Контакт

Спорт

Ѓоковиќ го декласира Нишикори во полу-финалето на Ју-Ес Опен

Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на последниот гренд слем турнир во сезоната, Ју-Ес Опен. Србинот во полу-финалето, без поголеми проблеми го победи Кеи Нишикори со 6:3, 6:4, 6:2. Ѓоковиќ осми пат ќе игра финалето на Флешинг Медоуз, а негов противни…

Објавено пред

Новак Ѓоковиќ ќе се бори за трофејот на последниот гренд слем турнир во сезоната, Ју-Ес Опен. Србинот во полу-финалето, без поголеми проблеми го победи Кеи Нишикори со 6:3, 6:4, 6:2. Ѓоковиќ осми пат ќе игра финалето на Флешинг Медоуз, а негов противник ќе биде Хуан Мартин дел Потро.

Речиси два и пол часа траеше репризата на полу-финалето од 2014 година, со една разлика што во 2018 Нишикори немаше шанси против мотивираниот противник. Ѓоковиќ мечот го отвори со брејк, а потоа без проблеми успеа и да го реши првиот сет со 6:3.

foto: epa

Почетокот на вториот сет беше клучен за она како понатаму се одвиваше мечот. Првите два гема во овој сет траеја 25 минути. Двајцата пропуштија неколу топки за брејк, но ги сочуваа своите сервиси.

Ѓоковиќ и понатаму вршеше силен притисок на сервисот на противникот, а брејк направи во петтиот гем, потоа го потврди истиот и набргу го затвори сетот со 6:4.

Во последниот сет Нишикори се предаде, а Ѓоковиќ со два брејка стигна до триумф и пласман во финалето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Пикерот на Вардар успешно опериран: Ќе се вратам уште посилен! (фото)

Пикерот на ракометниот клуб Вардар, Бразилецот Рожерио Мораес вчера беше успешно опериран, му беше отстранет проблемот со коленото (интервенција на рскавицата) кој го мачеше подолг период.
Мораес денеска на Инстаграм сподели фотографија од него, со док…

Објавено пред

Пикерот на ракометниот клуб Вардар, Бразилецот Рожерио Мораес вчера беше успешно опериран, му беше отстранет проблемот со коленото (интервенција на рскавицата) кој го мачеше подолг период.

Мораес денеска на Инстаграм сподели фотографија од него, со докторскиот тим околу него, па порача дека наскоро ќе се врати уште посилен, по операцијата.

Првичните прогнози се дека рехабилитацијата ќе трае околу 8 седмици.

Ракометните вљубеници во земјава очекуваат Рожерио да биде целосно закрепнат за пролетниот дел од сезоната во СЕХА и во Лигата на шампиони.

Прикажи повеќе...

Спорт

Борусија има бек-генијалец, стоперот множи побрзо од калкулатор (видео)

Стоперот на Борусија Дортмунд, швајцарскиот репрезентативец Мануел Акањи (23) покажа неверојатен талент гостувајќи на тв емисија во Германија. Фудбалскиот бек без проблем множи двоцифрени броеви побрзо и од калкулаторот.
Множењето на младиот фудбалер е…

Објавено пред

Стоперот на Борусија Дортмунд, швајцарскиот репрезентативец Мануел Акањи (23) покажа неверојатен талент гостувајќи на тв емисија во Германија. Фудбалскиот бек без проблем множи двоцифрени броеви побрзо и од калкулаторот.

Множењето на младиот фудбалер е побрзо од што тв водителот го проверува точниот резултат на калкулатор.

„Над се е многу учење. Броевите почнаа да ме интересираат во училиште. Учителот организираше многу натпреварувања, воглавно на сите победував – вели Акањи.

Погледнете.

Прикажи повеќе...

Спорт

Нишикори се избламира, славеше над Федерер, па е декласиран од Андерсон

Од врвот до дното за само неколку часа. Ова му се случи на јапонскиот тенисер Кеи Нишикори кој денеска го доживеа најтешкиот пораз во кариерата. Нишикори во групата „Лејтон Хјуит“ на Мастерсот во Лондон беше буквално разбиен и понижен од Кевин Андерсон…

Објавено пред

Од врвот до дното за само неколку часа. Ова му се случи на јапонскиот тенисер Кеи Нишикори кој денеска го доживеа најтешкиот пораз во кариерата. Нишикори во групата „Лејтон Хјуит“ на Мастерсот во Лондон беше буквално разбиен и понижен од Кевин Андерсон со резултат 6:0 и 6:1.

Брзо ќе се заборави дека Нишикори го победи фаворизираниот Федерер, кој денеска беше непрепознатлив. Андерсон му допушти само еден гем на Јапонецот и за нешто повеќе од 1 час игра си ја заврши работата.

Вечерва во вториот дуел во истата група, Роже Федерер ќе игра против Доменик Тим со огромен притисок и без право на грешка доколку сака полуфинале.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

МВР потврди – Груевски е во Унгарија, побарал азил

Поранешниот премиер Никола Груевски е во Унгарија, каде што побарал азил, потврди Министерството за внатрешни работи. ,,По направените соодветни проверки,...

Македонија3 часа

Унгарската влада не потврдува дали Груевски бара азил во Будимпешта

Унгарската влада ниту потврдува ниту демантира дека бившиот премиер Никола Груевски бара азил во Унгарија. Во краткиот одговорот на прашањата...

Истражувања4 часа

(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ

Доколку и официјално се потврдат информациите дека поранешниот премиер Никола Груевски навистина е во бегство надвор од државата, како што...

Македонија4 часа

Кривичниот суд: СЈО ниту еднаш не побара притвор за Груевски

На обвинетиот Никола Груевски му се одзмени и личниот и дипломатскиот пасош и тие сè уште се наоѓаат во судот,...

Крвав четврток5 часа

Вељаноски до Мукоски: Човекот ми кажа дека од камерите кај вратите речиси и ништо не се гледа

На 28.4.2017 во 14.24 часот, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, му испратил порака на Крсто Мукоски со содржина: „Човекот...

Македонија5 часа

Арсовски: Немаме контакт и информации каде е Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не знае дали Никола Груевски е во Будимпешта. Портпаролот на партијата, Димче Арсовски, рече дека не знае каде се...

Македонија6 часа

Груевски на „Фејсбук“: Јас сум во Будимпешта, побарав политички азил

Според статус објавен на официјалната фејсбук-страница на поранешниот премиер Никола Груевски, тој избегал во Будимпешта, каде што побарал азил од...

Крвав четврток6 часа

Албанец го известувал Чавков дека се спрема изгласување претседател на Собранието

Во пораките пронајдени од вештачењето на мобилниот телефон на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, пронајдена е вибер-комуникација, во која...

Македонија9 часа

(Видео) Спасовски: Одговорноста барајте ја кај судиите

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, рече дека не размислува за оставка од функцијата по синоќешниот неуспешен обид на полицијата...

Свет9 часа

(Видео) Хамас лансира над 400 ракети кон Израел во најжестокиот борбен судир од 2014 година

Палестинските милитанти утрово кон Израел лансираа најмногу ракети од конфликтот во 2014 година предизвикувајќи израелски воздушни напади врз телевизијата на...

Македонија9 часа

Мијалков: Не знам каде е Груевски

Поранешниот директор на УБК и прв братучед на Никола Груевски, Сашо Мијалков, пред почетокот на денешното рочиште за случајот „Титаник...

Европа9 часа

(Видео) 15-годишно девојче се бори за живот по сообраќајната несреќа на автобус во Лондон

Дваесет лица беа повредени, од кои едно лице доби тешки повреди во сообраќајната несреќа на еден автобус во лондонската област...

Свет9 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во пожарот во Калифорнија

Пожарите што беснеат веќе неколку дена во Калифорнија беа прогласени за најсмртоносни во земајата и досега однесоа најмалку 42 човечки...

Македонија11 час

СДСМ: Груевски го допре дното

Груевски го допре дното, но нема да побегне од одговорност, велат од СДСМ. Од партијата велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Економија11 час

Од денеска пониски цени на горивата

Од ноќеска на полноќ цената на бензините се намали 4 и 4,5 денари, а на дизелот 3 денари, соопшти Регулаторната...

Македонија11 час

Мицкоски се сомнева дека власта не знае каде е Груевски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сомнева дека власта не знае каде се крие неговиот претходник Никола Груевски кого полицијата...

Македонија20 часа

Јанушев: Груевски не се крие во седиштето на партијата

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција во врска со потерата за експремиерот Никола Груевски, рече дека ова што се случува...

Македонија1 ден

СЈО: Во случајот „Империја“ испрани се речиси 11 милиони евра

Во случајот „Империја“ на специјалното јавно обвинителство испрани биле речиси 11 милиони евра, а буџетот на Република Македонија бил оштетен...

Топ1 ден

ЕЛЕМ повторно склучил милионски договор во четири очи

АД ЕЛЕМ склучил договор во вредност од 92.040.000 денари со приватната фирма „Марковски компани“ од Битола, во постапка на преговарање...

Македонија1 ден

Судот го замрзна имотот на „Орка холдинг“ и „Ексико“

Кривичниот суд замрзна имот на осомничените во случајот „Империја“, меѓу кои се и бизнисменот Орце Камчев и ексдиректорот на УБК,...

Досие