Спорт
Донесена конечната одлука – Новак Ѓоковиќ се враќа во Србија!
Агонијата е завршена. Донесена конечната одлука – Новак Ѓоковиќ се враќа во Србија!
И покрај медицинското ослободување и сите документи доставени до властите во Австралија, тие пресудиле и му забраниле влез во земјата. Тоа значи дека Србинот нема да ја брани титулата на првиот Грен слем сезонава.
“На Новак му беше укината визата. Му беше кажано да ја напушти земјата во текот на денот. Неговите адвокати се во процес на поднесување жалба. Тој не покажа царински доволно докази за медицинско ослободување”, изјави Пол Сакал, новинар на австралискиот портал „Возраст“.
Breaking: Novak Djokovic's visa has been cancelled. He's been told to leave the country today, two sources confirmed to @theage. His Lawyers are in the process of appealing. He's not demonstrated to Border Force sufficient evidence for his exemption https://t.co/TM5BF0Gu80
— Paul Sakkal (@paulsakkal) January 5, 2022
По се што се случуваше во текот на денот, јасно е дека целата ситуација има повеќе врска со политичките игри во Австралија отколку со самиот Новак, што можеше да се види и од изјавите на тамошните политичари кои постојано пристигнуваа.
Јасно е дека српскиот играч ќе мора да го почека Ролан Гарос за да стигне до 21-та Грен слем титула и да ги претекне Роџер Федерер и Рафаел Надал. Дотогаш ќе може да се одмори и да ги „наполни батериите“ за она што следува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Навивачите на Челси бараат клубот да го отпушти Покетино
Лошата сезона на Челзи кулминација доживеа синоќа на „Емирати“. Челси беше прегазен со 5:0 од градскиот ривал Арсенал.
Медиумите, а по нив и навивачите, за дебаклот го обвинија менаџерот Маурисио Покетино.
Револтираните навивачи на „сините“, како што пренесува „Фудбал инсајдер“, бараат аргентинскиот стручњак под итно да добие отказ.
Челси, досега има 13 победи, односно победи во една третина од натпреварите во Премиер лигата, премалку со оглед на вложувањата пред стартот на првенството.
Спорт
Судот одлучува за фантомскиот гол на Јамал? Лапорта ќе поднесе тужба против РФЕФ
Барселона ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) поради, како што смета, неправдата на Ел Класико.
Ова значи дека судот треба да пресуди дали топката по ударот на Ламине Јамал ја минала гол-линијата.
Барселона, во неделата, доживеа пораз во Мадрид од Реал (3:2).
Фантомскиот гол на Ламине Јамал се уште е тема на шпанските медиуми, но и ситуација од која не се откажуваат во канцелариите на „Камп Ноу“.
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта фи побара од РЕФЕ снимките од ВАР собата (видео и аудио комуникацијата). п
Федерацијата го одби барањето и соопшти дека нема да направи исклучок за Барселона. Сега Барселона сака да добие дозвола видео-записот да му го предаде судот. Лапорта побара и да се повтори Ел Класико.
Во шпанскиот шампионат нема гол-технологија, а ВАР сметаше дека топката не ја минала линијата со полн волумен.
Спорт
Капитенот реши да си замине од Атлетик Билбао
Икер Муниаин реши да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната.
Легендарниот офанзивец по освојувањето на Купот на кралот сфати дека тоа е најдобриот момент да се збогува со својот сакан клуб, по цели 20 години.
Муниаин е секако дете на клубот, а во академијата на Атлетико пристигна како 11-годишник и ќе замине втор на листата на одиграни натпревари, досега 557, но нема да го престигне недопирливиот Ќоп Ирибара, кој одигра 614.
Но, Муниан реши да си замине во вистински момент, има 31 година, конечно го освои Копа дел Реј, претходно Суперкупот на Шпанија во 2015 и 2021 година.
Нема намера да остане во Шпанија, голема е веројатноста да ја напушти и Европа, иако се уште нема донесено конечна одлука за тоа.
Својата одлука Муниаин веќе им ја соопштил на соиграчите и раководството на клубот, за до крајот на сезоната достојно да се збогуваат од навивачите и од „Сан Мамеш“.
Инаку, Муниан дебитираше за првиот тим уште на 30 јули 2009 година против Јанг Бојс и постигна 75 гола за Атлетик.
Погледнете го неговото емотивно видео кое го најавува неговото заминување од Атлетик Билбао…