Спорт
Кадетите по историскиот резултат на прием во МКФ
Младите македонски кошаркар (играчи до 16 години)и кои со освоеното трето место на Европското првенство, Б-дивизија, во Сараево, изборија пласман во елитната дивизија, во понедлникот, имаа прием кај првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, …
Младите македонски кошаркар (играчи до 16 години)и кои со освоеното трето место на Европското првенство, Б-дивизија, во Сараево, изборија пласман во елитната дивизија, во понедлникот, имаа прием кај првиот човек на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумовски.
Селекторот на репрезентацијата, Александар Јванчев, на првиот човек на МКФ му врачи еден од освоените медали во Сараево.
„Благодарност на федерацијата која ме остави две години и шест месеци да работам со овие деца. Кога почнавме да работиме, имавме проблем со националното чувство кај децата. Тешко беше да се работи со деца и да им се стави до знаење дека националниот дрес е над се и пред се. Кога дојдовме на ЕП, децата дадоа се од себе на настанот, не беше тешко да се контролира. Сите оние турнири што ги игравме во минатото, помогнаа да целиот настан биде полесен за нас. Турнирот во Скопје, како и тестовите во Белград беа за нас Европско првенство пред настапот на ЕП. Со репрезентативците имам одличен однос, има перспективни играчи. Мора да продолжат да работат. Федерацијата го направи првиот чекор, се надевам дека ќе продолжат и во иднина да се градат млади играчи“, рече Јованчев.
„Би се навратил уште од самиот мој избор за претседател, каде што најголемиот акцент го дадов на работата со младите категории затоа што се гледаше веќе тоа од многу подалеку дека работата и континуитетот со младите изостанува во последните 15-16 години. На некој начин, вештачки се радувавме на успехот во 2011 година, затоа што мислевме дека со тој успех, ќе продолжи развојот на македонската кошарка и создавањето на младински играчи. Ако не се работи со нив, тие нема сами да се создадат. Почнавме со ангажмани и проекти врзани со ФИБА, пред две и пол години. Раководството на сегашната федерација има неколкугодишно искуство со тоа. Го направивме во соработка со турската кошаркарска федерација и ги користевме нашите лични врски за да издејствуваме проект кој може да го создадеме на наше тло. Видовме дека овој проект има позитивни импликации во развојот на децата, со самото тоа што дружбата на децата трае подолготрајно, за разлика од другите селекции. Зголемено е оваа година, го надополнивме со вистински подготовки и хемија којашто е потребна за подобрување на психофизичките карактеристики на секој играч. 2002 година е онаа што ја започнавме, не израдува, голема благодарност до стручниот штаб. Но, мора да напоменеме дека не застануваме тука, следи проект и за деца родени во 2003 година. Се изборивме и овој проект да продолжи со 2004 година. Ќе се работи за да се задржат сите деца и да не се дозволува нашите деца да одат надвор од нашите граници“, истакна истакна претседателот на МКФ, Наумоски.
извор: mkf.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.