Контакт

Спорт

Јапонската сензација Осака против Серена во финалето на Ју ес опен

Јапонската сензација и Наоми Осака и најдобрата тенисерката во историјата, Серена Вилијамс, ќе се борат за титулата на Ју-Ед Опен во женска конкуренција.
Осака е првата Јапонка во историјата што ќе игра во финалето на еден гренд слем турнир. Таа во пол…

Објавено пред

Јапонската сензација и Наоми Осака и најдобрата тенисерката во историјата, Серена Вилијамс, ќе се борат за титулата на Ју ес опен во женска конкуренција.

Осака е првата Јапонка во историјата што ќе игра во финалето на еден гренд-слем турнир. Таа во полуфиналето полесно од очекувањата ја порази Американката Медисон Киз со 6:2, 6:4.

Во мечот што траеше 88 минути, Јапонката успеа да спаси дури 13 брејк-топки.

Во финалето нејзина противничка ќе биде Серена Вилијамс.

foto: epa

„Многу ми значи овој момент, ви благодарам на сите. Одбранив 13 брејк-топки бидејќи многу сакав да играм против Серена. Зошто? Поради тоа што таа е Серена. Чудно ми е што ќе играм во финалето. Во одредени моменти се тресев од страв и се молве да не направам двојна грешка. Порака за мојата мајка: ‘Успеав’, порака за Серена: ‘Те сакам’“, рекла Осака по победата над Киз.

foto: epa

Серена Вилијамс стана највозрасната тенисерка која се пласирала во финалето на Ју ес опен. 36-годишната Американка ја декласира Летонката Анастасија Севастова со 6:3, 6:0. Дуелот на Централниот стадион траеше само 66 минути.

Летонката направи брејк во првиот гем и само дополнително ја мотивираше Американката, која потоа целосно доминираше во мечот.

„Морав малку да се навикнам на нејзината игра, никогаш не сум играла против неа во минатото. Не го удира топчето силно како што тоа го прават другите. Потоа почнав да размислувам за финалето“, изјавила Серена.

Фиалниот меч на програмата е в сабота.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Арсенал подобар во лондонската пресметка со Челси (видео)

Арсенал со 2:0 го победи Челси во саботното лондонско дерби во Премиер лигата, резултат кој ги оддалечува „сините“ од борбата за титулата, и во исто време ја „вжештува“ борбата за четвртото место кое носи во Лигата на шампионите.
Александер Лаказет во …

Објавено пред

Арсенал со 2:0 го победи Челси во саботното лондонско дерби во Премиер лигата, резултат кој ги оддалечува „сините“ од борбата за титулата, и во исто време ја „вжештува“ борбата за четвртото место кое носи во Лигата на шампионите.

Александер Лаказет во 14. минута од мечот се „прошета“ во шестнаесетникот на Челси за да постигне убав гол, а во 39. минута повратникот во првиот тим Лорен Косиелни постигна чуден гол со рамо за удвојување на предноста.

Со овие три бодови, Арсенал се врати на петтото место на табелата со 44 поени (колку што има и шестопласираниот Манчестер јунајтед), и само три помалку од Челси (47). Тотенхем е трет со 48 поени и натпревар помалку, додека Ливерпул е далеку на првото место со 60 поени. Ова значи дека четири клуба (Арсенал, Челси, Тотенхем и Манчестер јунајтед) би требало да се борат за третото и четвртото место на табелата.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Спорт

Франција ги покажа амбициите за титула со победата над Шпанците

Франција покажа дека нема лесно да се откаже од титулата светски првак во ракомет, откако во првиот меч од втората фаза на СП во Германија и Данска со 33:30 беше подобра од актуелниот европски шампион, Шпанија.
Во меч во кој откако поведоа со 1:0, ниту…

Објавено пред

Франција покажа дека нема лесно да се откаже од титулата светски првак во ракомет, откако во првиот меч од втората фаза на СП во Германија и Данска со 33:30 беше подобра од актуелниот европски шампион, Шпанија.

Во меч во кој откако поведоа со 1:0, ниту еднаш не го предадоа водството, Французите покажаа дека ќе одат барем на полуфинале во групата Е, каде што уште ги очекуваат мечевите со Хрватска и Исланд. За Шпанците со овој пораз речиси сигурно полуфиналето останува само сон.

Дика Мем и Лудовик Фабрегас имаа по пет гола за „триколорите“, додека на Шпанија не им помогна ниту деветте гола на Феран Соле. На голот на Франција исто така блескаа Винсен Жерар и Сирил Думулан.

Во групата Ф, Швеѓаните продолжија со победничката низа, откако лесно со 35:23 го победија Тунис благодарение на седумте голови на Нилсон и Екберг.

СП ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА, 2.ФАЗА, 1.КОЛО

ГРУПА Е

Франција – Шпанија 33:30 (17:15)

Германија – Исланд 20.30 ч.

Табела: 1.Франција 5, 2.Хрватска 4, 3.Германија 3, 4.Шпанија 2, 5.Исланд 0, 6.Бразил 0

ГРУПА Ф

Тунис – Шведска 23:35 (14:19)

Данска – Унгарија 20.30 ч.

Табела: 1.Шведска 6, 2.Данска 4, 3.Норвешка 2, 4.Унгарија 1, 5.Египет 1, 6.Тунис 0

Прикажи повеќе...

