Контакт

Спорт

Халеп повторно подобра од Стивенс за канадската титула

Во еден од најдобрите мечеви на ВТА турнејата оваа сезона, Симона Халеп ја совлада Слоун Стивенс со 7:6(6)/3:6/6:4 во финалето на Роџерс купот во Монтреал, за реприза од финалето на Ролан Гарос, каде што Романката преку Американката стигна до својата п…

Објавено пред

Во еден од најдобрите мечеви на ВТА турнејата оваа сезона, Симона Халеп ја совлада Слоун Стивенс со 7:6(6)/3:6/6:4 во финалето на Роџерс купот во Монтреал, за реприза од финалето на Ролан Гарос, каде што Романката преку Американката стигна до својата прва гренд слем титула.

Светската тенисерка број 1, Халеп секогаш играла одлично во Монтреал, каде што во 2015 година загуби во финалето, а во 2016 година беше шампионка, а против САД опен шампионката Стивенс одигра еден неверојатен меч, одбележан со првиот сет во кој Халеп освои 52 поени, а Стивенс 50.

Вториот сет започна со три брејка на сервис, и нивото на играта падна по неверојатниот тај-брејк, но Стивенс успеа да се соземе прва и да направи брејк за 3:1, по што го освои сетот. Романката не дозволи изненадување во третиот сет, правејќи веднаш брејк, по што Американката не успеа да ја наметне својата игра.

Ова е неверојатна 42. победа за Халеп оваа сезона и трета титула. Таа останува на првото место на ВТА листата и од понеделник.

Спорт

Кими и Ферстапен ја одложија промоцијата на Хамилтон

Возачот на Ферари Кими Раиконен победи на трката за Големата награда на САД. Финецот и второ пласиранот Макс Ферстапен од Ред Бул ја одложија промоцијата на Луис Хамилтон во старо-нов светски првак. Победата на Раиконен е прва за Ферари уште од трката …

Објавено пред

Возачот на Ферари Кими Раиконен победи на трката за Големата награда на САД. Финецот и второ пласиранот Макс Ферстапен од Ред Бул ја одложија промоцијата на Луис Хамилтон во старо-нов светски првак. Победата на Раиконен е прва за Ферари уште од трката за Големата награда на Белгија.

Раиконен стартуваше од втората позиција, но уште во првиот свиок го мина Хамилтон, го презеде првото место на кое се задржа до крајот. Победата на петката во Остин е прва по 113 трки за Раиконен. Претходно тој победи на трката во Австралија во 2013 година. Исто така со оваа победа Раиконен стана најуспешниот Финец во историјата на Формула 1. Тој сега има 21 победа, една повеќе од поранешниот светски првак Мика Хакинен.

Второто место му припадна на возачот на денот, Макс Ферстапен. Младиот Холанѓанец, поради проблемите во квалификациите, стартуваше од 18.место, а на крајот заврши како втор. На два круга до крајот Ферстапен успеа да се одбрани од нападите на Хамилтон.

Актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон, поради стратегијата, остана без подобар пласман. Единствен од водечките два пати ги менуваше гумите.

Зад најдобрите тројца трката ја заврши Себастијан Фетел. Германецот имаше пех во првиот круг кога по контактот со Даниел Рикардо од петтата падна на 12.позиција, а во последниот круг успеа да го мине возачот на Мерцедес Валтери Ботас.

Бодови во Остин освоија уште Хулкенберг, Саинц, Окон, Магнусен, Перез.

Хамилтон по трката во Тексас има 346 бода и во последните три трки влегува со 70 бода повеќе од Фетел. Кај конструкторите Мерцедес води со 563 бода, додека Ферари има 497.

Наредната трка се вози за една недела во Мексико сити.

Прикажи повеќе...

Спорт

Емре Џан има здравствени проблеми

Играчот на Јувентус, Емре Џан, го пропуштил денешниот тренинг поради здравствени проблеми. Клубот соопшти дека играчот од редот за врска не тренирал поради проблемите си тироидната жлезда.
Медицинскиот тим на Јувентус детално ќе ја следи ситуацијата со…

Објавено пред

Играчот на Јувентус, Емре Џан, го пропуштил денешниот тренинг поради здравствени проблеми. Клубот соопшти дека играчот од редот за врска не тренирал поради проблемите си тироидната жлезда.

Медицинскиот тим на Јувентус детално ќе ја следи ситуацијата со германскиот репрезентативец. Не е исклучено дека тој ќе мора да замине и на операција.

Ова значи дека Емре Џан нема да конкурира во тимот на натпреварот со Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите. Јувентус и Манчестер јунајтед ќе играат во вторник на „Олд Трафорд“.

Прикажи повеќе...

Спорт

Спорен гол, победа на Шкендија и прв пораз за Вардар

Лидерот Вардар, во десеттото коло го доживеа првиот пораз во првенството. Црвено-црните, во дербито на колото се поразени од актуелните шампиони Шкендија со 2:0. Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“, уште долго време ќе биде предмет на полемики …

Објавено пред

Лидерот Вардар, во десеттото коло го доживеа првиот пораз во првенството. Црвено-црните, во дербито на колото се поразени од актуелните шампиони Шкендија со 2:0. Пресметката на стадионот „Борис Трајковски“, уште долго време ќе биде предмет на полемики и коментари поради спорниот гол на Емини со кој Шкендија го отвори резултатот.

Шкендија одигра подобар меч од лидерот на табелата, голманот на Вардар, Гачевски, успеа да одбрани во три зицер ситуации, а Ибраими успеа да го погоди дирекот, меѓутоа прашање е како ќе завршеше дуелот, доколку екипата од Тетово не стигнеше до предност во 45.минута со фантомскиот гол на Емини.

Долго време ќе се полемизира за овој гол, иако впечатокот е дека топката не ја мина со целиот обем. Упте на полувреме од Вардар на „Фејсбук“ реагираа во врска со овој гол.

Во самиот финишот на мечот, во претпоследната минута, Ибраими само го потврди триумфот на Шкендија.

Со оваа победа Шкендија му се доближи на Вардар на четири бода.

Резултати, 10.Коло:

Вардар-Шкендија 0:2
Ренова-Работнички 0:2
Македонија ЃП-Академија Пандев 1:0
Беласица-Победа 2:1
Шкупи-Силекс 2:0

Табела: 1. Вардар 23 бода, 2. Шкендија 19, 3. Академија Пандев 16, 4. Работнички 14, 5. Ренова 11, 6. Победа 11, 7. Македонија ЃП 10, 8. Беласица 10, 9. Шкупи 9, 10. Силекс 7.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Лондон, Париз и Берлин порачаа: Ријад да ги докаже тврдењата за смртта на Кашоги

Саудиска Арабија мора да приложи докази за нејзиното објаснување, во врска со убиството на новинарот Џамал Кашоги, порачаа Велика Британија,...

Македонија6 часа

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија7 часа

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион8 часа

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија10 часа

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија12 часа

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет12 часа

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија13 часа

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Македонија14 часа

Звиздиќ со честитка до Заев: Сакам вашата одлука да ја зајакне европската перспектива на целиот Западен Балкан

Претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ испрати честитка до македонскиот премиер Зоран Заев за изгласувањето...

Македонија1 ден

Стејт департмент: Ова е историска шанса за Македонија и регионот

Стејт департментот ја поздрави одлуката на Собранието, со која Македонија треба да ги започне уставните измени и имплементација на Спогодбата...

Македонија1 ден

Кривична пријава за говор на омраза и загрозување на сигурноста на пратеници во Собранието

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе известување за...

Македонија1 ден

„Катимерини“: Наскоро нов конфликт во грчката Влада поради Македонија

Само три дена по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас и предупредувањето на премиерот, Алексис Ципрас дека нема...

Македонија1 ден

(Видео) Ципрас: Гласањето во Собранието отвора пат за договор меѓу Грција и Македонија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека усвојувањето на предлогот за уставни измени од страна на македонскиот Парламент отвора пат за...

Македонија1 ден

Коѕијас: Среќен сум за одлуката на Скопје, тврдењата за тајни фондови се одвратни

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, кој пред неколку дена поднесе оставка од функцијата изјави дека е среќен поради...

Македонија1 ден

Нимиц со порака до политичките лидери: Работете заедно за финализирање на договорот

Метју Нимиц, македонско-грчкиот посредник во спорот за името ја поздрави одлуката на парламентот да продолжи со промена на Уставот кон...

Македонија1 ден

Тачи: Македонија направи голем чекор кон зајакнување на мирот во регионот

Македонија е чекор поблиску до ЕУ и НАТО, откако беа обезбедени потребните гласови за измена на Уставот, отворајќи го патот...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Достоинството на Македонија беше ставено на тезга како пиперки и домати

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието беше срам каков што светот не видел, оценува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. Опозицијата...

Македонија2 дена

Димитров на „Фејсбук“: Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме, ама го знаеме патот

Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот, напиша министерот за надворешни работи, Никола Димитров на...

Македонија2 дена

Столтенберг на „Твитер“: Лидерите да ги завршат процедурите за Македонија да влезе во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, преку социјалната мрежа „Твитер“ го поздрави изгласувањето на одлуката за пристапување кон уставните измени...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски ги исклучи од партијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што гласаа за уставните измени

ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците од своите редови што вечерва гласаа за уставните измени – Елизабета Канческа-Милевска, Емилија Александрова, Нола Исмајловска,...

Досие