Спорт
Боатенг јасно стави на знаење дека не е навивач на Мадрид: Меси е најдобар на целиот свет
Новото засилување на Барселона, Кевин-Принс Боатенг при презентацијата во Каталонија мораше да „појасни“ кој смета дека е најдобриот фудбал на светот, откако во минатото даваше вакви изјави и за Лионел Меси и за Кристијано Роналдо. 31-годишниот фудбале…
Новото засилување на Барселона, Кевин-Принс Боатенг, при презентацијата во Каталонија мораше да појасни кој смета дека е најдобриот фудбалер на светот откако во минатото даваше вакви изјави и за Лионел Меси и за Кристијано Роналдо. 31-годишниот фудбалер од Гана овој пат кажа јасно: „Меси е најдобар на овој свет и на сите можни светови“.
Боатенг во понеделникот направи шокантен трансфер од Сасуоло на позајмување со опција за откуп на договорот и е необично решение за Барса бидејќи пред да настапува во Серија А играше во Лас Палмас и во Ајнтрахт Франкфурт никогаш не исполнувајќи го потенцијалот што го покажа како тинејџер со Херта Берлин.
По потписот, шпанските медиуми, неуморни како и секогаш, извадија негови изјави во кои тој вели дека е навивач на Мадрид и го фали Роналдо како најдобар фудбалер на светот, но во вторникот и тоа се разјасни.
„Јас сум фудбалер на Барселона и Лионел Меси е најдобриот фудбалер на овој свет и на сите можни светови. Зошто се смеете? Тоа е вистината, тоа го покажа со тоа што освои во последните 10 години. Чест е да се биде во Барса бидејќи Меси е најдобриот фудбалер на светот, а Луис Суарез е најдобриот напаѓач на светот“, вели Боатенг.
Тој е свесен дека доаѓа на „Камп Ноу“ без гарантирано место во првиот состав.
„На моја возраст бројот 9 е совршен за мене, но за тренерот, мислам дека ќе бидам најкорисен бидејќи играм на разни позиции. Не зборував со него, но знам дека не дојдов да бидам стартер покрај сите овие фудбалери. Тука сум поради искуството и да играм за голем клуб“, додава Боатенг.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.