Спорт
Дибиров поцрвене, „кариоките“ по Србија ѝ земаа мерка и на Русија на СП
Ракометната репрезентација на Бразил по вчерашната победа над Србија, предмалку ја победи и селекцијата на Русија, која вчера одигра нерешено со домаќинот на ракометното СП, селекцијата на Германија.
„Кариоките“ во еден возбудлив меч славеа многу важна…
Ракометната репрезентација на Бразил по вчерашната победа над Србија предмалку ја победи и селекцијата на Русија, која вчера одигра нерешено со домаќинот на ракометното СП, селекцијата на Германија.
„Кариоките“ во еден возбудлив меч славеа многу важна победа со резултат 25-23 откако вардарецот Тимур Дибиров им ја олесни работата. Левото крило, кое играше маестрален меч, во 53. минута заработи директен црвен картон откако ги загуби нервите и со двете раце го оттурна противничкиот голман Алмеида, кој во последната четвртина од мечот правеше чуда на бразилскиот гол и практично ги отпиша Русите.
Најдобар поединец во победничкиот тим, покрај Алмеида, беше Боргес со 7 погодоци, го следеше Лангаро со 6 и Толедо со 5.
Кај Русија Дибиров постигна 6 гола, исто колку и Житников, а веднаш зад нив беше Шкурински со 5.
На табелата во групата А прва е Франција со 6, втора Германија со 5 бода (нивниот меѓусебен меч почнува вечерва во 20.30 часот), трета е Русија со 4, а ист број бодови на четвртата победа има и Бразил. На последните две позиции се Србија со 1 и Кореја без бодови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Тен Хаг задоволен по победата над Шефилд Јунајтед
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со пресврт слаеа со 4:2 против нјлошиот тим во Премиер лигата, Шефилд Јунајтед на свој терен го пречекаа последно пласираниот Шефилд Јунајтед .
Славниот клуб двапати загуби, но на крајот успеа да победи. Тренерот на Јунајтед, Тен Хаг, по натпреварот рече дека неговиот тим одиграл добар натпревар,
„Имавме целосна контрола! Извинете, јас на поинаков начин г гледав натпреварот. Да, имавме две грешки, затоа двапати губивме. Зборуваме за две негативности, концентрација и дисциплина. Но, во остатокот од натпреварот имавме целосна контрола. Тимот покажа издржливост. Не е лесно кога губиш, но успеавме да направиме пресврт против компактен тим. Ги надигравме, бевме многу мирни“, изјави Тен Хаг и додаде:
„Мораме да го запреме тој процес. Вакви грешки не смее да се прават на врвно ниво ако сакаш да постигнуваш цели, ако сакаш трофеи. Не смеете да дозволите вакви пропусти во концентрацијата и дисциплината, бидејќи животот е многу полесен без нив.“
Спорт
Заврши сезоната за Енцо Фернандес
Играчот од средниот ред на Челзи, Енцо Фернандес, ја заврши сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“. Според овој извор на Фернадес ќе му бидат потребни неколку недели за рехабилитација.
Поранешниот фудбалер на Ривер Плејт и Бенфика, извесно време се жалеше на болки, но сепак играше. Постоеше опција лекувањето да се одложи до лето, но по консултација со лекарите на Челзи и аргентинската репрезентација тој одлучи веднаш да биде опериран.
Планот е Фернандес да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20 јуни.
Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во трансфер вреден 121 милион евра. Неговите настапи оваа сезона, сепак, се во склад со перформансите на повеќето играчи на Челзи – неубедливи и нестабилни.
Енцо оваа сезона одигра 40 од 45 натпревари за „сините“.
Спорт
Ла Лига од следната година ќе се игра во САД
Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, даде неколку интересни коментари во интервју за „Експансион“. Тамошната јавност најмногу ја коментира изјавата во која тој отворено призна дека навива за Реал Мадрид. Овој факт е познат одамна, но сега за прв пат е и јавно потврден. Тебас го откри овој детал коментирајќи ја приказната за доаѓањето на Килијан Мбапе во Реал.
Сепак, претседателот на една од најдобрите светски лиги донесе и по малку шокантна вест за сите љубители на традиционалниот фудбал. Имено, од сезоната 2025/26, некои натпревари од Ла Лига ќе се играат во Соединетите Американски Држави.
Тоа значи дека веќе следната година би можеле да го видиме првиот натпревар од шпанското првенство на американска почва.
„САД е втор најголем пазар за нас, веднаш по Шпанија. Тоа ќе ја зајакне нашата позиција таму. Другите европски лиги веќе работат таму и немаме избор, во спротивно ќе не избришат“, рече Тебас.
Инаку, уште во 2018 година имаше предлог да се игра каталонското дерби меѓу Барселона и Џирона во САД, но УЕФА го блокираше тој потег.