Спорт
Атлетико лесно со отпишаниот Монако, Локомотив ги прати Порто и Шалке во осмина-финале (видео)
Првите два меча од петтото коло на Лигата на шампионите во средата не донесоа некои изненадувања, откако Атлетико Мадрид со 2:0 го победи Монако на Тјери Анри, а Локомотив Москва со 2:0 го победи Галатасарај, завршувајќи му ги надежите за пласман во ос…
Првите два меча од петтото коло на Лигата на шампионите во средата не донесоа некои изненадувања кога Атлетико Мадрид со 2:0 го победи Монако на Тјери Анри, а Локомотив Москва со 2:0 го победи Галатасарај завршувајќи му ги надежите за пласман во осмина-финалето.
Во групата А, Атлетико по 25 минути игра, го реши победникот кога првин Беноа Бадијашил си постигна автогол уште во втората минута за Гризман во 24. минута да ги постави конечните 2:0. Во финишот на натпреварот Монако имаше шанси да намали по играњето со рака на Савиќ во шестнаесетникот, но Фалкао го утна пеналот. Со ова се продолжува мизерната низа на Тјери Анри на клупата на Монако, кој нема освоено ниту еден поен во ЛШ оваа сезона.
Во групата Д, пак, Локомотив со 2:0 беше подобар од Галатасарај за прва победа оваа сезона во ЛШ и крај на надежите на Галата дека може да избори пласман меѓу најдобрите 16. И пред вечерашниот дуел Порто и Шалке се сигурни патници во осмина-финалето.
ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, 5. КОЛО
ГРУПА А
Атлетико Мадрид – Монако 2:0
Табела: Атлетико М 12, Борусија Д 9, Бриж 4, Монако 0
ГРУПА Д
Локомотив Москва – Галатасарај 2:0
Табела: Порто 10, Шалке 8, Галатасарај 4, Локомотив М 3
Фото: ЕПА
АТЛЕТИКО МАДРИД – МОНАКО
ЛОКОМОТИВ МОСКВА – ГАЛАТАСАРАЈ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.
Спорт
„Заминувам ако Алегри остане тренер“
Федерико Киеза (26) е подготвен да го напушти Јувентус. „Газета дело Спорт“, дури тврди дека италијанскиот репрезентативец им поставил ултиматум на клупските челници.
Енрико Киеза, сезонава не игра на вообичаеното ниво откако се опорави од тешката повреда.
Иако италијанскиот репрезентативец постигна скромни осум гола и две асистенции за неговите стандарди, Јувентус би сакал да го задржи, но се уште нема никаков напредок во преговорите.
Неговиот актуелен договор е до 2025 година, што значително го намалува просторот за маневрирање на клубот.
Киеза на лето би можел да влезе во последната година од договорот и тоа ќе биде последна шанса да клубот заработи од неговиот трансфер.
„Газета дело Спорт“, пишува дека Киеза својот потенцијален останок во клубот го условува со ултиматум. Италијанскиот весник пишува дека Киеза на затворен состанок јасно им кажал на клупските челници дека сигурно ќе го напушти клубот доколку Масимилијано Алегри остане тренер и во следната сезона.
Сериозен интерес за Киеза покажа Рома, односно нејзниот тренер Даниеле Де Роси, кој ќе ја доби довербата да го предводи тимот и наредната сезона.