Спорт
Вардар и покрај прекрасната публика, немоќен против Барса
Барселона во преполната сала „Јане Сандански“ стигна до убедлива 26:30 победа над Вардар, нанесувајќи му го на поранешниот европски шампион првиот домашен пораз во Лигата на шампионите, и втор во седмото коло. Ова е првпат по три години каталонскиот ти…
Барселона во преполната сала „Јане Сандански“ стигна до убедлива 26:30 победа над Вардар, нанесувајќи му го на поранешниот европски шампион првиот домашен пораз во Лигата на шампионите, и втор во седмото коло. Ова е првпат по три години каталонскиот тим да успее да победи во Скопје.
Од стартот на мечот беше јасно дека Барса Ласа дојде во Скопје по победа, откако тргнаа со импресивна предност од 5:1, пред Тимур Дибиров со одлична серија да ја врати рамнотежата на 5:4. Сепак, гостите не ја даваа предноста и до крајот на полувремето стигна до предност од четири гола (9:13).
Во второто полувреме, Вардар не успеа да ја наметне својата игра и Барселона ја одржуваше предноста, која дури порасна на +7 (16:23), по што рутински го комплетираа мечот.
За Вардар најрасположени беа Тимур Дибиров со шест гола и Иван Чупиќ и Даинис Криштопанс со по пет, додека Барса ја предводеше Французинот Дика Мем со осум гола, а Мортенсен имаше четири гола.
Со победата, Барселона се одвои на првото место во групата Б со 12 поени (6-1 скор), додека Вардар е израмнет со Рајн-Некар Левен и Виве Кјелце со 10 поени (5-2 скор), најавувајќи лута борба за директен пласман на фајнал-фор турнирот.
За „црвено-црните“ нема време за одмор, бидејќи веќе следниот викенд гостуваат во Каталонија кај Барселона, пред на домашен терен да го пречекаат Кјелце, единствениот друг тим кој го совлада во жесток дуел во средината на октомври.
Фото: ЕПА
ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 7.КОЛО
Рихимаки Кокс – Тун 31:29 (14:18)
Скјерн – Пик Сегед 26:29 (15:14)
Мотор Запорожје – Нант 30:30 (15:14)
Вардар – Барселона 26:30 (9:13)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…