Спорт
Екстра бонуси од „Спорт лајф“ – од 2.000 евра добивка, 750 евра бонус
„Спорт лајф“ им донесе дополнителна добивка на своите типувачи со новите бонуси.
Типувач од Кисела Вода тоа го искористи и направи висок скок од 50 до 221.750 денари! Едноставно, вложил 50 денари и решил да игра 9 пара од националните лиги само со конечни типови 1 или 2, освен за мечот Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, каде што го добил типот Т12+& ГГ. Б. Дортмунд го победи Баерн со 3:2 на свој терен и покрај водството на Баерн во прво полувреме со голот на Левандовски. Пресвртите сигурно му ги истанчиле нервите на нашиот типувач бидејќи Борусија најпрвин резултатот го изедначи од пенал, но по само 3 минути повторно прими гол од Левандовски за ново водство. Потоа, Борусија направи пресврт возвраќајќи со 2 последователни гола и резултат за конечна победа и висок скор на типувачот на „Спорт лајф“ од 3.600 евра.
Вториот и уште повисок бонус од 750 евра е остварен во Гостивар, каде што играчот заминал со вкупна добивка од 2.000 евра или 123.635 денари. Нанижал дури 16 натпревари од разните национални лиги, иако со пониски квоти, ги погодил сите и ја остварил целта повторно со само 50 денари влог. А типовите се едноставни предвидувања за конечните резултати или победи на овие натпревари. Така, оваа недела, со конечни типувања 1 или 2, до одлични бонуси и високи добивки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Миовски избран во тимот на сезоната во Шкотска
Maкедонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби награда за извонредите парти во Премиер лигата на Шкотска. Миовски е избран во идеалниот тим на сезоната.
Миовски го предводи нападот во формацијата 4-3-3 заедно со Лоренс Шанкленд од Хартс, Тио Бер од Мадервил.
🏆 PFA Scotland Premiership Team of the Year.
As voted by the players, here’s your selection for 23/24:
Jack Butland
James Tavernier
Cameron Carter-Vickers
Liam Scales
Owen BeckMatt O’Riley
John Lundstram
Callum McGregorBojan Miovski
Lawrence Shankland
Theo Bair… pic.twitter.com/FjQ5HNpQgm— PFA Scotland (@PFAScotland) April 20, 2024
Инаку, Миовски денеска постигна гол во полуфиналето на Купот против Селтик, но неговиот тим не успеа да се пласира во финалето.
Натпреварот заврши 3:3, а Селтик пебал-серијата ја доби со 6:5.
Bojan Miovski LOVES Hampden Park! 😍
A dream start for @AberdeenFC as they take the lead against Celtic 🔴#ScottishCup pic.twitter.com/ePvLHsIF81
— Premier Sports (@PremSportsTV) April 20, 2024
Спорт
УЕФА го суспендира Емилијано Мартинез
Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, поради суспензија ќе го пропушти првиот полуфинален натпревар од Конференциската лига против Олимпијакос, потврди Европската фудбалска унија (УЕФА).
Мартинез, во четвртокот, во реваншот од четвртфиналето против Лил доби жолт картон во 39. минута, а втор жолт картон при изведувањето на пенали поради неспортско однесување кон домашните навивачи.
Аргентинскиот голман не беше исклучен, бидејќи жолтите картони во текот на натпреварот не важат во пенал серијата.
Сепак светскиот првак со Аргентина доби суспензија. УЕФА го казни Мартинез бидејќи во пенал-серијата константно ја провоцираше домашната публика.
Астон Вила по изведувањето пенали го победи Лил со 4:3, а Мартинез одбрани два пенали, во првата и петтата серија им одбрани на Бенталеб и Андре.
Првиот натпревар од полуфиналето на Конференциската лига меѓу Астон Вила и Олимпијакос ќе се одигра на 2 мај во Бирмингем, а реваншот седум дена подоцна во Грција.
Спорт
Барселона сака да го врати Олмо
Дани Олмо, веројатно ќе го напушти Лајпциг во летниот преоден рок. Шпанскиот репрезентативец има откупна клаузула од 60.000.000 евра, сума која за богатите клубови не претставува никаков проблем.
Меѓу заинтересираните екипи се Манчестер јунајтед, Баерн и Барселона, од чија младинска школа потекнува Олмо.
Шпанецот оваа сезона одигра 22 натпревари за Лајпциг, постигна осум гола и забележа пет асистенции.
Како јуниор од Барселона премина во Динамо Загреб, како дел од трансферот на Ален Халиловиќ, а потоа за 29 милиони евра се пресели во Лајпциг.