Контакт

Спорт

Челси и Ајнтрахт Франкфурт остануваат совршени во Лига Европа (видео)

Челси со голот на Оливие Жиру стигна до важна гостинска победа од 1:0 против БАТЕ Борисов во Белорусија, додека Ајнтрахт Франкфурт издржа за 2:3 победа на гости во Кипар кај Аполон за да го задржат стоотстотниот успех во Лига Европа по четири кола.
Оли…

Објавено пред

Челси со голот на Оливие Жиру стигна до важна гостинска победа од 1:0 против БАТЕ Борисов во Белорусија, а Ајнтрахт Франкфурт издржа за 2:3 победа на гости во Кипар кај Аполон за да го задржат стоотстотниот успех во Лига Европа по четири кола.

Оливие Жиру во 53. минута доби одлична топка од Емерсон за со глава да го совлада голманот на БАТЕ во студената Белорусија за Челси да има 12 поени по четири меча. МОЛ Види на македонскиот репрезентативец, Бобан Николов, пак, со 1:0 ги победи ПАОК во вториот меч од групата Л за унгарскиот тим да се искачи на второто место со шест поени.

Освојувачот на германскиот куп, Ајнтрахт Франкфурт, со 3:2 го совлада Аполон во Лимасол по водството со 0:3 за да остане на првото место во групата Х пред Лацио, кој со 2:1 го совлада Марсеј за двата клуба да го осигураат пласманот во наредната фаза.

Глазгов Ренџерс имаше 3:2 водство кај Спартак Москва во групата Г за да загуби со 4:3 и да ја комплицира ситуацијата во групата Г, каде што Рапид Виена одигра 0:0 со Вилјареал. Шпанскиот клуб останува прв со 6 поени, по пет имаат Ренџерс и Спартак, а и Рапид е во игра со 4 поени.

Фото: ЕПА

ЛИГА ЕВРОПА, 4. КОЛО

ГРУПА Г

Рапид Виена – Вилјареал 0:0

Спартак Москва – Глазгов Ренџерс 4:3

Табела: Вилјареал 6, Ренџерс 5, Спартак М 5, Рапид В. 4,

ГРУПА Х

Аполон – Ајнтрахт Франкфурт 2:3

Лацио – Марсеј 2:1

Табела: Ајнтрахт 12, Лацио 9, Марсеј 1, Аполон 1

ГРУПА И

Генк – Бешикташ 1:1

Малме – Сарпсборг 1:1

Табела: Генк 7, Сарпсборг 5, Малме 5, Бешикташ 4

ГРУПА Ј

Акхисар – Севилја 2:3

Краснодар – Стандард Лиеж 2:1

Табела: Севилја 9, Краснодар 9, Стандард Лиеж 6, Акхисар 0

ГРУПА К

Динамо Киев – Рен 3:1

Табела: Астана 8, Динамо К. 8, Рен 3, Јаблонец 2

ГРУПА Л

БАТЕ Борисов – Челси 0:1

МОЛ Види – ПАОК 1:0

Табела: Челси 12, МОЛ Види 6, ПАОК 3, БАТЕ 3

БАТЕ – ЧЕЛСИ

ЛАЦИО – МАРСЕЈ

АПОЛОН – АЈНТРАХТ

ВИДИ – ПАОК

АКХИСАР – СЕВИЛЈА

Спорт

„Црвените ѓаволи“ поставија нов рекорд во Премиер лигата

Објавено пред

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и против Астон вила ја продолжија серијата на успешни резултати. „Црвените ѓаволи“ имаат низа од 17 натпревари без пораз, на 12 од нив не примиле гол.

Со победата од 3:0 во дуелот со Астон вила, екипата на Оле Гунар Солскјер постави нов рекорд во Премиер лигата. Дуелот во Бирмингем беше четвртиот по ред што Јунајтед го доби со најмалку три гола разлика.

Сепак, прашање е како ќе се одвиваа работите доколку во 29. минута не добиеше подарок во вид на пенал. Дуелот на Конса и Бруно Фернандеш, во кој играчот на Јунајтед згазна на ногата на противникот, за судијата беше доволно да досуди пенал.

И покрај анализите дека Фернандеш бил играчот што направил прекршок, тренерот Солскјер смета дека одлуката на судијата била исправна, а својот фудбалер го споредил со легендите на светскиот фудбал.

„Доколку стартуваш врз мене, а јас во тој момент скокнам и слетам на твојата нога, мислам дека фаулот е за мене. Фернандеш направи пируета во стилот на Зидан или Марадона, слета врз противникот, мислам дека беше пенал“, рекол Солскјер.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мурињо: Само судијата не го виде пеналот врз Кејн

Објавено пред

Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо бил незадоволен од судењето на натпреварот во Бортнмут. Тотенхем одигра 0:0 против домаќинот, а Португалецот бил лут на судијата Мајкл Оливер бидејќи според него не досудил пенал за неговиот тим во петтата минута.

Судијата Пол Тирни ја чекаше одлуката на ВАР, но колегата од ВАР-собата Мајкл Оливер му сигнализирал дека немало прекршок за пенал.

„Истиот судија (Оливер) не оштети против Шефилд! Цел свет го виде ова, сите знаат дека беше пенал. Не мислам само јас така, тоа го мислат сите луѓе во светот“, беснеел Мурињо.

