Спорт
Лацио го освои Марсеј, Лофтус-Чик со хет-трик за Челси (видео)
Лацио стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Марсеј за да се врати по поразот од Ајнтрахт и да ги задржи шансите за пласман понатаму по третото коло од Лига Европа. Во истата група, Франкфурт стигна до 2:0 победа над Аполон за да го задржи максималнио…
Лацио стигна до 3:1 победа на гостувањето кај Марсеј за да се врати по поразот од Ајнтрахт и да ги задржи шансите за пласман понатаму по третото коло од Лига Европа. Во истата група, Франкфурт стигна до 2:0 победа над Аполон за да го задржи максималниот ефект по три кола.
Волас и Саиседо донесоа 0:2 предност за Лацио во јужна Франција, пред во финишот на натпреварот Димитри Паје да намали на 1:2, а Марушиќ да ги постигне конечните 3:1 за импресивна победа.
Челси исто така стигна до третата победа во третиот меч во ЛЕ, откако со 3:1 ги совлада БАТЕ на домашен терен благодарение на хет-трикот на Рубен Лофтус-Чик, кој експлозивно го стартуваше мечот со два гола за само осум минути. Во групата Л, МОЛ Види на нашиот Бобан Николов направи мал подвиг победувајќи го ПАОК во Солун со 2:0.
Шпанските клубови „начекаа“ послаби противници и стигнаа до големи победи. Вилјареал со 5:0 ја потопи Рапид Виена, додека Севилја со 6:0 го декласираше турскиот Акхисар.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КОЛО
ГРУПА Г
Ренџерс – Спартак Москва 0:0
Вилјареал – Рапид Виена 5:0
Табела: 1.Вилјареал 5, 2.Ренџерс 5, 3.Рапид 3, 4.Спартак М. 2
ГРУПА Х
Ајнтрахт Франкфурт – Аполон 2:0
Марсеј – Лацио 1:3
Табела: 1.Ајнтрахт 9, 2.Лацио 6, 3.Марсеј 1, 3.Аполон 1
ГРУПА И
Бешикташ – Генк 2:4
Сарпсборг – Малме 1:1
Табела: 1.Генк 6, 2.Сарпсборг 4, 3.Малме 4, 4.Бешикташ 3
ГРУПА Ј
Севилја – Акхисар 6:0
Стандард Лиеж – Краснодар 2:1
Табела: 1.Краснодар 6, 2.Севилја 6, 3.Стандард Л. 6, 4.Акхисар 0
ГРУПА К
Јаблонец – Астана 1:1
Рен – Динамо Киев 1:2
1.Динамо К. 5, 2.Астана 5, 3.Рен 3, 4.Јаблонец 2
ГРУПА Л
Челси – БАТЕ Борисов 3:1
ПАОК – МОЛ Види 0:2
Табела: 1.Челси 9, 2.ПАОК 3, 3.МОЛ Види 3, 4.БАТЕ 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Интер подготвува нов договор за Инзаги
Интер е апсолутен лидер во Серија А, прашање е само кога и математички ќе ја обезбеди шампионската титула, која ќе биде прва во кариерта на Симоне Инзаги. 47-годишниот тренер досега има освојувано трофеи само во Купот и Суперкупот на Италија.
Она што Инзаги го направи оваа сезона во Серија А, ги натера клупските челници да ја сменат својата стратегија и да му понудат нов договор на тренерот.
Инзаги досега двапати го продолжуваше договорот со Интер, во 2022 и 2023 година, двата пати клубот му понуди едногодишен договор. Овој пат на 47-годишниот тренер ќе му биде понуден двегодишен договор.
Во однос на претходните години, разликата е што на Инзаги ќе му биде понуден нов договор пред да заврши сезоната, а не откако таа ќе заврши.
Интер е на чекор до освојување на шампионската титула во Серија А, откако по 29 кола е прв на табелата со 76 бодови, 14 повеќе од второпласираниот градски ривал Милан.
Спорт
Реал го обнови интересот за Де Хеа
Поранешниот голман на Манчестер јунајтед, Давид Де Хеа повторно е во плановите на Реал Мадрид. Искусниот 33-годишен голман, кој е без тим од минатото лето кога му истече договорот со „црвените ѓаволи“, повторно се поврзува со Реал, кој сака да го донесе во своите редови, пишува „Релево“.
Де Хеа требаше да дојде во Реал минатото лето, по повредата на Тибо Куртоа, но на крајот клубот на општо изненадување реши да го позајми Кепа Аризабалега од Челзи.
Сепак, тој не успеа да ги импресионира клупските челници, по завршувањето на сезоната ќе се врати во Челси, а се очекува да си замине и Андриј Лунин, кој сезонава брани во врвна форма.
Луни бара нов клуб каде што ќе биде прва опција, бидејќи не сака да му биде резерва на Куртоа. Прашање е дали Де Хеа ќе се согласи да биде резервен голман.
Спорт
Ларкин од еден се сели во друг крај на Истанбул
Шејн Ларкин е еден од кошаракрите чии договор истекува на крајот од сезоната.
Американецот, пет сезони го носи дресот на Ефес. Со овој клуб освои две титули во Евролигата.
Ларкин ја има најголемата плата во Евролигата. Годишно тој заработува четири милиони евра.
Прашање е дали Ефес ќе му понуди нов договор на 31-годишниот Американец.
Наводно, целата ситуација внимателно ја следат од другиот крај на Истанбул. Фенербахче е заинтересиран да го донесе Ларкин од наредната сезона.
Фенербахче не е единствениот клуб кој покажува интерес за Ларкин, но според медиумите води во трката за неговиот потпис.
Оваа сезона Ларкин има 17 поени по натпревар, 5,2 асистенции, три скока и 1,1 украдена топка.