Контакт

Спорт

Ѓорческа ќе игра полу-финале во Истанбул

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, ќе игра во полу-финалето на ИТФ фјучрсот во Истанбул. Таа денеска, во два сета, успеа да ја совлада Дарија Кружкова.
Ѓорческа успеа својата противничка да победи со 6:3, 6:2. Иако лошо влезе во мечот, на с…

Објавено пред

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа, ќе игра во полу-финалето на ИТФ фјучрсот во Истанбул. Таа денеска, во два сета, успеа да ја совлада Дарија Кружкова.

Ѓорческа успеа својата противничка да победи со 6:3, 6:2. Иако лошо влезе во мечот, на стартот и дозволи брејк на противничката, Ѓорчевска бргу се врати на вистинскиот колосек и по негативата 0:2, првиот сет го доби со 6:3.

Во вториот сет имаше уште полесна задача, на противничката и препушти само два гема.

Македонката за пласман в финалето ќе игра против Романката Ралука Шербан.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

САД и Австралија играа кошарка пред 50.000 луѓе (Видео)

Објавено пред

Кошаркарската репрезентација на САД, во подготвителен натпревар, забележа победа над Австралија 102:86 (22:20, 22:23, 32:18, 26:25). Натпреварот се одигра над стадионот Марвел во Мелбурн пред 50.000 гледачи.

Австралијците против САД се држеа едно полувреме, кое заврши со поен предност за Американците. Во вториот период САД со серија 17:3 прв пат стекнаа двоцифрена предност, на што Австралија преку Крис Гоулдинг и Пети Милс одговори со серија 13:1.

Во третиот период Американците со нова серија стекнаа нова двоцифрена предност, но за разлика од првиот дел не им им дозволија на Австралијците да се вратат во мечот.

Капитенот на САД, новиот играч на Бостон Селтикс, Кемба Вокер со 23 поени беше најефикасен на натпреварот. Неговиот соиграч Мајлс Тарнер забележа двоен ефект од 15 поени и 14 скока.

Австралија ја предводеа Пети Милс и Крис Гоулдинг со по 19 поени.

Прикажи повеќе...

Спорт

Парите го закочија трансферот на Алексис Санчез

Објавено пред

Алексис Санчез е подготвен да го напушти Манчестер јунајтед, Интер го сака Чилеанецот во своите редови, но трансферот го кочат парите, поточно платата на фудбалерот.

Чилеанецот во Јунајтед неделно заработува 390.000 фунти, сума што челниците на Интер не може да ја издвојат. Според италијанските медиуми, тие биле во можност да му исплаќаат двојно помала сума од онаа што ја добива на „Олд Трафорд“.

Алексис Санчез, според новиот тренер на Интер, Антонио Конте, би бил идеален партнер за двајцата напаѓачи Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез.

Прикажи повеќе...

Спорт

Кејлор Навас побарал трансфер

Објавено пред

Кејлор Навас, голманот кој имаше една од клучните улоги во походот на трите титули што Реал ги освои во Лигата на шампионите, побарал трансфер разочаран од третманот што го имал од Зинедин Зидан.

Костариканецот е втора опција во тимот откако минатото лето Реал го купи Тибо Куртоа. Иако добил ветување дека ќе има ист третман како Белгиецот, поради што лани и го продолжи договорот, тоа не се случува и нема да се случи.

Иако не се сомневаат во неговите квалитети, во Реал сметале дека Навас не е ѕвезда каква што е Куртоа.

„Време е за нов почеток“, рекол 32-годишниот голман.

За пет сезони во Реал, Костариканецот освоил 11 трофеи. Според медиумите, сериозен интерес за него покажал Пари-Сен Жермен.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ4 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ5 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија5 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија6 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија7 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет7 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија8 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа8 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија19 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија20 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион20 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија22 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија23 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија23 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија23 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија1 ден

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија1 ден

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие