Спорт
Халеп се повлече од турнирот во Сингапур
Најдобрата тенисерка на ВТА листата, Симона Халеп, поради повредата на грбот, објави дека нема да учествува на завршниот мастерс во Сингапур.
Романката се повреди минатиот месец на турнирот во Вухан, а прегледите покажале дека станува збор за дискус хе…


Најдобрата тенисерка на ВТА листата, Симона Халеп, поради повредата на грбот, објави дека нема да учествува на завршниот мастерс во Сингапур.
Романката се повреди минатиот месец на турнирот во Вухан, а прегледите покажале дека станува збор за дискус хернија.

Денес таа соопшти дека го откажала учеството на завршниот местерс во Сингапур. На најзино место ќе настапи Холанѓанката Кики Бертенс.
„Донесов тешка одлука. Никогаш не е лесно да донесете ваква одлука. Мислам дека прв пат во животот го откажав учеството на некој турнир, но здравјето е пред се. Дарен (Кејхил, нејзиниот тренер) целосно ја поддржа мојата одлука. Не сум тренирале четири недели, воопшто не сум подготвена“, рекла Халеп.
Турнирот во Сингапур започнува в понеделник, а ќе играат најдобрите во сезоната: Кербер, Осака, Квитова, Вознијацки, Стивенс, Свитолина, Плишкова и Бертенс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Даниел Малдини даде гол за Милан, тато го гледаше од трибините (видео)

Синот на Паоло Малдини, 17-годишниот Даниел даде гол за младинскиот тим на Милан (Примавера), додека неговиот татко, сега спортски директор на клубот го следеше од трибините.
Со број 10 на грбот и играјќи напред, додека неговиот татко беше „шеф“ во одбраната, тинејџерот постигна убав гол, а неговиот татко збунето гледаше од трибините.
Даниел е најмлад син на Паоло и четврт Малдини кој играл за Милан – по неговиот татко, неговиот дедо Чезаре и неговиот постар брат Кристијан, кој сега игра во Серија Ц за тимот на Фано. 22-годишниот Кристијан Малдини немаше официјален настап за Милан и Даниел се надева дека нема да ја повтори оваа судбина, откако клубот наводно сака да му даде нов договор со што ќе го обврзе далеку од сегашниот краен рок во 2021 година.
Неодамна, Сер Алекс Фергусон изјави дека кога се обидел да го донесе Паоло во Манчестер јунајтед, неговиот татко, покојниот Чезаре му одговорил кратко: „Мојот дедо е Милан, мојот татко е Милан, јас сум Милан и мојот син е Милан. Заборави!“. Паоло Малдини играше три децении кај „росонерите“ и освои 26 трофеи со нив.
Спорт
Никој не се повредува како Вермален

Каталонскиот весник „Спорт“ во денешното издание носи една интересна анализа, која се однесува на бројот на повредите што во кариерата ги доживеал играчот на Барселона, Томас Вермален.
Статистиката на весникот покажува дека Вермален во досегашната кариера, поради повреди, пропуштил 240 натпревари.
Од моментот кога Белгиецот наполнил 20 години, па до денес, тој се соочил со 27 различни повреди. Прв пат тој бил повреден во февруари 2007 година, кога пропуштил десет натпревари.
Во дресот на Барселона, Вермален од 2014 година со денес пропуштил 104 натпревари, од 2009 до 2014 не настапил на 88 натпревари за Арсенал, во сезоната 2016/2017 поради повреда отсуствува на 17 натпревари додека бил член на Рома, а во Ајакс од 2003 до 2009 година не играл на 31 натпревар.
Вермален беше во тимот на Барселона во саботата против Валјадолид (1:0), а наредниот ден клубот објави дека тој ја обновил повредата на бутниот мускул, на десната нога.
Спорт
Ајнтрахт не добиле никаква понуда за Јовиќ

Спортскиот директор на Ајнтрахт од Франкфурт, Фреди Бобиќ, истакнал дека во клубот не пристигнала никаква понуда за Лука Јовиќ.
Бројни се шпекулациите, каде ќе ја продолжи кариерата српскиот репрезентативец, откако Ајнтрахт ќе го откупат неговиот договор од Бенфика.
Наводно најсериозни кандидати за неговиот потпис се шпанските великани Реал и Барселона.
Медиумите шпекулираат дека Јовиќ ги договорил личните услови со Барселона, а дека Реал биле подготвени да понудат повеќе пари за трансферот.
„Немаме никаква понуда, тоа е факт“, рекол Бобиќ за „Скај Спорт“.
Спортскиот директор на Ајнтрахт потврдил дека клубот ќе ја искористи опцијата за да го откупи договорот на Јовиќ од Бенфика.
„Една работа е јасна. Ние ќе ја искористиме можноста да го откупиме неговиот договор, а потоа ќе се обидеме да го натераме да остане кај нас. Тоа е нашата цел.Ќе видиме што ќе биде на крајот. Целата ова приказна ме тера да се смејам“, рекол Бобиќ.
Јовиќ со 14 гола сезонава е најдобар стрелец во Бундес лигата.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал