Спорт
Во МЗТ не штедеа зборови: Работнички беше и остана гробар на македонската кошарка!
Пред новата пресметка за титулата во македонската кошарка, МЗТ Скопје ја „вжешти“ атмосферата со соопштение во кое го нарекува својот вечен ривал Работнички, „гробар на македонската кошарка“.
Причина за ова е одлуката на Работнички на гостувањата на МЗ…
Пред новата пресметка за титулата во македонската кошарка, МЗТ Скопје ја „вжешти“ атмосферата со соопштение во кое го нарекува својот вечен ривал Работнички, „гробар на македонската кошарка“.
Причина за ова е одлуката на Работнички на гостувањата на МЗТ во „Градски парк“ да не дозволи присуство на ривалските навивачи.
Следува соопштението во целост.
Со неверување ја примивме одлуката на Работнички за забрана за организирано присуство на навивачи на МЗТ Скопје на финалните средби кои ќе се играат во „Градски парк“. Но, ќе излажеме дека сме премногу изненадени, бидејќи бевме сигурни дека нешто ќе излезе од дебарската кујна на марифетлуци во пресрет на клучните дуели за титулата, знаејќи на што сѐ бевме сведоци изминатиов период – како расипаниот семафор и играњето во Гостивар.
Со оваа одлука, господа од Центар, уште еднаш покажавте дека сте биле и дека сѐ уште сте гробари на македонската кошарка. Во вашата ДНК е да сплеткарите и да измислувате проблеми каде што ги нема и тоа секогаш кога ќе почуствувате немоќ, односно кога знаете дека тешко може да дојдете до посакуваната цел само со прикажаното на паркетот. За жал, сега ви пречат нашите навивачи, нивната љубов кон сино-белата боја и решителност секаде и секогаш да стојат позади своите миленици и тоа во бројка каква што вие во моментов може само да сонувате.
Ги споменувате проблемите на претходните средби и казните кои сте ги добиле, но се лажете ако мислите дека за тоа се виновни нашите навивачи. Виновни сте вие самите и вашата немоќ да организирате безбеден натпревар, но и скржавоста да ангажирате доволен број професионални редари. Па сега, поради вашата неспособност и ограниченост, цехот го плаќаат тие на кои единствен грев им е што навиваат за МЗТ Скопје.
Барем имајте доблест и признајте зошто носите ваква одлука, јавно кажете од што се плашите. Ние знаеме дека тоа е фактот што МЗТ Скопје во „Градски парк“ би имал далеку посилен ветер в грб отколку што вие би го имале кога ние би биле домаќини. Тоа најдобро се гледа на последните суперлигашки средби, кога на нашите навивачи и 500 билети им беа (пре)малку за средбите на кои бевте организатори, а вашите се собраа точно 97 во ситуација кога слободно можеа да купат колку сакаат влезници за во „Јане Сандански“.
Се надеваме дека ви е јасно дека со вашите несериозни и неспортски одлуки го уништувате финалето и тоа уште непочнато. Фрлате црна дамка врз тоа што треба да биде празник на кошарката и спектакл кој долго треба(ше) да се памети. Истовремено, заборавате дека да не беше нашата помош ќе испадневте во понизок ранг кога го напуштивте теренот пред неколку години.
Единствена позитивна работа од целава ситуација е фактот што го покажавте вистинското лице пред јавноста уште пред почетокот на битката за најзначајниот домашен трофеј. И по кој знае кој пат докажавте дека најдобро се снаоѓате во матно и дека групно сте бегале од часовите на кои се учи за фер и коректно однесување и за џентлеменството во елитниот спорт.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата во Кина, Хамилтон ќе стартува од 18.место
Макс Ферстапен по победата во спринтот, доминираше и во квалификациите во пресрет на трката за Големата награда на Кина. Апсолутната доминација на Ред Бул ја потврди Серхио Перез кој трката ќе ја стартува од второто место.
Актуелниот светски првак со време 1:33.660 ја освои 37 пол-позиција во кариерата, а на Ред Бул му ја донесе јубилејната 100. победа во квалификациите.
Зад возачите на Ред Бул, од вториот ред трката ќе ја започнат Фернандо Алонсо (Астон Мартин и Ландо Норис (Мекларен).
Во Топ 10 место изборија Оскар Пјастри (Мекларен), двоецот од Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц, односно Џорџ Расел (Мерцедес), Нико Хулкенберг (Хас) и Валтери Ботас (Заубер).
Во квалификациите потфрли Луис Хамилтон. Седумкратниот светски првак, откако спринт трката ја заврши на второто место, во квалификациите заврши на 18.место.
Траката за Големата награда на Кина, утре ќе започне во 9 часот по македонско време.