Спорт
Далиќ: Ваков пенал не се суди во финале на СП
Хрватскиот селектор, Златко Далиќ, рекол дека финалниот натпревар на Светското првенство го решил пеналот што Аргентинецот Нестор Питана, го досуди за Франција, во финишот на првото полувреме. Гризман постигна гол, а Франција стигна предност 2:1.
Арген…
Хрватскиот селектор Златко Далиќ рекол дека финалниот натпревар на Светското првенство го решил пеналот што Аргентинецот Нестор Питана го досуди за Франција во финишот на првото полувреме. Гризман постигна гол, а Франција постигна предност, 2:1.
Аргентинецот го досуди пеналот откако ја прегледа снимката. Мислењата околу неговата одлука се поделени, но во најголем дел се дека престрого го досудил пеналот против Хрватска.
„Не знам…јас никогаш не го коментирам судењето, но сега ќе кажам само една реченица, ваков пенал не се суди во финале на светско првенство. Сепак, тоа ниту малку не ја намалува победата на Франција. Ние во некои претходни натпревари имавме повеќе среќа, тие ја имаа денес. На крај секогаш се постигнува некаков баланс“, рекол Далиќ.
Хрватка го освои второто место на СП и го постигна најголемиот успех во историјата, а капитенот Лука Модриќ е прогласен за најдобар играч на турнирот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи
Според сознанијата на шпанскиот кошаркарски портал „Енцестандо“, неколку гиганти од Евролигата се против идејата Дубаи да се приклучи во елитното натпреварување.
Иако пред неколку месеци беше претставено дека Дубаи дефинитивно ќе биде дел од европското натпреварување, може да дојде до пресврт.
Парите кои тимот би ги донел во Евролигата засега не се доволна причина.
„Енцестандо“ пренесува дека Реал е предводник на клубовите кои се противат на влезот на Дубаи цели седум години.
Наводно на страната на Реал застанале и Фенербахче и Баерн кои не сметаат дека парите треба да бидат пресуден фактор.
Еден од проблемите што би можел да го донесе Дубаи е нарушувањето на пазарот на играчи, бидејќи може да понуди многу повисоки плати од оние што моментално се во Европа.
Таму не се плаќаат даноци, па би било многу полесно да се ангажираат играчи отколку во другите европски земји.
„Енцестандо“ пренесува дека Дубаи наводно веќе им понудил договори на некои од играчите на најдобрите европски тимови со избраниот тренер Светислав Пешиќ.
Шпанците пишуваат и дека датумот кога ќе се гласа за влез на Дубаи се уште не е ни блиску.
Првобитното гласање требаше да се одржи во средината на март, а потоа беше одложено.
Во меѓувреме Дубаи е примен во АБА-лигата и примарната идеја е следната година прво да игра во Еврокупот, па дури потоа да дојде за прием во Евролигата.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.