Спорт
Далиќ го објави хрватскиот список за Русија
Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави скратениот 24-член состав на репрезентацијата, од која ќе отпадне уште едно име пред конечниот датум од 4 јуни.
На списокот се присутни сите хрватски фудбалски ѕвезди како Лука Модриќ, Иван Ракитиќ, Марио Манџ…
Хрватскиот селектор Златко Далиќ го објави скратениот 24-член состав на репрезентацијата од која ќе отпадне уште едно име пред конечниот датум од 4 јуни.
На списокот се присутни сите хрватски фудбалски ѕвезди како Лука Модриќ, Иван Ракитиќ, Марио Манџукиќ и Иван Перишиќ, кои ќе треба да ја оправдаат довербата и барем да ја минат првата фаза во тешката група со Аргентина, Нигерија и Исланд.
Хрватска последните подготовки за Мундијалот ќе ги има со пријателски натпревар со Бразил на „Енфилд“ на 3 јуни и со Сенегал во Осиек на 8 јуни.
„Потребни ни се барем двајца квалитетни играчи на секоја позиција, за нашиот најдобар напаѓач Манџукиќ да ја предводи линијата. Светското првенство не е време за брзи промени. Затоа ги има тестираните ветерани и малку свежа крв“, вели Далиќ.
Се очекува дека од списокот ќе отпадне 21-годишниот дефанзивец Дује Чалета-Цар или 26-годишниот играч од средниот ред Филип Брдариќ, кој досега има три настапи за репрезентацијата. Но, двајцата ќе бидат во авионот за Русија ако Ведран Чорлука не успее да заздрави од повредата.
ХРВАТСКА, СП 2018
ГОЛМАНИ: Даниел Шубашиќ (Монако), Ловре Калиниќ (Гент), Доминик Ливаковиќ (Динамо З)
ОДБРАНА: Ведран Чорлука (Локомотив Москва), Домагој Вида (Бешикташ), Иван Стриниќ (Сампдорија), Дејан Ловрен (Ливерпул), Шиме Врсаљко (Атлетико Мадрид), Јосип Пивариќ (Динамо Киев), Тин Једвај (Баер Л), Матеј Митровиќ (Бриж), Дује Чалета-Цар (Салцбург)
СРЕДЕН РЕД: Лука Модриќ (Реал Мадрид), Иван Ракитиќ (Барселона), Матео Ковачиќ (Реал Мадрид), Милан Бадељ (Фиорентина), Марцело Брозовиќ (Интер), Филип Брадариќ (Риека).
НАПАД: Марио Манџукиќ (Јувентус), Иван Перишиќ (Интер), Никола Калиниќ (Милан), Андреј Крамариќ (Хофенхајм), Марко Пјаца (Шалке), Анте Ребиќ (Ајнтрахт).
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тонали сега е на удар и на Англичаните поради обложувањето
Играчот од средниот ред на Њукасл, Сандро Тонали е под истрага од Фудбалската асоцијација (ФА) поради прекршување на правилата против обложување.
Италијанецот веќе отслужува 10-месечна суспензија од Италијанскиот фудбалски сојуз поради обложување за време на неговото играње за Милан.
Новите докази покажуваат дека Тонали се обложувал и кога дошол во Њукасл. Младиот 23-годишен играч го прекршил правилото дури 50 пати од 12 август до 12 октомври 2023 година.
На Тонали му е даден рок до 5 април да одговори на обвиненијата.
„Добивме потврда дека е покрената истрага. Клубот и Тонали целосно ќе соработуваат. Тоа е се што можеме да кажеме во моментов“, се вели во соопштението за медиумите на клубот.
Тонали пристигна во Њукасл минатиот јули во трансфер вреден 60 милиони фунти од Милан.
Спорт
Најдобриот судија во БиХ поради закани одби да им суди на Железничар и Сараево
Шампионатот на Босна и Херцеговина влегува во завршна фаза, а локалниот портал „Спортспорт“, пишува дека најдобриот судија, Ирфан Пељто одбил да им суди на клубовите кои доаѓаат од главниот град Железничар и Сараево) до крајот на сезоната.
Пељто тоа го направил поради наводните закани што ги добивал тој и неговото потесно семејство, кои ги пријавил во полиција. Најдобриот судија од БиХ за својата одлука го известил Судискиот комитет на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина, кој ја прифатил неговата одлука.
Железничар и Сараево ќе одиграат неколку дерби натпревари до крајот на сезоната, но Пељто нема да суди на ниту еден од нив.
Тој требаше да биде главен судија викендов на дербито меѓу Железничар и Вележ, но главен судија на „Грбавица“ ќе биде Елведин Топузовиќ. .
Пељто гради завидна кариера на меѓународен план и често суди натпревари во Лигата на шампионите. Неодамна судеше на пријателскиот натпревар меѓу Словенија и Португалија, а претходно го судеше и натпреварот Лајпциг- Реал Мадрид.
Речиси е сигурно дека ќе суди на ЕП.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.