Контакт

Спорт

Клоп: Против Наполи ќе го добиеме тоа што го заслужуваме

Јирген Клоп, менаџерот на минатогодишните финалисти од Лигата на шампионите, Ливерпул, вели дека е време да се исправат грешките во нивната нова сезона пред дуелот со Наполи, кој може да значи елиминација во групната фаза.
Трите порази на гости на „црв…

Објавено пред

Јирген Клоп, менаџерот на минатогодишниот финалист од Лигата на шампионите, Ливерпул, вели дека е време да се исправат грешките во новата сезона пред дуелот со Наполи, кој може да значи елиминација во групната фаза.

dobivaj vesti na viber

Трите порази на гости на „црвените“ значат дека тие мора да го победат Наполи со 1:0 или со два гола разлика на „Енфилд“ во вторник за да одат понатаму. Ливерпул загуби од Наполи на гости во меч во кој доминира, а загуби и од Црвена звезда и од Пари Сен-Жермен на гости.

„По мечот со Наполи, знаевме дека не сме доволно добри. Во Белград не беше подобро. Во Париз имавме подобар меч, бидејќи ПСЖ е силен тим на својот стадион. Им дадовме добар меч и загубивме. Им кажав на момците дека ако не се случи ништо со судиските одлуки, утре ќе го добиеме тоа што го заслужуваме. Имаме шанса и мораме да ги поправиме грешка. Кога имате шанса, не смеете да ја пропуштите“, вели Клоп.

Ливерпул, по викендов, е на првото место во Премиер лигата кога Манчестер сити загуби на гостувањето кај Челси, но Клоп вели дека предноста од еден поен во овој дел од сезоната не значи ништо.

„Нема да се смениме. Уште е декември, не е ниту Божик, а сезоната завршува во мај. Не се занесуваме бидејќи знаеме колку е тешко“, додава Клоп.

Фото: ЕПА



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Ноер го урна рекордот на Касиљас во Лигата на шампионите

Објавено пред

Баерн,во Минхен, го победи Арсенал со 1:0 и со вкупен резултат 3:2 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Возвратниот натпревар го реши голот на Џошуа Кимих во 64.минута. Баерн во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот на „Алијанц Арена“, го одбележа и рекордот на Мануел Ноер (38). За голманот на Баерн ова беше 58. натпревар во Лигата на шампионите на кој не примил гол, со што ја надмина легендата на Реал, Икер Касиљасс, трет на вечната листа е Италијанецот Џанлуиџи Буфон со 52 натпревари на кои не примил гол.

Ноер на тој начин стана рекордер на елитното европско клупско натпреварување.

Мануел Ноер во кариерата играше за Шалке и Баерн, а во клубот од Минхен е од 2011 година. Според податоците на „Трансфермаркт“, тој одиграл вкупно 513 натпревари за Баварците и со нив два пати ја освоил Лигата на шампионите, во 2013 и 2020 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

Роналдо го доби судскиот спор со Јувентус

Објавено пред

Кристијано Роналдо (39) ја доби правната битка против Јувентус поради спорот околу платата. Јувентус ќе мора да му плати на Роналдо околу десет милиони евра плус камата. За потсетување, Португалецот побара од италијанскиот гигант да му исплати дури 19,9 милиони евра заостанати плати кои не ги добил за време на карантинот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Јувентус двапати ги намали платите за време на кризата со корона. Прво во 2020 година им ги скрати платите на сите играчи подеднакво за да заштеди пари бидејќи немаше приход од билети и натпревари, а потоа во 2021 година управата разговараше со секој играч поединечно за намалување на платата.

Во тој момент Роналдо заработуваше 31 милион евра нето годишна плата и се согласи да ја одложи исплатата на речиси 20 милиони евра додека не заврши пандемијата. Јувентус никогаш не му ги платил тие пари, поради што тој го тужеше клубот.

Роналдо за Јувентус одигра 134 натпревари. Тој постигна 101 гол и забележа 22 асистенции во периодот 2018 – 2021 година.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Лунин го однесе Реал во полуфиналето – Европа ќе добие нов шампион

Објавено пред

Реал Мадрид го елиминира европскиот првак Манчестер сити во четвртфиналето, во Лигата на шампионите. „Кралскиот клуб“, во Манчестер, го доби пенал рулетот со 4:3, откако во основниот дел и во дополнителните 30 минути натпреварот заврши 1:1. Херој на победата е голманот Луни кој во пенал серијата ги одбрани ударите на Бернардо Силва и Ковачиќ.

dobivaj vesti na viber

Четвртфиналниот реванш на „Етихад“ се движеше во еден смер. Сити напаѓаше во текот на целиот натпревар, Реал во најголемиот дел се бранеше во низок блок, на 20-25 метри од голот.

Намерата на Анчелоти беше јасна да се одбрани својот гол, а према напред да се бара шанса преку контранапади. И таквата определба му донесе гол од првата шанса. Во 12.минута Родриго од втора го совлада Едерсон.

Сити и покрај тоа што напаѓаше не успеа да створи многу чисти шанси. Во првиот дел најдобрата ја пропушти Халанд кога ја погоди гредата.

Притосокот на Сити вроди со плод во 76.минута, кога по ударот на Доку, Ридигер лошо реагираше, а одбиената топка во голот ја смести Де Брујне.

Реал во полуфиналето ќе игра против Баерн Минхен. Втората полуфинална двојка вчера ја формираа ПСЖ и Борусија Дортмунд.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет22 минути

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Македонија11 часа

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ17 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија18 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ19 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија19 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија20 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија21 час

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија22 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион24 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет1 ден

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија1 ден

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет1 ден

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија1 ден

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...