Спорт
Ферари најбрз на двата тренинга во Спа!
Кими Раиконен го постави најдоброто време на вториот тренинг пред Белгиското ГП овој викенд, победувајќи го светскиот шампион Луис Хамилтон за 0.168 секунди и потврдувајќи ја доминацијата на Ферари во Спа, откако во првата сесија најбрз беше неговиот к…


Кими Раиконен го постави најдоброто време на вториот тренинг пред белгиското ГП овој викенд победувајќи го светскиот шампион Луис Хамилтон за 0,168 секунди и потврдувајќи ја доминацијата на Ферари во Спа кога во првата сесија најбрз беше неговиот колега Себастијан Фетел.
Хамилтон имаше предност со Мерцедес во првата половина од сесијата со најдобро време од 1:44.369 на средни гуми, но ова беше само 0,031 секуни побрзо од Раиконен по што Финецот беше побрз кога се симулираа квалификациските возење.
Раиконен на супер меки гуми постави круг од 1:43.555, време што не беше достигнато и зад него останаа Хамилтон и Валтери Ботас во Мерцедес. Фетел мораше да се откаже од обидот да постави најдобро време во последен час кога направи грешка во 14-тата кривина за на крајот да заврши како петти зад Макс Ферстапен во Ред бул.
Даниел Рикардо беше шести најбрз пред Серхио Перез (за новиот Рејсинг Поинт Форс Индија), пред Карлос Саинс (Рено), Маркус Ериксон (Заубер) и Шарл Леклер (Заубер).
A good day at the office for @ScuderiaFerrari as Kimi takes top spot in FP2 ?#BelgianGP ?? #F1 pic.twitter.com/xCwn2LugFY
— Formula 1 (@F1) August 24, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ајакс го купи најдобриот дефанзивец од мексиканската лига

Мексиканскиот репрезентативец Хорхе Санчез е нов играч на Ајакс, потврди холандскиот клуб. Тој пристигна од Клуб Америка, а со „копјаниците“ потпиша четиригодишен договор.
Дека Ајакс донесе вистински ас во своите редови говори и податокот дека 24-годишниот дефанзивец минатата година беше избран во најдобриот тим на мексиканската лига.
Во дресот на репрезентацијата дебитираше во 2019 година, а една година подоцна со Мексико го освои бронзениот медал на Олимписките игри.
Тој помина четири сезони во Клуб Америка каде одигра 150 натпревари и постигна два гола.
Our new number ????????! ????
???? Who needs one?!
— AFC Ajax (@AFCAjax) August 10, 2022
Спорт
Флорентино Перез: „Златната топка“ е за Бензема, убаво е Барса да биде силна

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез искажа задоволство од најновиот трофеј на „кралскиот клуб“. Синоќа тимот на Карло Анчелоти го освои Суперкупот на Европа со победата од 2:0 над Ајнтрахт Франкфурт.
„Лани имавме успешна сезона и овој Суперкуп многу не радува затоа што може да биде најава за нови успеси во сезоната што е на прагот. Анчелоти одлично го води тимот и новата сезона ја започнуваме со оптимизам. Бензема е незапирлив и нема сомнение дека ја заслужи Златната топка“, изјави Флорентино Перез.
Претседателот на „кралскиот клуб“ имаше убави зборови и за големиот ривал Барселона.
„Барселона е еден од најважните клубови во светот и важно е да се врати на своето ниво. Тоа ќе биде добро за сите, за целиот светски фудбал“, изјави првиот човек на Реал Мадрид.
Спорт
КК Пелистер го доведе Американецот Рајл Овенс

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер го договори првото странско засилување за новата сезона. Нов член на клубот е Американецот Рајл Овенс. Станува збор за 25-годишен американски бек, кој доаѓа од Грузија. Минатата сезона имал просек од 14,3 поени, 4,4 скока и 2,2 асистенции.
Пред Овенс раководството клубот ги договори домашните кошаркари Двојаковски, Јовановски и Ристевски.
Битолскиот тим оваа сезона ќе настапува и во втората по ранг конкуренција во АБА.