Спорт
ЕП атлетика: Перковиќ маестрално до петто злато, Ингебритсен пак ги победи браќата
Норвешкиот тинејџер, Јакоб Ингебригтсен по титулата на 1.500 метри стана европски шампион и на 5.000 метри, победувајќи го својот постар брат Хенрик во една од најневеројатните трки на ЕП во Берлин.
Јакоб има само 17 години, но веќе многумина го сметаа…
Норвешкиот тинејџер, Јакоб Ингебригтсен по титулата на 1.500 метри стана европски шампион и на 5.000 метри, победувајќи го својот постар брат Хенрик во една од најневеројатните трки на ЕП во Берлин.
Јакоб има само 17 години, но веќе многумина го сметаат за најталентираниот европски тркач на средни патеки во последните дваесетина години.
Хрватката Сандра Перковиќ пак, со фантастична далечина од 67.62 метри стигна до своето петто европско злато во низа во фрлање диск, како единствена атлетичарка со ваков успех.
На Перковиќ не одеше најдобро во првите серии, но потоа нејзината далечина беше недостижна за германските ривалки – Надин Милер освои сребро со речиси пет метри послаб обид (63.00), а Шанис Крафт беше бронзена (62.46).
Двојна титула во Берлин освои и Британка Дајна Ашер-Смит, откако по победата на 100 метри, триумфираше и во трката на 200 метри со време од 21.89, пред двете холандски ривалки, Дафне Схиперс (22.14) и Џамил Самуел (22.37).
Фото: ЕПА
ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН
20 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (М)
1.Мартин Алваро (Шпа) 1:20:42
2.Диего Гарсија Карера (Шпа) 1:20:48
3.Василиј Мизинов (Рус) 1:20:50
20 КМ БРЗО ОДЕЊЕ (Ж)
1.Марија Перез (Шпа) 1:26:36
2.Анежка Драхотова (Чеш) 1:27:03
3.Антонела Палмисано (Ита) 1:27:30
СКОК ВО ВИСОЧИНА (М)
1.Матеуш Прзибилко (Гер) 2.35 м
2.Максим Недасекау (Блр) 2.33 м
3.Иља Ивањук (Рус) 2.31 м
СКОК ВО ДАЛЕЧИНА (Ж)
1.Малајка Михамбо (Гер) 6.75 м
2.Марина Бех (Укр) 6.73 м
3.Шара Проктор (Бри) 6.70 м
400 МЕТРИ (Ж)
1.Јустина Свјети-Ерсетич (Пол) 50.41
2.Марија Белибасаки (Грц) 50.45
3.Лисане де Вите (Хол) 50.77
ФРЛАЊЕ ДИСК (Ж)
1.Сандра Перковиќ (Хрв) 67.62 м
2.Надин Милер (Гер) 63.00 м
3.Шанис Крафт (Гер) 62.46 м
800 МЕТРИ (М)
1.Адам Кшчот (Пол) 1:44.59
2.Андреас Крамер (Шве) 1:45.03
3.Пјер-Амброаз Бос (Фра) 1:45.30
200 МЕТРИ (Ж)
1.Дајна Ашер-Смит (Бри) 21.89
2.Дафне Схиперс (Хол) 22.14
3.Џамил Самуел (Хол) 22.37
5.000 МЕТРИ (М)
1.Јакоб Ингебригтсен (Нор) 13:17.06
2.Хенрик Ингебригтсен (Нор) 13:18.75
3.Морхад Амдуни (Фра) 13:19.14
4х400 МЕТРИ (М)
1.Белгија 2:59.47
2.Велика Британија 3:00.36
3.Шпанија 3:00.78
4х400 МЕТРИ (Ж)
1.Полска 3:26.59
2.Франција 3:27.17
3.Велика Британија 3:27.40
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.