Спорт

ПСЖ броеше до девет против Генгам! Кавани и Мбапе со хет-трик, Нејмар со два гола! (видео)

Пари Сен-Жермен апсолутно му се одмазди на малиот клуб од Бретања, Генагам за елиминацијата од францускиот Лига куп откако во неверојатен меч на „Паркот на принцовите“ ги понижи со 9:0 победа во првиот меч од пролетниот дел од шампионатот.
Откако во пр…

Објавено пред

Пари Сен-Жермен апсолутно му се одмазди на малиот клуб од Бретања, Генагам за елиминацијата од францускиот Лига куп откако во неверојатен меч на „Паркот на принцовите“ ги понижи со 9:0 победа во првиот меч од пролетниот дел од шампионатот.

Откако во првото полувреме Нејмар постигна еден, а Килијан Мбапе два гола, во второто следуваше вистински атак на голот на гостите – Мбапе го комплетираше хет-трикот, Единсон Кавани постигна свој хет-трик, Нејмар додаде уште еден, за Томас Муние да го постигне деветтиот гол!

ПСЖ, нормално, остануваат суверено на врвот на Лига 1 со 53 поени и 17 победи во 19 меча и гол разлика од 62:10! Генгам се на последното место на табелата со 14 поени, еден помалку од Монако на претпоследното место.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Загаденоста на воздухот во Прилеп 20 пати над дозволеното

Прилеп вечерва доживува рекорди во загаденост на воздухот. Концентрацијата на ПМ10 канцерогените честички достигна дури 1012 микрограми, што е за...

Македонија10 часа

Повредена новинарка на Канал 5 на одбележувањето на Водици

Новинарката Мирјана Мирчевска од Канал 5 телевизија заврши во болница со повреда на вратот и на раката откако, за време...

Свет11 час

Трамп најави важна објава

Американскиот претседател Доналд Трамп најави важна објава во врска со блокадата на работата на федералната влада. Неговата најава следи во...

Свет12 часа

Масовни протести во Унгарија против премиерот Виктор Орбан

Неколку илјади Унгарци протестираа денеска во Будимпешта против премиерот Виктор Орбан и неговиот закон за прекувремени часови, кој досега неколкупати...

Свет12 часа

(Видео) Расте бројот на загинати во најголемата експлозија на нафтовод во Мексико

Билансот на загинати во силната експлозија на нафтовод во Мексико се искачи на 66 луѓе. Повредени се 76, изјави гувернерот...

Македонија14 часа

Загадувањето во Битола, Тетово и Струмица до шест пати над дозволеното

Присуството на штетните ПМ10 честички во воздухот во Битола, Тетово и Струмица, во изминативе два дена било и до шест...

Топ15 часа

Расправија во кафеана му претходела на пукањето во Кочани, напаѓачот е во бегство

На пукањето што се случи вчера околу 17 часот во угостителски објект во Кочани, а во кое едно лице беше...

Регион17 часа

Епидемија во Хрватска, девет лица починаа од грип

Девет лица починаa од грип во Хрватска, но за два смртни случаи во Сплит сè уште се чекаат официјални информации,...

Македонија17 часа

Директор на основно училиште склучувал договори во четири очи, го оштетил Буџетот за 1,2 милиони денари

Директор на основно училиште во Кратово, без да објавува јавни огласи, склучувал договори во четири очи за набавка на разни...

Македонија18 часа

Скопјани се гневни откако градот се искачи на прво место по загаденост во светот

Социјалните мрежи се преполни со реакции, откако вчеравечер Скопје се искачи на првото место по загаденост во светот.   Мерните...

Македонија20 часа

82 обвинители ја тужат државата за неисплатени додатоци на плата

82 обвинители од јавните обвинителства низ земјава ја тужат државата пред домашните судови за неисплатени додатоци во вкупен износ од...

Економија20 часа

„Фич” го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг на Македонија ББ, со позитивен изглед. Од Министерството за финансии соопштија дека...

Свет1 ден

Втората средба меѓу Трамп и Ким ќе се одржи кон крајот на февруари

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун ,повторно ќе се состанат кон крајот на февруари, соопшти Белата куќа...

Регион1 ден

(Видео) Објавена снимка од свечениот ручек во Белград: Дачиќ пее, а Путин ракоплеска

Руската новинска агенција ТАСС објави видеоснимка од свечениот ручек кој вчера во Белград беше приреден во чест на посетата на...

Истражувања2 дена

(Видео) Турците ем градат кај Стара железничка ем плаќаат казна од 2 милиона денари месечно

Турската компанија „Лимак“, која го гради комплексот со дваесеткатници кај Старата железничка станица, месечно уплаќа по  2 милиони денари во...

Македонија2 дена

(Видео) Димовски: Следува комплициран избор на антикорупциска комисија

Конкурсот за избор на членови на антикорупциската комисија објавен во октомври денеска беше поништен за да може да се објави...

Македонија2 дена

(Видео) Наумовски си ја зголеми платата, а Ѓорче Петров нема пари за ветените базен и градинка

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, годинава ќе зема повисока плата, а планирани се и нови вработувања во Општината во...

Топ2 дена

Каракамишева повикана во полициска станица поради говор на омраза

Професорката Тања Каракамишева била на информативен разговор во полициска станица бидејќи била пријавена за ширење говор на омраза. Таа на...

Македонија2 дена

(Видео) Ако не се освести Заев, одиме со Мицкоски, порачаа пазарџиите

„Ако не се сврти кон народот, како што вети Заев, ние ќе се приклучивме кон другите, ќе одиме со Мицкоски“,...

Македонија2 дена

(Видео) Кекеновски со иницијатива до Уставниот суд: Се противам на каубојското носење на Законот за јазиците

Професорот Јове Кекеновски поднесе иницијатива за оценка на уставноста на Законот за употреба на јазиците. Според него, власта каубојски и...

Досие