Спорт
Извлечени двојките за нокаут-рундата во Лига Европа
Лацио-Севилја, Селтик-Валенсија и Галатасарај-Бенфика се нај привлечните двојки што ќе се одиграат во рамките на шеснаесетина финалето во Лига Европа. Ова е епилогот на денешната ждрепка што се одржа во Нион, Швајцарија.
Во нокаут фазата во Лига Европа…
Лацио-Севилја, Селтик-Валенсија и Галатасарај-Бенфика се нај привлечните двојки што ќе се одиграат во рамките на шеснаесетина финалето во Лига Европа. Ова е епилогот на денешната ждрепка што се одржа во Нион, Швајцарија.
Во нокаут фазата во Лига Европа, како дел од своите тимови ќе настапат тројца македонски репрезентативци: Аријан Адеми (Динамо Загреб), Елиф Елмас (Фенербахче), Стефан Ристовски (Спортинг Лисабон) и Дејан Илиев (Арсенал).
Динамо со Адеми е игра против Викторија Плзен, Спортинг на Ристовски оди на Виљареал, Елмас и Фенербахче ќе играат против Зенит, додека тимот на голманот Илиев, Арсенал, е апсолутен фаворит против БАТЕ Борисов.
Лига Европа, 1/16 финални двојки:
Викторија Плзен-Динамо Загреб
Клуб Бриж-Салцбург
Рапид Виена-Интер
Славија Прага-Генк
Краснодар-Баер Леверкузен
Цирих-Наполи
Малме-Челси
Шахтјор-Ајнтрахт Франкфурт
Селтик-Валенсија
Рен-Бетис
Олимпијакос-Динамо Киев
Лацио-Севилја
Фенербахче-Зенит
Спортинг Лисабон-Виљареал
БАТЕ Борисов-Арсенал
Галатасарај-Бенфика
Првите осмина-финални натпревари ќе се одиграат на 12. и 14. февруари, а реваншите на програмата ќе бидат на 20. и 21. февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.