Спорт
Вориорс со голема победа во дебито на Казинс (видео)
Стеф Кари постигна 28 поени, а Демаркус Казинс додаде 14 во своето деби за Голден Стејт вориорс, за шампионите да ја забележат својата седма победа во низа, овојпат со 112:94 на гости кај Лос Анџелес клиперс.
Say hello to Golden State Warriors center …
Стеф Кари постигна 28 поени, а Демаркус Казинс додаде 14 во своето деби за Голден Стејт вориорс, за шампионите да ја забележат својата седма победа во низа, овојпат со 112:94 на гости кај Лос Анџелес клиперс.
Say hello to Golden State Warriors center DeMarcus Cousins: pic.twitter.com/Zq3K6wNf8c
— InsideHoops.com NBA (@InsideHoops) January 19, 2019
Казинс, кој пропушти речиси цела година по повредата на петата, по само 15 минути на теренот заработи пет лични грешки, а имаше просек 5-од-11 од поле и три тројки, а додаде и шест скока. Кевин Дурент додаде 24 пооени за Вориорс, додека Клиперс, кои сега имаат пет порази во низа беа предводени од Тобајас Херис (28 поени) и Гилгус-Александер (24 поени).
Кајри Ирвинг ја постигна одлучувачката тројка за Бостон селтикс да стигнат до 122:116 победа над Мемфис гризлис, победувајќи ги вторпат во двата дуели оваа сезона. Маркус Смарт и Ал Хорфорд исто така беа прецизни во финишот за тимот од Бостон да стигне до тесна победа. Мајк Конли имаше 26 поени за Гризлис, кои загубија четврти пат едноподруго.
Марко Белинели погоди две клучни слободни фрлања на 4.2 секунди пред крајот, а Ламаркус Олдриџ имаше 25 поени за Сан Антонио со 116:113 да ги победи Минесота тимбервулвс во Минеаполис во меч во кој имаше 27 промени на водството!
НБА РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Мемфис 122:116
Детроит – Мајами 98:93
Орландо – Бруклин 115:117
Минесота – Сан Антонио 113:116
Јута – Кливленд 115:99
Л.А. Клиперс – Голден стејт 94:112
Портланд – Њу Орлеанс 128:112
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.