Контакт

Меѓународен

Хрватска шахистка почина за време на партија шах

Објавено пред

Хрватската шахистка и повеќекратен првак Марина Зелиќ (71) починала од срцев удар за време на партија шах на меморијален турнир. За време на партијата ѝ се слошило, била повикана брза помош, но докторите не успеале да ја реанимираат.

Марина Зелиќ во 80-тите години трипати по ред беше првак во шах во Хрватска, а по осамостојувањето на земјата поради работни обврски ретко играла професионално.

Одиграла вкупно 73 прволигашки натпревари, а важела за солиден и цврст играч.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Меѓународен

Долгот на Фенербахче надминал 650 милиони долари

Објавено пред

Турскиот спортски клуб Фенербахче соопшти дека долгот на клубот изнесува над 650 милиони долари.

Менаџментот на Фенербахче одржа финансиска пленарна седница на својот матичен стадион „Улкер“, каде што соопшти дека долгот на клубот изнесува 661,6 милион долари.

Во 2017 долгот на спортскиот гигант изнесувал 767 милиони долари.

Според потпретседателот на клубот, Бурхан Карачам, порастот на странските валути наспроти падот на лирата негативно влијае на клубот.

Генерално, Фенербахче своите играчи ги исплаќа во странска валута.

Карачам вели дека дури и најмалата загуба во вреднсота на лирата наспроти странските валути претставува загуби од десетици милиони долари годишно.

Според Карачам, профитот на Фенербахче за 2018 година изнесува 311 милиони долари.

Основан во 1907 година во Истанбул, спортскиот клуб Фенербахче е еден од најголемите клубови во Турција и се натпреварува во повеќе спортови, како фудбал, кошарка и одбојка.

Фенербахче е еден од најпопуларните фудбалски клубови, како што и покажува бројот на фанови на нивниот инстаграм-профил (4,3 милиони), како и „Твитер“ (6,6 милиони).

 

Прикажи повеќе...

Меѓународен

(Видео) Карлос за „Фудбал за пријателство“: Ние немавме можности како оваа, вие треба да ја искористите

Објавено пред

Во Мадрид се одржа и форумот од проектот „Фудбал за пријателство“. Се обратија високи претставници на компанијата „Гаспром“ која ги организира настаните, но и видни личности од светот на фудбалот. Пред присутните, се обрати и бразилскиот фудбалер Роберто Карлос, кој го сподели своето исксутво пред младите фудбалери и новинари.

„Би сакал да почнам со благодарност до Газпром што ми овозможија да учествувам на овој прекрасен настан. Кога бев многу мал, во мое време, немавме многу можности да станеме фудбалери или новинари, а сега благодарение на Гаспром имате можности да ги вежбате двете нешта и тоа е одлично. Реченицата “Фудбал за пријателство” е многу влијателна, многу релевантна. Се надевам ќе уживате во форумот и ќе научите колку што можете за време на форумот. Исто така, сакам да им посакам среќа на нашите колеги од фудбалскиот клуб Барселона, бидејќи,  “Фудбал за пријателство” е всушност тоа. Се разбира, сите ние сме водени од возбудата на фудбалските мечеви, но истовремено мораме да го направиме тоа со многу голема почит и пријателство. Па, би сакал да им посакам многу среќа на нашите најбитни ривали од фудбалскиот клуб Барселона и Ви посакувам на сите одличен ден, одлична форма, многу продуктивност, преку која ќе можете да постигнете најмногу​“, рече Карлос.

Седмата сезона на програмата беше единствена по својата големина, бидејќи оваа година учествуваа 211 земји и региони од целиот свет, претставувајќи ги шестте континенти: Европа, Азија, Африка, Австралија и Океанија, Северна Америка и Јужна Америка. На Форумот учествуваа вкупно 1.500 деца придружувани од возрасни лица. Вкупниот број на учесници и гости достигна преку 5.000 присутни. Сите деца – учесници беа обединети со една единствена заедничка мисија: промовирање на човечковите вредности: пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест.

Од Мадрид за „Макфакс“, Кристијан Ландов

Прикажи повеќе...

Меѓународен

(Видеоанкета) Еуфоријата во Мадрид расте: Изненадување е враќањето на Ливерпул, но ќе победи Тотенхем

Објавено пред

Еуфоријата во Мадрид расне, а остана уште еден ден до големото финале од Лигата на шампионите каде силите ќе си ги одмерат тимовите на Ливерпул и Тотенхем. Неизвесно е кој ќе издвои победа, но поддржувачи од целиот свет ќе ги бодрат на стадинот во Мадрид. Низа настани се одвиваат пред почетокот на големото финале, од фестивали до спортски активности. Фан-клубови се поставени на неколку плоштади.

Градот се полни, најбројни се Англичаните, но доаѓаат фанови и од други држави, како Австралија, Франција, Холандија, Америка и други држави. Слободното време пред натпреварот го користи за посета на знаменитостите низ градот, но и за купување дресови и навивачки реквизити од официјалните продавници на УЕФА.

Навивачите на Ливерпул велат дека нивниот тим е без конкуренција, а играчите се неверојатно добри.

„Јас сум од Ливерпул и секогаш сум го поддржувал Ливерпул. За мечот в сабота, мислам 2:0 за Ливерпул. Причина – можат да продолжат одлично како и во текот на сезоната, за да можеме да прославувамe“, вели еден од фановите.

Низ улиците можат да се забележат и познати фудбалерски имиња. На плоштадот Плаза Мајор во Мадрид беше фудбалерот Фернандо Мориентес, кој се дружеше со фановите. Мориентес играше за Реал Мадрид, Монако, Ливерпул и Валенсија.

За некои од навивачите, изненадувачко е враќањето на Ливерпул по мечот со Барселона. Но и покрај ова, тие ќе го бодрат Тотенхем.

„Дојдов да го гледам финалето, ќе биде забавно да се гледа, убеден сум. Мислам дека Тотенхем ќе издвои победа. Ги сакам многу повеќе играчите, имаат многу подобра основа и подлабока поставеност, така што мислам дека ќе го добијат овој меч. Ќе биде неизвесно, но се надевам 3:2, со многу голови“, смета фанот на Тотенхем.

Мадрид овие денови е центар на фудбалскиот свет, а сите со нетрпение го очекуваат финалето од Лигата на шампионите. Мечот меѓу Ливерпул и Тотенхем ќе се игра в сабота од 21 часот на арената „Ванда Метрополитано“. Билетите се целосно распродадени, а оние кои не набавиле на време, купуваат од црниот пазар по високи цени кои достигнуваат до 10 илјади фунти.

Од Мадрид за „Макфакс“, Кристијан Ландов

Прикажи повеќе...

Најново

Крвав четврток6 часа

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија6 часа

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија10 часа

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија12 часа

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Македонија13 часа

Хан: Северна Македонија направи храбри компромиси, ЕУ губи ако не ја награди земјата

Политичкиот компромис на земјите од Западен Балкан треба да биде награден, изјави комесарот за проширување, Јоханес Хан, во пресрет на...

Економија13 часа

Објавен јавниот повик за бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето-износот од 22.000 денари е...

Бегството на Груевски14 часа

(Видео) Државата ќе бара екстрадиција на Груевски како организатор на 27 април

Државата ќе бара екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски, за настаните од 27 април 2017 година...

Регион15 часа

Јадранот се задушува во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести1 ден

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија1 ден

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт1 ден

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести1 ден

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт1 ден

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет1 ден

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ2 дена

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет2 дена

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет2 дена

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет2 дена

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет2 дена

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Досие