Спорт
Гвардиола: Ќе се вратам во Барселона Б
Актуелниот менаџер на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, за англиските медиуми открил дека е заинтересиран тренерската кариера да ја заврши онаму каде што ја започнал, во резервниот тим на Барселона.
Гвардиола ја предводеше Барселона Б во 20…
Актуелниот менаџер на фудбалерите на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, за англиските медиуми открил дека е заинтересиран тренерската кариера да ја заврши онаму каде што ја започнал, во резервниот тим на Барселона.
Гвардиола ја предводеше Барселона Б во 2007 година, а потоа на клупата на првиот тим го наследи Франк Рајкард. Во неговата ера Барселона освои три титули во Шпанија, две во Лигата на шампионите и две на Светското клупско првенство.
„Моите тимови секогаш ќе се обидуваат да играат онака како што сакам јас“, рекол 47-годишниот тренер.
„Ќе завршам онаму каде што ја почнав тренерската кариера, во младите категории. Се надевам дека тоа ќе биде младинскиот погон на Барселона“, рекол Гвардиола, кој има договор со Манчестер сити до јуни 2021 година.
Некои медиуми шпекулираат дека Гвардиола би можел да се врати во Барселона, но како спортски директор.
Pep Guardiola: “I would like to finish my career where it all started.. I hope my last steps will be at Barça” pic.twitter.com/ROVOpG1kOr
— RJ? (@Valverdism) September 12, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Првиот спринт во сезоната за Ферстапен, Хамилтон втор
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, триумфираше на првата спринт трка во сезоната, која се возеше како дел од Големата награда на Кина, петта трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Трикратниот светски шампион славеше со повеќе од 13 секунди предност пред Луис Хамилтон од Мерцедес, додека на третото скалило на подиумот се најде вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез.
Од пол-позицијата стартуваше Ландо Норис во Мекларен, кој веднаш беше предизвикан од агресивниот Хамилтон, кој не му даде простор да остане во водство. И додека седумкратниот светски шампион го презеде водството, помладиот од двајцата Британци отиде широко и падна на седмото место, додека Хамилтон го следеа Алонсо и Ферстапен.
Бранителот на титулата најпрвин го стигна, а потоа во седмиот круг и го престигна Шпанецот, а два круга подоцна го презеде водството, откако Хамилтон практично не се бранеше, а потоа лесно се одлепи.
Возачот на Мерцедес исто така немаше конкуренција во борбата за второто место, но зад него се одвиваше голема борба за третата позиција. Алонсо најпрво беше предизвикан од Карлос Саинц Јуниор, но возачот на Астон Мартин се бранеше агресивно, што го искористи Перез и ги претекна двајцата.
Во еден момент дојде и до контакт меѓу двајцата Шпанци, поради што Алонсо мораше да се повлече од трката, а потоа дојде до борба меѓу Саинц и неговиот тимски колега Шарл Леклер.
На тој дуел имаше доста искри, а Леклер успеа да се снајде подобро и да стигне до четвртото место со две секунди зад Перез. Саинц беше три секунди поназад, пред Норис и Оскар Пјастри и Џорџ Расел во вториот Мерцедес, кој го освои последниот поен.
Во генералниот поредок сега води Ферстапен со 85 бодови, 15 повеќе од Перез, додека Леклер е трет со 64.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.