Контакт

Спорт

Хрватски лекар бил повикан да го спаси Шумахер со микрочипови во мозокот

Објавено пред

Неодамна француските медиуми објавија дека легендарниот возач на формула 1 Михаел Шумахер бил свесен и дека терапијата со матични клетки во Париз има позитивен резултат.

Порталот 24sata.hr ја пренесува приказната за истакнатиот хрватски неврохирург Дарко Куди, кој бил контактиран за да му помогне на славниот возач.

„Немаше директен контакт со семејството, но се слушнав со портпаролката на Шумахер. Слушнаа за мојата работа, не е тајна, тие методи беа воведени пред неколку години, бевме во Њујорк, целиот свет знае за нив. Не отидов да го погледнам Шумахер на крајот, не знам како е тој. Сè што слушнав, слушнав од медиумите. Јас навистина не сакам да шпекулирам, сè што знам е дека тие се определија за друга опција“, рече хрватскиот лекар.

Идејата на лекарот од Хрватска била да му помогне на Шумахер со микрочипови.

Сепак, кога станува збор за Шумахер, тој нема добра прогноза.

„Да речеме само дека шансите за закрепнување по шест години вегетација се минимални. Нешто требаше да се стори во првата година по несреќата, вака … тешко“, вели познатиот неврохирург.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Балотели се враќа кај „аѕурите“, ќе игра ли против Македонија?

Објавено пред

Италијанскиот селектор Роберто Манчини и официјално го врати Марио Балотели во репрезентацијата откако беше повикан меѓу 35-те фудбалери за интернационалната пауза.

31-годишниот Балотели, кој оваа сезона игра во турскиот Адана Демирспор, се враќа во репрезентацијата првпат од септември 2018 година кога одигра 62 минути при 1:1 ремито со Полска во Лигата на нациите.

Манчини со Балотели ќе се обиде да ја реши кризата во нападот за европските шампиони откако Чиро Имобиле и Андреа Белоти беа во слаба форма во последните квалификациски мечеви за Светското првенство. Македонија ќе гостува на Италија во првиот бараж-натпревар за пласман на мундијалот во Катар во март по што победникот ќе игра со подобриот од мечот Португалија – Турција.

Манчини и Балотели се познаваат многу добро откако работеа заедно во Интер и во Манчестер сити и иако има и големо пријателство, екцентричното однесување на Балотели честопати му пречеше на стратегот.

Прикажи повеќе...

Спорт

Шампионот од Џиро Диталија, Бернал, во болница со сериозни повреди!

Објавено пред

Колумбискиот велосипедист Еган Бернал, шампионот од Тур де Франс 2019 и од Џиро Диталија 2021, е во болница во престолнината Богота откога на тренинг се судрил со паркиран автобус, потврди неговиот тим Инеос.

„Еган Бернал е однесен во болницата по инцидентот на тренингот ова утро. Бернал тренира во близината на својот дом, за среќа, бил придружуван од медицинскиот тим на Инеос и е во стабилна состојба во болницата“, велат од тимот.

Според шпанска „Марка“, Бернал добил скршеница на коленото и на бутната коска. Бернал стана првиот Јужноамериканец со победа на Тур де Франс во 2019 година пред лани да ја освои својата втора голема трка во Италија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Милан го носи талентот на Звезда, Лазетиќ

Објавено пред

Директорот на Црвена звезда, Звездан Терзиќ, потврди дека клубот се согласил да му го продаде тинејџерот Марко Лазетиќ на Милан иако своја понуда дале и од Фиорентина.

„Росонерите“ ќе го добијат 18-годишниот напаѓач за 5 милиони евра и сега останува само да се договорат условите со агентите на фудбалерот за трансферот.

„Имаше интерес од големи клубови за Лазетиќ – од Зенит, Салцбург, Фиорентина. Трансферот е знак дека работиме добро во последните години. Со овој трансфер ќе ги исплатиме големите инвестиции во младинскиот сектор, кој нѐ чини 3 милиони евра годишно“, изјави Терзиќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет55 минути

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија5 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија5 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа5 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија7 часа

(Видео) Митрески: Предвремени избори нема да има

За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има, ВМРО-ДПМНЕ прави театар изјави на денешната прес-конференција...

Македонија9 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија9 часа

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија9 часа

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија10 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет10 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија11 час

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет11 час

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија11 час

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет12 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет13 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет13 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија1 ден

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија1 ден

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет1 ден

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Досие