Спорт
Динамо Загреб првпат од 1970 ќе „презими“ во Европа, Милан со храбро реми против Бетис (видео)
Динамо Загреб со 3:1 го победи тимот на Спартак Трнава за првпат од 1970 година да „презими“ во Европа со пласман во наредната рунда со совршени 12 поени од четири меча, радувајќи ја десетилјадната публика на „Максимир“ опкружен со магла.
Динамо досега…
Динамо Загреб со 3:1 го победи тимот на Спартак Трнава за првпат од 1970 година да „презими“ во Европа со пласман во наредната рунда со совршени 12 поени од четири меча, радувајќи ја десетилјадната публика на „Максимир“ опкружен со магла.
Динамо досега двапати го победи Спартак, дома триумфираше над Фенербахче и славеше победа на гостувањето кај Андерлехт, за фантастична низа на европска сцена.
Милан, пак, си ги зголеми шансите и тој да се пласира во наредната фаза, откако Сусо ја потврди својата одлична форма и го постигна израмнувачкиот гол на гостувањето во Севилја кај Реал Бетис за 1:1 реми, откако Ло Селсо им донесе рана предност на домаќините. Во групата Ф, Бетис останува прв со 8 поени, Олимпијакос (кој со 5:1 го победи Дуделанж) и Милан имаат по 7 поени, по што последните две кола ќе одлучуваат за патникот понатаму.
Фото: ЕПА
ЛИГА ЕВРОПА, 4.КОЛО
ГРУПА А
Баер Леверкузен – Цирих 1:0
Лудогорец – АЕК Ларнака 0:0
Табела: Баер Л. 10, Цирих 9, Лудогорец 2, АЕК 2
ГРУПА Б
Розенборг – Салцбург 2:5
Селтик – РБ Лајпциг 2:1
Табела: Салцбург 12, Лајпциг 6, Селтик 6, Розенборг 0
ГРУПА Ц
Бордо – Зенит Санкт Петербург 1:1
Славија Прага – Копенхаген 0:0
Табела: Зенит 8, Славија П. 7, Копенхаген 5, Бордо 1
ГРУПА Д
Динамо Загреб – Спартак Трнава 3:1
Табела: Динамо З 12, Фенербахче 7, Трнава 3, Андерлехт 1
ГРУПА Е
Арсенал – Спортинг Лисабон 0:0
Ворксла – Карабаг 0:1
Табела: Арсенал 10, Спортинг 7, Ворксла 3, Карабаг 3
ГРУПА Ф
Реал Бетис – Милан 1:1
Олимпијакос – Дуделанж 5:1
Табела: Бетис 8, Олимпијакос 7, Милан 7, Дуделанж 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.
Спорт
Педри и Де Јонг ќе бидат подготвени за ПСЖ
Фудбалерите на Барселона, Педри и Френки де Јонг, најверојатно ќе се вратат во тимот за првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен.
„Педри и Де Јонг се повредија на почетокот на месецот на мечот против Атлетик Билбао (0:0) во шпанското првенство, но се опоравија и би можеле да бидат во тимот за дуелот во Париз“, пишува „Мундо депортиво“.
Според оовј извор, Педри веќе почнал сам да тренира, а Де Јонг се уште е на рехабилитација, но наскоро ќе почне да тренира. Лекарскиот тим на Барселона е уверен дека тој ќе биде подготвен за натпреварот против ПСЖ на 10 април.
Андреас Кристенсен и Роналд Араухо имаат проблем со ситни повреди и најверојатно поради претпазливост ќе го пропуштат претстојниот првенствен натпревар во Барселона против Лас Палмас.
Спорт
Тренер на Лестер доби отказ – бил во врска со фудбалерка од тимот
Менаџерот на женскиот фудбалски клуб Лестер сити, Вили Кирк (45) е отпуштен откако со внатрешна истрага било откриено дека го прекршил кодексот на однесување.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со фудбалерка од тимот.
Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен престој во клубот.
„По опсежни внатрешни дисциплински постапки и почитување на индивидуалната приватност, Вили го прекрши кодексот на однесување до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“, велат од клубот.
Тој му се приклучи на Лестер во јули 2022 година како спортски директор и ја замени Лидија Бедфорд на клупата четири месеци подоцна. Лестер моментално е деветти на табелата во англиската лига.