Контакт

Спорт

Фетел нема никаков директен контакт со Луис Хамилтон

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел признава дека нема никаков „директен контакт“ со својот најголем ривал, светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон и дека единствено се сретнуваат накратко на прес-конференциите и на подиумите по трките.
Фетел и Ха…

Објавено пред

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, признава дека нема никаков директен контакт со својот најголем ривал, светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон, и дека единствено се сретнуваат кратко на прес-конференциите и на подиумите по трките.

Фетел и Хамилтон последните две сезони се главните конкуренти за титулата, но и оваа година исто како лани, Британецот се одвои по летната пауза, а му помогнаа и стратешките грешки на Ферари и грешките на Фетел на патеката за да е многу блиску до петтата титула.

Иако се веруваше дека двајцата не се ривали и надвор од патеката, Фетел објаснува дека тие не се ниту пријатели бидејќи имаат малку контакт, освен на професионално поле, така што менталните игри се бесцелни.

„Ако се видиме, тоа е кратко на прес-конференција или со малку среќа на подиумот. Немаме директен контакт. Зборовите како ’немаш мадиња’ или ’денеска беше срање’ веќе не се можни бидејќи секој збор се мери детаљно“, објаснува Фетел.

По критиките, посебно од Италија по уште една неуспешна сезона за Скудерија, Фетел вели дека е важно да се блокираат негативните коментари и дека со тоа се справува со помислата зошто почнал со тркањето.

„Секако, притисокот не е забавен. Но, не постои секогаш, како што мислат луѓето надвор од Ф1. Искрено, возиш за себе и за тие што ти помогнале да бидеш тука. Ми помага еден принцип – никој не е толку добар ниту толку лош како што велат. Секогаш сакам да се потсетам на тоа што ме донесе во тркањето – ентузијазмот и радоста што се тркаш“, додава Фетел.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ракометарите на мегдан со Шпанија

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе игра против Шпанија, во претпоследното коло во Б-групата, на Светското првенство. Овој и утрешниот дуел со Исланд ќе го даде одговорот на прашањето дали Македонија ќе ги продолжи натпреварите во вто…

Објавено пред

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе игра против Шпанија, во претпоследното коло во Б-групата на Светското првенство. Овој и утрешниот дуел со Исланд ќе го даде одговорот на прашањето дали Македонија ќе ги продолжи натпреварите во втората фаза.

foto: epa

Шпанија и Хрватска досега имаат по три победи и ја предводат табелата во Б-групата, а Македонија по стартните две победи над Јапонија и Бахреин, забележа пораз од Хрватска.

Квалитетот и традицијата секако се на страната на Шпанија. Македонија никогаш не ја победила „црвената фурија“ во досегашните шест меѓусебни пресметки. Со актуелните европски шампиони македонските ракометари играа на последните две големи натпреварувања, лани на ЕП и во 2017 на СП.

foto: epa

Најавите од нашиот табор се дека нема да има калкулации на дуелот со Шпанија. Доколку противникот понуди шанса, ракометарите се подготвени да ја искористат. Шпанија игра добро на овој турнир, но факт е дека пред два дена се мачеа за да ги освојат бодовите против Јапонија.

Дуелот во Минхен ќе почне во 20.30 часот.

https://topsport.mk/wp-admin/post.php?post=59774&action=edit

Прикажи повеќе...

Спорт

Австралија опен: Поминаа Стивенс и Вознијацки, испаднаа Бертенс и Контавеит

Втората и петтата носителка Каролин Вознијацки и Слоун Стивенс, лесно ја минаа втората рунда на Австралија опен, која донесе елиминација на деветтата и 20. носителка Кики Бертенс и Анет Контевеит.
Вознијацки за само 67 минути игра успеа да ја победи со…

Објавено пред

Втората и петтата носителка, Каролин Вознијацки и Слоун Стивенс, лесно ја минаа втората рунда на Австралија опен, која донесе елиминација на деветтата и на 20. носителка, Кики Бертенс и Анет Контевеит.

Вознијацки за само 67 минути игра успеа да ја победи со 2.0 (6/1, 6/3) Швеѓанката Јохана Ларсон. Третата рунда може да донесе вистинско дерби на женскиот дел од турнирот бидејќи можен е дуел на Вознијацки и Шарапова доколку Русинката ја мине Ребека Петерсон.

foto: epa

Американката Стивенс за 90 минути игра ја совлада Унгарката Тимеа Бабош со 6/3, 6/1. Интересно, иако во првиот сет беа одиграни само девет гема, тој траеше 83 минути.

Стивенс во наредната фаза за противник ќе ја има Петра Мартиќ. Хрватката, која е 31. носителка во Мелбурн, ја победи Маркета Вондруѓова с 6/4, 7/5.

Кики Бертенс доживеа непријатно изненадување и го заврши настапот во второто коло. Подобра од Бертенс со 3/6, 6/3, 6/3 беше Анастасија Пављученкова.

Елиминација од носителките доживеа и Анет Контеваеит. Таа е поразена во два сета, 6/3, 6/3 од Алијаксандара Саснович од Белорусија.

Тежок пораз бидејќи доаѓа од 230. тенисерка на ВТА-листата претрпе Дона Векиќ од Хрватска. Векиќ загуби од домашната тенисерка Кимберли Берел со 4/6, 6/6, 1/6.

foto: epa
Прикажи повеќе...

Спорт

Дебакл на Денвер Нагетс, Вориорс се лидери на Западот (Видео)

Голден стејт Вориорс, прв пат од почетокот на сезоната се лидери во Западната конференција, во НБА лигата. Актуелните шампиони, во директната борба за првото место на табелата, ги декласираа досегашните лидери, Денвер Багетс со 142:111.
Вориорс во Денв…

Објавено пред

Голден стејт Вориорс, прв пат од почетокот на сезоната се лидери во Западната конференција, во НБА лигата. Актуелните шампиони, во директната борба за првото место на табелата, ги декласираа досегашните лидери, Денвер Багетс со 142:111.

