Спорт
Арсенал го чека Атлетико, Салцбург гостува во Марсеј
Четврток е резервиран за натпреварите во Лига Европа. Во првите полу-финални пресметки ќе играат Арсенал и мадридски Атлетико, односно Олимпик Марсеј и Ред Бул Салцбург.
Финале пред финалето, вака е наречен двомечот на најголемите фаворити за титулата …
Четврток е резервиран за натпреварите во Лига Европа. Во првите полуфинални пресметки ќе играат Арсенал и мадридски Атлетико, односно Олимпик Марсеј и Ред Бул Салцбург.
Финале пред финалето, вака е наречен двомечот на најголемите фаворити за титулата во Лига Европа. Во Лондон се очекува емотивна вечер бидејќи Арсен Венгер последен пат во кариерата ќе го предводи Арсенал во европски меч на домашен терен.
Францускиот стратег по 22 години ќе замине од клубот, а желбата му е разделбата да биде со освоен трофеј.
Под палката на Венгер, Арсенал е поразен до две европски финалиња, едно во Купот на УЕФА и едно во Лигата на шампионите. Од друга страна, во поновата историја Атлетико двапати губел во финалето во Лигата на шампионите, но двапати победил во Лига Европа.
Венгер има проблеми со формирање на тимот, Обамејанг нема право да игра во Лига Европа, неизвесен е настапот на Месут Езил, а Хенрик Мхитаријан е повреден.
Слични проблеми има и тренерот на Атлетико, Диего Симеоне. Фелипе Луис веќе еден месец е надвор од тимот, а под знак прашалник е настапот на Диего Коста. Шпанскиот репрезентативец се повреди на натпреварот со Спортинг во Лисабон, тој е со тимот во Лондон, меѓуутоа Симеоне тврди дека нема да игра.
Олимпик во Марсеј ќе го пречека најпријатното изненадување во Лига Европа, австриски Салцбург. Интересно овие екипи играа и во фазата по групи, во Марсеј немаше голови, а во Салцбург домаќинот победи, 1:0.
Олимпик Марсеј на домашен терен има само еден пораз на последните 21 натпревари, додека Салцбург на последните 17 натпревари во Лига Европа има само еден пораз.
Дуелите во Лондон и Марсеј ќе почнат во 21:05 часот, а реваншите се на програмата за една недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.