Контакт

Спорт

Холанѓаните ја зголемија мизеријата на германската репрезентација (видео)

Холандија стигна до 3:0 победа над Германија во дербито на вечерта во Лигата на нации на УЕФА за да ја зголеми кризата во „маншафт“ по фијаското на Мундијалот во Русија.
Дефанзивецот на Ливерпул, Дирк ван Дајк беше најснаодлив пред германскиот гол по к…

Објавено пред

Холандија стигна до 3:0 победа над Германија во дербито на вечерта во Лигата на нации на УЕФА за да ја зголеми кризата во „маншафт“ по фијаското на Мундијалот во Русија.

Дефанзивецот на Ливерпул, Дирк ван Дајк беше најснаодлив пред германскиот гол по корнер во 30. минута од мечот на „Јохан Кројф арената“ во Амстердам, пред Мемфис Депај и Вајналдум во финишот на лутото дерби да стават „сол на рана“.

За Холандија ова е прва конкурентна победа под новиот селектор Роналд Куман по поразот од Франција, додека Германците ја чекаат првата победа по испаѓањето во натпреварите по групи на СП во Русија.

Ирска и Данска одиграа досадно реми 0:0 кое им одговараше на „викинзите“, додека Бугарија се врати по лошото прво полувреме и негативата за 2:1 победа над Кипар за да ја преземе контролата на групата 3 во Лига Ц со три победи во три натпревари.

ЛИГА А, ГРУПА 1

Холандија – Германија 3:0

Табела: 1.Франција 4, 2.Холандија 3, 3.Германија 1

ЛИГА Б, ГРУПА 4

Ирска – Данска 0:0

Табела: 1.Данска 4, 2.Велс 3, 3.Ирска 1

ЛИГА Ц, ГРУПА 3

Бугарија – Кипар 2:1

Табела: 1.Бугарија 9, 2.Норвешка 6, 3.Кипар 3, 4.Словенија 0



Спорт

Родриго: Го имав Азар како позадина на телефонот!

Објавено пред

Новиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго Гоеш открива дека уште не му се верува дека ќе игра со белгискиот ас Еден Азар, бидејќи кога бил помлад го имал Белгиецот како фотографија на позадината на неговиот телефон.

18-годишниот Бразилец доаѓа од Сантош и е релативно непознат за љубителите на европскиот фудбал и во интервју за „Марка“ вели дека и покрај тоа што е импресиониран што ќе биде соиграч со фудбалери како Еден Азар ќе се обиде да се вклопи во тимот.

„Најголем идол ми е Азар. Тој е фудбалер кој секогаш сум го следел. Кога бев помлад тој ми беше на позадината на телефонот. Замислете, а сега ќе играм со него! Тука се и Карим Бензема и Винисуис Жуниор, двајца феноменални напаѓачи. Ќе бидам многу нервозен кога ќе се сретнам со Азар, но едвај чекам“, вели Родриго.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Објавено пред

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката да му се додели Светското првенство во фудбал во 2022 година на Катар.

Поранешниот капитен на француската репрезентација е приведен од страна на француската полиција како дел од истрагата во одлуките на ФИФА, особено доделувањата на СП на Русија во 2018 и на Катар во 2022 година.

63-годишниот Платини беше претседател на УЕФА од јануари 2007 до 2016 година кога самиот се повлече по добивањето суспензија од шест години за примање парични средства од ФИФА, тогаш под водство на контроверзниот Сеп Блатер. Оваа суспензија беше намалена на четири години и тој најави враќање во фудбалот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Камбекот на Нејмар во Барселона може да се изведе

Објавено пред

Барселона сериозно размислува да го врати Нејмар на „Камп ноу“ следната сезона и трансферот е сосема можен, тврди извор од каталонскиот клуб за ЕСПН.

Во Каталонија се свесни дека преговорите со Пари Сен-Жермен се поинакви од преговорите со другите клубови поради финансиската моќ на катарските сопственици. Според ЕСПН, не постои директен контакт со луѓето на Нејмар, но ако Бразилецот сака да се врати во клубот во кој помина четири сезони пред во 2017 да замине за рекордни 222 милиона евра, тогаш тешките преговори може да вродат со плод.

Една од главните причини зошто Барса планира да го врати во Каталонија е желбата на повеќето клучни фудбалери на клубот, во прв план Лионел Меси и Луис Суарез, со кои Нејмар е во постојан контакт.

„Франс фудбал“ минатата недела објави дека ПСЖ е подготвени да ги разгледа понудите, а претседателот на клубот, Насер Ал-Хелаифи, најави дека кој не сака да биде во тимот, може да разговара со него. Бразилскиот „Глобо еспорте“, пак, во понеделникот објави дека претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу, веќе контактирал со Нејмар и неговиот татко.

Според овој извор, Барселона дури би вклучиле тројца фудбалери во договорот – Иван Ракитиќ, Усман Дембеле и Самуел Умтити.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт2 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет2 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет3 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија3 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија4 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech6 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток18 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија18 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија22 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија1 ден

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија1 ден

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски1 ден

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион1 ден

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести2 дена

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија2 дена

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт2 дена

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести2 дена

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт2 дена

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Досие