Спорт
Венгер: Го одбив Реал Мадрид два-три пати
Бидејќи бил посветен на долгорочниот проект во Арсенал, Арсен Венгер ги одбил понудите од Реал Мадрид и од англиската репрезентација „два-три пати“ во својата долга кариера.
Венгер замина од Арсенал по 22 години на чело на „топчиите“, и уште не дал зна…
Бидејќи бил посветен на долгорочниот проект во Арсенал, Арсен Венгер ги одбил понудите од Реал Мадрид и од англиската репрезентација два-три пати во својата долга кариера.
Венгер замина од Арсенал по 22 години на чело на „топчиите“ и уште не дал знак каде и како ќе ја продолжи кариерата, но 68-годишниот Французин планира да остане во фудбалот, ама не во Англија.
„Кога го градевме новиот стадион, банките ме прашаа дали сакам да се обврзам на петгодишен договор и Реал Мадрид се јави со интерес, но не можев да го предадам мојот клуб. Реал Мадрид го одбив два-три пати. Тоа е еден од тимовите што ги сакав како дете, но мислев дека времето е пречувствително за Арсенал. Кој не би бил предизвикан да оди во Реал Мадрид. Но, одбив повеќе тимови отколку што мислите. Бев среќен таму каде што сум“, вели Венгер.
Тој вели дека и Фудбалската асоцијација неколкупати го убедувала да ја преземе контролата врз англиската репрезентација.
„Многупати кажав дека Англичанец треба да ја предводи англиската репрезентација. Англија е голема фудбалска земја и има доволно квалитетни менаџери за јас да се мешам таму“, додава Венгер за „Би-ин“.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.