Домашен
Лазаров: Бајката на Вардар е порака за Европа – Барселона и ПСЖ може да се урнат и без милиони
Македонскиот ракометар Кире Лазаров напиша коментар за хрватскиот портал „Индекс“ за успехот на ракометарите на Вардар.
Ви пренесуваме дел од него:
Ова е бајка за која ќе се зборува со години
Ова е бајка. Приказна за која ќе се зборува со години. Вардар стана симбол дека е можно и она што сите велат дека е невозможно. Вардар стана инспирација за сите луѓе во светот, не само за спортисти, да сфатат дека најважното нешто во животот е да се верува, крваво да се работи да се даде последната капка крв и пот да ги исполните своите соништа. Овие момци седум-осум месеци не добиле плата. Лесно е за нас сега да паметуваме, но единствената вистина може да ја кажат оние кои на своја кожа почувствувале како е да се живее и да се работи во такви услови. Пред две години, кога беа шампиони на Европа, Вардар имаше страшен тим, беа финансиски силни и не беше изненадување тоа што се искачија на покривот на Европа. Ова што сега се случи е сосема поинакво. Минатата или во текот на оваа сезона си заминаа неколку главни играчи како Циндриќ, Штербик, Борозан и Алекс Душебаев. Никој не им даваше ниту грам шанса дека ќе се изборат за Ф4, а камоли да станат прваци на Европа.
Овие момци на младите спортисти им ја испратија најмоќната порака: Немате право на оправдување и алиби
Само тие веруваа дека можат и направија нешто што е многу поважно од самиот резултат. Испратија силна порака на сите млади спортисти дека нема изговори, дека нема алиби. Нема повеќе оправдувања дека управата не чини, дека нема пари, дека соиграчите се вакви или онакви, дека противниците имаат многу поголем буџет и поквалитетна екипа. Вардар докажа дека се е можно и нивната приказна мора да стане патоказ на сите млади луѓе дека треба да се верува во чуда. Неверојатно ми е како во тие години на беспарица, секојдневни написи во медиумите дека клубот се распаѓа, не се скараа, не се наруши хемијата кај момците. Се случи сосема спротивното, имам чувство дека тоа што се случуваше во Вардар само дополнително ја зближи екипата и дека проработе инаетот. Во животот сум освоил многу нешта, но ретко сум бил толку среќен. Македонец сум и горд сум што една ваква спортска бајка раскажа еден македонски тим. Вардар во Македонија е институција, многу повеќе од клуб. Вардар во Македонија е тоа што се Хајдук и Динамо во Хрватска. Симбол. Затоа се надевам дека овој трофеј и ова чудо кое го направија ќе поместат некои работи и верувам дека Вардар ќе остане голем и моќен.
Целиот коментар, прочитајте го ТУКА!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Домашен
Денеска во Прилеп 11. планинска трка „Крали Марко Треилс“
Во Прилеп денеска ќе се одржи 11. трка во планинско трчање „Крали Марко Треилс“. Од 250-те пријавени учесници, 78 отсто се од земјава, а останатите 50-тина се од други 12 држави, најмногу од регионот: Србија, Косово, Грција, Албанија,… На трката ќе учествуваат повеќето од најбрзите македонски планински тркачи, репрезентацијата во планинско трчање на Србија, како и поранешната шампионка на Шведска во 100 километарски ултра маратон Лиса Ринг.
„Крали Марко Треилс“ предвидува две трки со различни должини. Пократката, долга 18 километри, е најстарата и најпопуларна планинска трка во државава, наречена „Трескавец Треил“. Почнува од Варош во Прилеп и преку Марковите Кули и пејсажните ритчиња ги води 160-те натпреварувачи кон манастирот Трескавец, а потоа назад во Прилеп.
Подолгата трка, „Камена Баба Треил“, долга 35 километри, исто така почнува од Варош и ја следи патеката до манастирот Трескавец, но оттаму продолжува низ карпести предели преку Камена Баба. За неа се пријавени 80-тина планински тркачи.
Настанот е во организација на здружението ТРЕКС од Скопје и е наменет за рекреативни, аматерски и професионални спортисти со различно ниво на физичка подготвеност.
Домашен
(Видео) Бугарски навивачи се судрија со полицијата на стадион: фрлаа со предмети, па следуваше апсење
Бугарски навивачи се судрија со македонската полиција на арената „Тодор Проевски“ каде се игра натпреварот Шкупи (Македонија) и Левски Софија (Бугарија).
Турканицата продолжи со вадење на ремени од страна на навивачите и фрлање предмети како што се лименки пива, сокови и слично. По ова, имаше и неколкумина уапсени. Полицијата ги извади од стадионот и однесе со комбиња во станица.
„Макфакс“ контактираше со МВР од каде проверуваат зошто дошло до судирот, како и, како е постапено со уапсените лица.
Ова е втор инцидент. Претходно, во Чаир, беа каменувани два автомобили со бугарски натпреварувачи. На ова претходеа низа провокации на социјалните мрежи и телевизиски изјави со навредувачки пароли за Македонија. Навредувачки навивачки песни, се пееа и на трибините.
Домашен
(Видео) Оформен предмет за полицаецот кој со пендрек го нападна Талески: Имало турканица, службеник преземал и физички мерки
МВР отвори предмет против полицаецот кој со пендрек го удри ракометарот Филип Талески, за да се утврди зошто се решил на таков потег и дали ќе следи казна. Чинот наиде на лавина коментари во јавноста и осуда. Досега, во МВР не е поднесена пријава за ударот на Талески.
„По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР за „Макфакс“.
Тие додаваат дека пријава досега не добиле.
„По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица“, додава МВР.