Спорт
Колина веќе не е главен на судиите во УЕФА, на негово место Росети
Легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина се повлече од позицијата главен за судиите во Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради „лични причини“.
58-годишниот Колина, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите судии во историјата на фуд…
Легендарниот италијански судија Пјерлуиџи Колина се повлече од позицијата главен за судиите во Европската фудбалска федерација (УЕФА) поради лични причини.
58-годишниот Колина, кој многумина го сметаат за еден од најдобрите судии во историјата на фудбалот, својот квалитет го покажа во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година и во финалето на Светското првенство во 2002 година.
Collina ha sido reemplazado por Roberot Rosetti como jefe del arbitraje en #UEFA pic.twitter.com/zRVyiFMC4Z
— Elmer Polanco (@PolancoESA) August 1, 2018
Меѓутоа, неговото владеење како одговорен човек за судиите не помина толку легендарно, а минатата сезона особено беше на удар во неговата татковина по контроверзниот финиш на четврт-финалето на Лигата на шампиони помеѓу Реал Мадрид и Јувентус.
Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, директно го нападна Колина дека е виновен за делегирањето на англискиот судија Мајкл Оливер, кој досуди пенал за Реал во последните минути од реваншот на „Сантијаго Бернабеу“ и по кој Реал намали на 1:3 и одеше понатаму.
На негово место доаѓа уште еден италијански арбитаер – поранешниот судија од Серија А, Роберто Росети. Росети беше одговорен за ВАР-проектот на видеопомош за судиите на Светското првенство во Русија, кое според генералната оценка помина добро, иако имаше неколку сомнителни ситуации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.