Спорт
Легендарниот Франц Бекенбауер во Мадрид ќе сподели вештини со млади фудбалери од целиот свет
Глобалниот амбасадор на интернационалната детска општествено одговорна програма „Фудбал за пријателство“ под покровителство на компанијата „Гаспром“, Франц Бекенбауер, ќе учествува во финалните активности на овогодишната сезона.
Настаните ќе се одржат во шпанската престолнина Мадрид во период од 28 мај до 2 јуни, во рамки на УЕФА Лигата на шампиони 2019.
Мадрид ќе стане главен град на клучните настани од проектот „Фудбал за пријателство“. Повеќе од 800 учесници од различни земји од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка, меѓу кои и 12-годишни млади фудбалери и млади новинари, ќе бидат дел од финалните настани.
Интернационалниот Камп на пријателството ќе овозможи специјални предавања за младите учесници. Во рамки на кампот ќе бидат обединети спортски, хуманитарни и едукативни програми. Учесниците ќе можат да ги претстават своите вештини на Светското првенство во фудбал за пријателство 2019, каде младите фудбалери ќе бидат дел од 32 Интернационални тимови на пријателство. Според уникатниот принцип на фудбал за пријателство, деца од различни националности, пол и физички можности ќе играат заедно во еден тим.
За првпат Интернационалниот форум на фудбал за пријателство ќе опфати една целина од завршните настани на овогодишната сезона на програмата. Учесниците во форумот се експерти во полето на развојот на детскиот и младинскиот спорт од целиот свет. Тренери, доктори од детските тимови, новинари од светски водечки медиуми, познати фудбалери, претставници на фудбалски академии и федерации ќе дискутираат за подготовките на младите играчи за интернационални натпревари, нови методи за спортска едукација, принципи за формирање успешен детски тим, начини на професионален развој на младите фудбалери.
Годинава еден од говорниците на форумот ќе биде и светската фудбалска легенда, двократниот добитник на „Ballon d’Or“ – Франц Бекенбауер.
Во Мадрид Бекенбауер како глобален амбасадор на проектот ќе се сретне со младите учесници и ќе им раскаже за своите спортски искуства, интересни случувања од неговата професионална кариера и ќе го сподели знаењето кое им е потребно на спортистите почетници за постигнување врвни резултати.
Учесниците во завршните настани на оваа сезона на проектот ќе имаат можност да го проследат и финалниот натпревар на 2019 УЕФА Лигата на шампиони на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.
„Навистина е голема чест да се биде дел од ’Фудбал за пријателство’, Интернационалната општествено одговорна програма на компанијата Гаспром. Вредностите кои се промовирани од страна на младите учесници од различни земји се безвременски – без идејата за еднаквост, љубезност и праведност, не може да се замисли балансиран свет. