Спорт
Игуаин: Заслужив повеќе почит од Јувентус
Аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин ги мина лекарските прегледи во Милано и откако ќе го парафира договорот и официјално ќе стане играч на Милан.
Игуаин стана вишок во Јувентус, откако во Торино пристигна Кристијано Роналдо, за кого клубот изд…
Аргентинскиот репрезентативец Гонзало Игуаин ги мина лекарските прегледи во Милано и откако ќе го парафира договорот и официјално ќе стане играч на Милан.
Игуаин стана вишок во Јувентус, откако во Торино пристигна Кристијано Роналдо, за кого клубот издвои 100 милиони евра.
„Јас не сакав да си одам од Јувентус. Немаа избор поради финансиските промени што се случија во клубот и ми посакаа се најдобро во иднина. По се она што го направив за клубот мислам дека заслужив малку повеќе почит, но тоа е фудбалот“, изјаво Игуаин по пристигнувањето во Милано.
Во замена за Игуаин, во Јувентус се врати Леонардо Бонучи, а во Милано пристигна и Матео Калдара.
Аргентинецот оваа сезона ќе се води како отстапен фудбалер, а Милан на Јувентус ќе му плати 18 милиони евра, а наредното лето „росо-нерите“ ќе го откупат за 36 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Емери уште три години во Бирмингем
Раководството на Астон Вила реши да го задржи тренерот Унаи Емери. Клубот на шпанскиот тренер му понудил нов, тригодишен договор.
Вила од „јо-јо“ тим, повторно стана релевантна сила во англискиот фудбал. Оваа сеозна се бори за место во Лигата на шампионите и трофејот во Конференциската лига. Не е изнендување што управата сака да го задржи Емери кој е најзаслужен за овие резултати.
Емери и се приклучи на Вила во октомври 2022 година, кога тимот се бореше за опстанок. На крајот од таа сезона со тимот избори место во Конференциската лига, во кое оваа сезона стигна до полуфиналето.
Во лигата жестоко се бори со Тотенхем за четврто место и пласман во Лигата на шампионите. Откако Емери ја презеде Астон Вила, само Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал имаат освоено повеќе бодови во Премиер лигата.
Унаи Емери е поранешен тренер на Алмерија, Валенсија, Спартак Москва, Севилја, Пари Сен Жермен, Арсенал и Виљареал.
Спорт
Репрезентациите на Евро со 26 наместо со 23 играчи
Европската фудбалска унија (УЕФА) е блиску до конечна одлука за зголемување на бројот на фудбалери во репрезентациите за овогодинешното Европско првенство во Германија, пренесува „Скај Спортс“.
Иако долго се споменуваше, оваа промена за првпат беше официјално предложена на почетокот на април во Дизелдорф, на иницијатива на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ Пикси, каде што се одржа завршната едукативна работилница на УЕФА.
Како што пренесува „Скај Спортс“, делегатите на националните натпреварувања во понеделникот гласале за промена и зголемување од 23 на 26 фудбалери кои треба да им бидат на располагање на селекторите во Германија.
Тоа не е конечна одлука, бидејќи прво треба да биде одобрена од Извршниот одбор. Се очекува тоа да се случи пред 22 мај, за кога е закажана следната седница на ова тело.
Последен пат проширените тимови беа користени во 2021 година на Европското првенство, како мерка што им олесни на селекторите да се справат со пандемијата на коронавирусот.
Фудбалските сојузи имаат рок до 7 јуни да ги испратат конечните списоци со играчи за Европското првенство.
Натпреварувачката сезона во Европа ќе заврши со финалето на Лигата на шампионите на 1 јуни, а Европското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.
Спорт
(Видео) Отказ, па казна за Вујовиќ – Му забранија да биде тренер во Хрватска
Дисциплинскиот судија на Хрватскиот ракометен сојуз ги изрече казни за претставниците на екипата на Нексе од Нашице за инцидентот на мечот со Загреб на 8 април.
Делегатот на тој натпревар, во мешаницата која настана кај записничјката маса, намерно беше удрен од играчот на Нексе, Словенецот Марко Безјак, а натпреварот набргу потоа беше прекинат.
Лекарска помош му беше укажана и на делегатот Анте Јосиќ, а судиите по дваесетина минути означија крај на натпреварот. Натпреварот подоцна беше регистриран со службен резултат 10:0 во корист на Загреб
Инцидентот се случи како последица на големото незадоволство на домашните поради низа судиски одлуки. Во еден момент сите тргнаа кон делегатот, таму беше и тренерот Веселин Вујовиќ, а врв на се беше неспортскиот потег на Безјак.
На се’ му претходеше протест на Вујовиќ до делегатот поради спорната одлука на судијата да го поништи голот на неговиот тим и наместо тоа да покаже седмерец.
Поради ова, дисциплинскиот судија Среќко Илиќ изрече забрана за играње ракомет на Безјак 12 месеци, а на Андраж Велкаврх му изрече суспензија на четири натпревари.
На Веселин Вујовиќ му е изречена дисциплинска мерка забрана за вршење на тренерска функција во траење од три месеци. Вујовиќ неодамна доби отказ од клупата на Нексе по поразот од Пореч. Тимот во преостанатиот дел од сезоната ќе го води поранешниот помошник Крешо Иванковиќ.
Покрај тоа, клубот е казнет со 4.000 евра.