Спорт
Дибиров и Јагањац во тимот на колото, Милосављев во Топ 5 одбрани (Видео)
Левиот бек на Металург Халил Јагањац и левото крило на Вардар Тимур Дибиров се најдобри на своите позиции во четвртото коло, во Лигата на шампионите.
Дибиров со осум гола го предводеше Вардар до победата во дербито на колото над Рајн Некар 29:27. Јагањ…
Левиот бек на Металург Халил Јагањац и левото крило на Вардар Тимур Дибиров се најдобри на своите позиции во четвртото коло, во Лигата на шампионите.
Дибиров со осум гола го предводеше Вардар до победата во дербито на колото над Рајн Некар 29:27. Јагањац го наполни голот на Силкеборг, постигна десет гола, но не успеа да го спречи поразот на својот тим (33:25).
Најдобрите седум во 4.коло:
Голман: Перез де Варгас (Барселона)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек. Халил Јагањац (Металург)
Среден бек: Томас Могесен (Скјерн)
Десен бек: (Магнус Род (Фленсбург)
Десно крило: Аркадиуш Норито (Кјелце)
Пикер: Сенјамин Буриќ (ППД Загреб
Видеото од тимот на колото можете да го погледнете ТУКА.
Медиа тимот на ЕХФ, ги издвои и најдобрите пет одбрани во ова коло. На второто место се наоѓа голманот на Вардар, Дејан Милосављев, кој на мечот со Рајн Некар имаше десет успешни интервенции. Најдобрите пет одбрани може да ги погледнете ТУКА.
фото: rkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.