигата

Резултати:

Кливленд – Феникс 111:98
Филаделфија – Мајами 106:102
Бруклин – Портланд 99:113
Милвоки – Бостон 98:97
Голден стејт – Сакраменто 125:123
ЛА Лејкерс – Хјустон 111:106

Прикажи повеќе...

Спорт

Тоа што го направија навивачите на Зенит, Европа ја остави без текст (видео)

Објавено пред

Познато е дека Русите се вистински фудбалски фанатици, дека нивните клубови имаат голема поддршка, но тоа што синоќа се случи во Санкт Петербург не може да се опише со зборови.

Фудбалерите на Зенит во Истанбул пред една недела доживеаја пораз од 1-0 од Фенербахче, па на играчите синоќа им требаше „ветар в грб“ за да ја анулираат предноста и да влезат меѓу 16 најдобри екипи во Лига Европа.

Додека автобусот со играчите на домашниот клуб се движеше кон стадионот „Крестовски“ од едната и другата страна на улицата навивачи со факели направија неверојатна кореографија повеќе од стотина метри.

Видеото од спектакуларниот перформанс за 12 часа го погледнале повеќе од 2 милиони луѓе во светот.

Зенит со 3-1 го победи Фенербахче и ја оствари целта, влез во осминафинале.

Погледнете како изгледаше сето тоа од птичја перспектива:

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 минути

Мисовски: Груевски ве пушти сите низ вода

Емотивни говори, дофрлувања и обвинувања ja одбележуваат распрвата за имунитетот на Трајко Вељаноски во рамки на Комисијата за деловнички и...

Македонија20 минути

Мртва девојка пронајдена во скопско Волково

Утрово во скопско Волково е пронајдено безживотно тело на девојка чиј идентитет засега е непознат. Според неофицијални информации, на телото...

Македонија38 минути

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија38 минути

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Македонија1 час

Момче почина од сепса по операција на хемороиди

Синоќа младо момче почина откако било донесено на скопските клиники каде што докторите констактирале дека има сепса. Според извори од...

Европа2 часа

Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир

Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле...

Македонија3 часа

СДСМ по инцидентите во затворот: Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски

Не успеа насилничкото сценарио на Мицкоски и Груевски, институциите и граѓаните нема да им дозволат да ја втурнат државата во...

Македонија3 часа

Попладне локални врнежи од дожд, на планините снег

Уште во текот на претпладнето облачноста насекаде ќе се зголеми, а во попладневните часови ќе има локални слаби врнежи од...

Македонија12 часа

Архитектите лути, барат итна заштита на ГТЦ без зелениот покрив и на Владата без барок

Зелениот покрив на Градскиот трговски центар иницираше низа барања на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) до Владата. Архитектите денес...

Македонија15 часа

(Видео) Костов: Јанакиески нема повреди, во затворот ќе биде под надзор на доктор

Директорот на болницата „8 Септември“, Христијан Костов, изјави дека кај ексминистерот Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот...

Македонија16 часа

Братот и сопругот на Мира Стојчевска се откажаа од вработувањето и унапредувањето, синот останува во ЕЛЕМ

Пратеничката Мира Стојчевска, по една недела молк за вработувањето на синот и братот и за унапредување на сопругот, се огласи...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски по посетата на Јанакиески: Не ме пуштија да го видам, го чуваат 50-ина полицајци

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред болницата „8 Септември“, каде што попладнево беше пренесен ексминистерот Миле Јанакиески, рече дека денешниот...

Македонија17 часа

Силјановска: Не можев да се пријавам на конкурс на СДСМ бидејќи не се согласувам со овие политики

Две недели по распишувањето на претседателските избори, а во исчекување на кандидатот со кој ќе влезе во изборна трка владејачкото...

Македонија18 часа

Годинава речиси секој ден исчезнува по еден човек

Пронајденото мртво тело на 35-годишниот Горан Атанасовски од Скопје, кој вчера беше пријавен за исчезнат, ја вознемири јавноста. Коментарите во...

Македонија19 часа

(Видео) Заев: Не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со претседателот на Беса, Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање за новите скандали...

Македонија19 часа

Комисијата утре ќе расправа за имунитетот на Вељаноски

За утре е закажана седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која теба да се разгледа барањето за...

Македонија20 часа

(Видео) Заев: Изјавата на Мицкоски е забегана работа, ќе се консултирам дали да го тужам

Премиерот Заев најави дека ќе разговара со својот адвокатски тим дали да поведе тужба против Мицкоски во однос на вчерашната...

Топ20 часа

Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов

Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално,...

Македонија20 часа

Касами: Сакаме кандидат кој нема за едни да биде мајка, а за други маќеа

По средбата со Зоран Заев, лидерот на Беса, Биљал Касами, изјави дека за нив како партија пред изборите во игра...

Досие