На крајот натпреварот заврши без голови, а Тотенхем остана на деветтото место на табелата. Во наредната рунда, на 12 јули Тотенхем ќе го пречека Арсенал.

Прикажи повеќе...

Спорт

Ибрахимовиќ заминува од Милан

Објавено пред

Златан Ибрахимовиќ открил дека ќе го напушти клубот. Ветеранот одлуката ја обрасложил со зборовите дека „клубот не е на нивото на кое тој очекувал дека ќе биде“. Ибрахимовиќ пред шест месеци се врати во Милан.

„Ибра секогаш игра за да освои нешто. Во спротивно тој останува дома. Во Милан ме донесоа емоциите, играм речиси бесплатно. Оваа ситуација со коронавирусот запре се, можеби тоа ми говори дека треба да ја завршам кариерата“, рекол Ибрахимовиќ за „Газета дело Спорт“.

„Ибрахимовиќ е роден да игра фудбал и тоа го прави добро. Видовме во овој два месеци како го прави тоа. Ќе видиме што ќе се случи. Искрено тешко дека ќе ме видите во Милан и наредната сезона“.

Поранешниот ас на Ајакс, Интер, Јувентус, Барселона блеснал и со констатацијата на новинарот дека Ралф Рагник ќе биде тренер наредната сезона наместо Стефано Пиоли.

„Кој е тиа? Јас не знам кој е тој човек“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ4 минути

Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Сопственик на продавница во Штип ветувал дека ќе им избрише долг на неколку лица, ако на изборите гласаат за СДСМ,...

Македонија1 час

Гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ, порача Оливер Спасовски од Тетовско

Граѓаните се сигурни со концептот Едно општество за сите, гласот за ДУИ е глас за ВМРО-ДПМНЕ и тие се опасност,...

Регион2 часа

(Видео) Солзавец и димни бомби на протестите во Грција

Грчката полиција синоќа употреби солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале пред Парламентот за да изразат незадоволство од...

Свет2 часа

СЗО: Итно е потребно понатамошно истражување за пренoс на коронавирусот преку воздухот

Светската здравствена организација (СЗО) објави нови насоки за коронавирусот, кои признаваат некои извештаи за пренесување на вирусот преку воздухот, но...

Македонија3 часа

Италија забрани влез за граѓани од Македонија и уште 12 земји

Италија ги затвори своите граници за 13 земји, вклучително и за Македонија, сметајќи ги за најризични места за ширење на...

Македонија4 часа

Хоспитализирани се 412 заразени лица во земјата

Во моментов низ болниците во земјава, хоспитализирани се 412 лица кои се позитивни на ковид-19. На Инфективната клиника вкупно се...

Македонија4 часа

Мицкоски: Се обврзуваме на минимална плата од 18.000 денари која ќе расте со просечната

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа посочи дека до крајот на мандатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата ќе стигне...

Македонија14 часа

(Интервју) Најчевска: Уставниот суд носи скандалозни одлуки

За скандалозните одлуки на Уставниот суд, довербата во институциите, за максималното почитување на човековите права, заложбите за истополови бракови, декриминализација...

Македонија15 часа

Заев најави укинување на министрите без ресор и отворање агенции и директорати

Ќе градиме уште поотчетна и потранспарентна влада која ќе работи за народот, за унапредување на правата на сите граѓани, порача...

Македонија17 часа

Бојан Јовановски пријави 40 функционери и бизнисмени: „Ќе ме спречат само ако посегнат по мојот живот“

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски преку писмо соопшти дека кривично ќе гони 40-ина функционери и бизнисмени порди злоупотреба на...

Македонија18 часа

Косово бара да се преиспита одлуката за влез во земјава со негативен тест

Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, побара од Македонија да ја преиспита одлуката за задолжителни тестови за влез на косовските...

Македонија19 часа

Турски државјани врзале чаршав и преку прозорец избегале од државен карантин во Скопје

Двајца државјани на Турција синоќа избегале од државен карантин во Скопје, со чаршав кој бил врзан како импровизирано јаже. Од...

Топ19 часа

Скопјанец ја нападнал со секира својата сопруга додека спиела, а потоа бил пронајден мртов

Шеесет и едногодишен маж од Скопско утрово со секира ја нападнал својата сопруга додека таа спиела во семејниот дом во...

Македонија20 часа

168 новозаразени и тројца починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.470 тестирања, а регистрирани се 168 нови случаи на...

Свет21 час

Директорот на СЗО предупредува: Се забрзува ширењето на вирусот

Пандемијата на коронавирусот сè уште забрзува, а повеќето земји и натаму не успеваат да ја стават под контрола, предупреди директорот...

Регион21 час

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како...

Регион23 часа

Без гушкање и бакнување, дозволен е само бакнеж на младенците – Хрватска воведува нови правила за свадби

Директорот на хрватскиот Институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, истакна дека свадбите нема да бидат забранети и откри кои ќе...

Свет1 ден

(Видео) „Победата дојде“ – во болницата во Бергамо нема пациенти со Ковид-19 во одделот за интензивна нега

Во болницата „Папата Јован“ во Бергамо, Италија, нема повеќе пациенти со коронавирус на одделот за интензивна нега, и тоа 137...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ1 ден

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово – Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе...

Досие