Спорт
Канте ќе остане во Челси уште пет години
Фудбалскиот клуб Челси, во петокот, објави дека Нголо Канте го продолжил договорот. Францускиот репрезентативец ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и во наредните пет години, односно до 2023 година.
„Среќен сум што го продолжив договорот со Челси. Зад мене с…
Фудбалскиот клуб Челси во петокот објави дека Нголо Канте го продолжил договорот. Францускиот репрезентативец ќе остане на „Стенфорд бриџ“ и во наредните пет години, односно до 2023 година.
„Среќен сум што го продолжив договорот со Челси. Зад мене се две прекрасни години, а веќе им се радувам на годините што доаѓаат. Откако дојдов тука, целосно напредував како играч. Добив некои награди за кои никогаш не помислував дека можам да ги добијам“, изјавил Канте за клупската интернет-страница.
Клубот не ги објави финансиските детали од новиот договор, но англиските медиуми уште пред неколку дена шпекулираа дека тој неделно ќе заработува 290.000 фунти, што го прави еден од најплатените играчи во историјата на Челси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Арне Слот преговара со Ливерпул
Ливерпул напорно работи да го најде наследникот на Јирген Клоп, а последен кандидат е Арне Слот. Тренерот на Феенорд бележи одлични резултати со холандскиот тим кој го привлече вниманието на великанот од „Енфилд“.
Феенорд, сезонава е на второто место во првенството, додека лани беше шампион, минатиот викенд го освои трофејот во Купот на Холандија.
Според добро информираниот Фабрицио Романо, веќе е остварен контакт помеѓу Слот и Ливерпул, а преговорите се движат во позитивна насока.
Наскоро се очекуваат нови разговори
Исто така, нема откупна клаузула во договорот на Слот со Феенорд, па холандскиот тим ќе бара обештетување за да му дозволи на тренерот пред време да го заврши договорот.
Истото се случи минатата година, кога Слот преговараше со Тотенхем, но не беше постигнат договор меѓу двете страни.
Спорт
Тајрис Мекси „најмногу напредувал“
Тајрис Мекси од Филаделфија Севентисиксерс најмногу напредувал оваа сезона. Мекси, во изборот за оваа награда, во која гласаат 100 претставници на медиумите, доби вкупно 319 поени, само 14 повеќе од второпласираниот Коби Вајт од Чикаго Булс.
Третото место му припадна на турскиот центар Алперен Шенгун од Хјустон Рокетс, на кого шансата да ја добие наградата му ја уништи повредата, поради која ја заврши сезоната месец и половина порано од останатите.
Минатата година, честопати заменувајќи го Џејмс Харден во стартната петорка, Мекси навести експлозија во неговата четврта сезона во НБА.
По заминувањето на Харден во ЛА Клиперс, а особено по повредата на Џоел Ембид, Мекси стана прва опција во нападот на Филаделфија. Сезоната ја заврши со просек од 25,9 поени, 3,7 скока и 6,2 асистенции. За прв пат беше избран и за Ол-стар натпреварот.
Со доделувањето на оваа награда, НБА почна да ги објавува сите индивидуални награди за оваа сезона, вечерва ќе го прогласи најдобриот шести играч, утре најдобар клач, а викендот најдобар тренер на лигата.
Следната недела следува прогласување на најдобриот дебитант и одбранбен играч, а кулминација е прогласувањето на МВП и првата петорка на лигата.
Спорт
Барселона го продава Де Јонг
Фудбалскиот клуб Барселона го подготвува трансферот на Френки де Јонг. Клубот ќе ги разгледа понудите на заинтересираните за услугите на Холанѓанецот. Де Јонг поради повреда ја заврши сезоната, па не е исклучено дека настапот во Ел Класико (во неделата Барселона загуби 3:2 од Реал), да биде негиот последен меч во дресот на Барселона.
Локалните медиуми тврдат дека Чави Ернандез и неговиот стручен штаб повеќе не го сметаат Де Јонг за недопирлив во тимот. Наводно им станало јасно дека не може сам да игра во дефанзивниот ред за врска. Токму на оваа позиција Барселона планира да се засили во летниот преоден рок.
„Релево“ тврди дека Де Јонг е достапен за сум од 70 милиони евра. Тие пари потоа клубот би ги вложил во врвен заден играч за врска, а во оптек се неколку имиња: Мартин Зубименди (Реал Сосиедад), Џошуа Кимих (Баерн Минхен) и Андре Онана (Евертон).
Дополнително, Де Јонг е убедливо најплатен играч на Барселона, а неговата плата дополнително ќе се зголеми во сезоната 2024/25, бидејќи еднаш потпиша нов договор поради коронавирусот каде што неговите приходи постепено ќе се зголемуваат од година во година.
Де Јонг пристигна во Барселона во летото 2019 година од Ајакс за 75 милиони евра, а се чини дека никогаш не го достигна целиот свој потенцијал и не ја направи разликата според очекувањата. Исто така, планот беше тој да биде замена за Серхио Бускетс, но во Барселона најмногу играше како централен, а не како заден играч од средниот ред.
Холанѓанецот претходно беше мета на Баерн Минхен, Пари Сен Жермен и Манчестер Јунајтед.