Контакт

Меѓународен

Фудбалот се враќа во својата татковина

Објавено пред

Годинешното Европско првенство во фудбал, кое ќе се оддржи од 11 јуни до 11 јули, по многу што ќе биде единствено првенство во однос на претходните. Најкрарактеристично е бројот на учесници – дури 24 репрезентации, и првпат во 60-годишната традиција на организирања на првенствата домаќини ќе бидат дури 12 града. Тоа се: Амстердам, Баку, Севиља, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов, Лондон, Минхен, Рим и Санк Петербург. Нефудбалски куризотет е што првенството ќе се одржува во 2021 година, меѓутоа ќе се вика Еуро 2020. Причината е позната – поради пандемијата на Ковид, шампионатот е одложен за една година.

Без потценување на другите групи и репрезентации, се чини дека најинтересно ќе биде во Лондон. Најпрвин во групните натпреварувања, ова е групата Д, за која важи епитетот повеќе од фудбал. Ривалството на репрезентациите првин се гледа во главниот конкурент на домаќинот Англија за освојување на првото место во групата, а тоа е светскиот вицешампион Хрватска. Овие две репрезентации имаат повеќегодишна традиција на меѓусебни ривалства, понекогаш со многу шокантни резултати. Вкупно имаат одиграно 10 меча, од кои во три победник била Хрватска, два завршиле нерешено, а во пет меча победила Англија. Највисоки победи остварила Англија во квалификациите за Светското првенство во 2008 година победувајќи 4-1 и во 2009 со 5-1. Хрватска се реванширала на последното Светско првенство во фудбал во Русија победувајќи со 2-1, како и во кваификацииите за Европското првенство во 2006 година кога победила со 2-0.

Дополнителна фудбалски, но и вонфудбалски шарм на оваа група ѝ дава пласманот на репрезентацијата на Шкотска. Поголемо меѓусебно ривалство на Шкотска со Англија и Хрватска нема традиција бидејќи тоа се репрезентации од разни барабани според квалитет, меѓутоа политичките констелации, кои се надвиснати над британскиот остров, најавуваат дека натпреварот помеѓу Англија и Шкотска ќе претставува повеќе од игра. По парламентарните избори на 6 мај во Шкотска, на кои победи Шкотската национална партија и најавата за втор референдум за независност, на кој централната влада во Лондон се спротивставува и најавува дека нема да го дозволи, овој меч добива и вонфудбалски конотации. Доколку организаторот имаше мало опуштање по елиминацијата на Србија и пропуштената можност да се сретне со Хрватска на „Вембли“, полоша замена за тој натпревар од натпреварот помеѓу Шкотска и Англија не можела да замисли.

Во групата најрастоварена од вонфудбалски мотиви за игра е Чешка, што можеби е и предност за оваа репрезентација да прикаже добар фудбал и да стигне до самата завршница, особено ако се знае историјатот на Чешката фудбалска репрезентација, која отсекогаш била поуспешна на европските првенства отколку на светските. Така, во 1996 година, и тогаш играјќи во Англија на ЕП, Чесите играле во финалето, кое го загубиле од Германија со 2-1. Во 2004 година, на првенството во Португалија, Чешка го освоила третото место победувајќи ја во малото финале Данска, а пред тоа Германија и Холандија. Ваквите резултати ја прават Чешка фаворит од сенка во групата, но и на целото првенство.

Дополнителна фудбалска магија на оваа група ѝ го дава и местото каде што ќе се играат повеќето натпревари. Тоа е колепката на светскиот фудбал – стадионот „Вембли“. Овој стадион со капацитет од 90.000 седишта е комплетно реновиран во 2007 година и е седиште за англискиот национален тим. Освен групните натпревари, на овој стадион ќе се играат и полуфиналните натпревари, како и финалето на 11 јули, кое ќе биде и второ финале на „Вембли“ по она во 1996 година. За разлика од другите светски стадиони, кои го предаваат победничкиот трофеј на самиот терен, на „Вембли“ се предава пехарот во т.н. кралска кутија (Royal Box) на средината на северниот дел.

Фасцинантниот полукружен лак на стадионот „Вембли“ е најдолгиот и единствен покрив над покрив на светот, со висина од 315 метри над стадионот. Куриозитет е што финалето на „Вембли“ ќе се игра в недела, на 11 јули, во 20 часот, истиот ден, само пет часа подоцна кога традиционално се игра и машкото финале на тенискиот турнир Вимблдон. Бидејќи Англичаните многу држат до традицијата, уште од сега е јасно дека никакво поместување на термините нема да има.

„Топ спорт“ и „Макфакс“ планираат да имаат свој известувач од овие два врвни спортски настана.

25.5.2021, од Лондон Ненад Живановски



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Свет1 минута

Украина достави предлози за завршување на војната до САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина доставила предлози за план за завршување на војната со Москва до американските преговарачи...

Култура5 минути

Велес во знакот на деветтата уметност: Најавена 8. Меѓународна стрип колонија со моќна балканска женска уметничка соработка

Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во...

Македонија7 минути

Без струја делови од Карпош и Петровец

Без струја денеска ќе останат делови од општините. Карпош и Петровец. „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден...

Култура9 минути

Несекојдневно уживање на „Охридско лето“ – Созовска и Костов го доловија сиот раскош на барокот

Камерното музицирање на виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вчеравечер беше несекојдневен настан на „Охридско лето“. Врвните уметници, оваа...

Култура12 минути

Пијано вечер на „Охридско лето“ со кинескиот уметник Сихенг Сонг

Во црквата „Света Софија“ вечерва од 21 часот целовечерен концерт на „Охридско лето“ ќе одржи кинескиот пијанист Сихенг Сонг. Сонг...

Спорт9 часа

Ван Гал сака да биде селектор на Холандија

Славниот холандски тренер Луј ван Гал повторно би можел да стане кандидат за функцијата селектор на холандската репрезентација. Искусниот стручњак...

Спорт9 часа

Монако го раскина договорот со Погба

Монако го раскина договорот со Пол Погба, објавува „Ле Паризиен“. Светскиот шампион со Франција во 2018 година минува низ бројни...

Спорт9 часа

(Видео) „Делиите“ ги избркаа играчите на Црвена звезда во соблекувалната

Црвена звезда доживеа дебакл против Хапоел Бер Шева и остана без Лигата на шампионите. Навивачите тешко ја поднесоа елиминацијата. По...

Забава10 часа

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез

Кристијано Роналдо (41) се ожени со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез (32). Португалската фудбалска ѕвезда и манекенката се венчаа на...