Вориорс во Денвер го одиграа најдобриот меч од почетокот на сезоната. Стеф Кари и Клеј Томпсон само во првата четвртина постигнаа десет тројки, а по 12 минути шампионите постигнаа неверојатни 51 поени, што е апсолутен рекорд во лигата.

Нагетс тешко можеа да го следат ритамот на Вориорс. Кога шампионите ќе играат на вакво ниво не постои тим во НБА што можат да го следат нивниот ритам.Вориорс на крајот погодија 21 тројка од 39 обиди, а имаа 38 асистенции.

Клеј Томпсон и Стеф Кари постигнаа по 31 поен, а Кевин Дурент застана на бројката од 27 поени.

Кај Денвер се истакнаа Џамал Мареј со 22 поени, односно Никола Јокиќ со 17 поени, 4 скока и 8 асистенции.

Вориорс се први на Западот со 30 победи и 14 порази, а Денвер се втори со една победа помалку.

Резултати:

Индијана Пејсерс-Феникс Санс 131:97
Филадлефија ’76-Минесота Тимбервулвс 149-107
Атланта Хокс-Оклахома Тандер 142:126
Милвоки Бакс-Мајами Хит 124:86
Денвер Нагетс-Голден стејт Вориорс 111:142
ЛА Лејкерс-Чикаго Булс 107:100

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија55 минути

Братот на Заев, Вице, го тужи Александар Николовски за клевета

Во Основниот суд Скопје 2 се одржа подготвителното рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев,...

Регион2 часа

Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ

Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Плешевица, се сериозно повредени,...

Македонија2 часа

Путин: Постои надворешен притисок за зачленувањето на Македонија во НАТО

Кога станува збор за ситуацијата на Балканот, тогаш може да се каже дека тука сериозен дестабилизирачки фактор претставува политиката на...

Регион2 часа

Романија ја претстави програмата за претседавање со ЕУ

Романската премиерка, Виорика Данчила, вчера пред Европскиот парламент ги презентира приоритетите на романското претседателство со Европската Унија. „Првата фаза ќе...

Вести2 часа

Грчкиот парламент ќе гласа недоверба на владата на Алексис Ципрас

Денеска во грчкиот парламент продолжува седницата на чиј дневен ред е една точка – недоверба на владата на Алексис Ципрас....

Македонија2 часа

Владата една и пол година ги слави празниците на Груевски, Законот за празниците нечепнат

Владата една и пол година ја разгледува можноста за укинување дел од неработните денови и измена на Законот за празниците,...

Свет3 часа

Британскиот парламент ќе гласа за недоверба на владата на Меј

Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се соочи со гласање за недоверба, еден ден откако парламентот го отфрли нејзиниот...

Свет3 часа

Помпео: Иранските ракети за сателити се закана за Европа и Блискиот Исток  

Неуспешниот обид на Иран да ландира сателит во орбитата со трифазна ракета покажува дека намерата на Исламиската Република е да...

Свет4 часа

Американскиот  Стејт департмент: Американските граѓани во странство се цел на терористите од ИД и Ал Каеда

Американскиот Стејт департмент во својата најнова серија совет и препораки за своите граѓани низ светот предупреди дека американските граѓани се...

Свет5 часа

Отава побара од Пекинг помилување за канадскиот државјанин осуден на смрт

Канадскиот министер за надворешни работи, Кристија Фриленд, во вторникот информираше дека Отава официјално побарала од Пекинг да го поштеди животот...

Свет15 часа

Тереза Меј доживеа голем пораз, парламентот го одби нејзиниот предлог за брегзит

Британските пратеници вечерва гласаа против предлогот на премиерката Тереза Меј за договор за излез на Велика Британија од Европската Унија,...

Регион16 часа

Девојче од БиХ почина од сепса предизвикана од сипаници

Деветгодишно девојче од Читлук во Босна и Херцеговина починала во неделата во болница во Задар, откако настанале компликации за време...

Регион16 часа

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските...

Свет17 часа

(Видео) Најмалку петмина убиени во нападот на хотелски комплекс во Најроби

Најмалку пет луѓе се убиени, а четворица се повредени во напад на луксузен хотелски комплекс во Најроби, кој полицијата го...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче бара максимална казна за „Македонијалек“ за техничката грешка со декларацијата на МРП-вакцините

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска изјави дека е завршен увидот на инспекторите од МАЛМЕД во сите места каде што...

Истражувања20 часа

(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици

Цигари, влажни марамчиња, мирисливи свеќи, калап за печење мафини, решо, дрвени лажици, чајник, се дел од работите што Општина Арачиново...

Култура21 час

Министерството за култура унапредува по етничка основа, а брка реномирани советници

На почетокот на годината Министерството за култура унапреди 20 службеници во разни сектори, а се поздрави со советникот и креатор...

Македонија22 часа

(Видео) Претседателските избори ќе се одржат на 21 април, а ќе има и локални во 3 општини

Поради Велигден, за една недела ќе се помести првичната идеја за одржување на претседателските избори на 14 април. Според процените...

Македонија22 часа

(Видео) Џафери: Не чувствувам одговорност, постапив во согласност со надлежностите

Вчера, во својство на претседател на Собранието, во согласност со моите надлежности, потпишав два указа и ги испратив во „Службен...

Вести23 часа

Каменос: Ќе сторам сè актуелната влада да не добие поддршка

Ќе ги искористам сите расположливи механизми што ми се на располагање сегашната влада да не добие поддршка за договорот од...

Досие