Спорт
Далиќ останува на хрватската клупа
Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и официјално потврди дека Златко Далиќ останува селектор на сребрената репрезентација од СП во Русија и покрај големиот број на шпекулации дека тој ќе замине некаде на Блискиот Исток.
Претседателот на ХНС, Давор Шукер и…
Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и официјално потврди дека Златко Далиќ останува селектор на сребрената репрезентација од СП во Русија и покрај големиот број на шпекулации дека тој ќе замине некаде на Блискиот Исток.
Претседателот на ХНС, Давор Шукер и Далиќ имале состанок на кој отворено се зборувале за сите теми по што е договорено селекторот да остане.
„Беше важно да се зборува отворено со претседателот на сите теми и одлично е да се види дека тој има разбирање за моите прашања. Ги решивме сите несогласувања и одиме на нови предизвици“, вели Далиќ.
Далиќ ја презеде репрезентацијата пред последниот квалификациски меч во групите, по што Хрватска победи со 2:0 на гости кај Украина и обезбеди бараж во кој ја минаа Грција. По ова следуваше историскиот успех во Русија, каде што загубија со 4:2 во големото финале од Франција.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Претседателот на Ла Лига јавно кажа дека е навивач на Реал
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас отворено призна дека навива за Реал Мадрид во интервју за „Експансион“. Овој факт е познат од поодамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Овој детал Тебас го откри додека го коментираше евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал.
„Прво и основно, сето ова го кажувам како навивач на Реал Мадрид. Тоа е неверојатен трансфер, Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот. Не можам да кажам дека е најдобар бидејќи мислам дека Белингам е најдобар, и зад него е Винисиус“, рече тој и потоа додаде:
„Мбапе е еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа мора да бидеме среќни бидејќи таков играч доаѓа во нашата лига. Знам како Реал Мадрид планира да го обезбеди неговиот потпис, и покрај загриженоста и нестрпливоста на медиумите. Тоа го направија во добар момент.”
Да потсетиме, Мбапе на лето доаѓа во Реал Мадрид како слободен играч, откако ќе му заврши договорот со ПСЖ.
Спорт
(Видео) Кобајаши леташе 291 метар
Јапонскиот ски скокач Рјоју Кобајаши постави неофицијален светски рекорд во Исланд прелетувајќи 291 метар, што е за 37,5 метри подобро од официјалниот светски рекорд.
Рекордот Кобајаши го постави на специјално изградена скокалница во ски-центарот Хлидарфјал.
Кобајаши ги помести границите со летови од 256, 259 и 282 метри во двата дена од пробното натпреварување, а во средата го постави конечниот рекорд од 291 метар. Осум секунди бил во воздух и достигнал најголема брзина од 107,5 километри на час.
„Долго сонував за овој скок, отсекогаш сум сакал да летам подалеку од сите други и сакам да ги поместам границите“, изјави Кобајаши по најдолгиот лет во историјата.
Според соопштението за печатот на Ред Бул, специјалната скокалница е целосно изградена од снег. Врвот на залетиштето е на 1115 метри, а зоната на слетување завршува 360 метри подолу и има наклон од 36 степени.
Јапонецот во кариерата има 32 победи во Светскиот куп, два пати беше севкупен победник, има златен и сребрен медал од Олимписките игри во 2022 година, а три пати ја освојуваше и Новогодишната турнеја.
𝟐𝟗𝟏 𝐌𝐄𝐓𝐑𝐎́𝐖 ❗️
Ryoyu Kobayashi udowodnił, że niemożliwe nie istnieje ❗️#skijumpingfamily pic.twitter.com/Or7frTerSh
— Eurosport Polska (@Eurosport_PL) April 24, 2024
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.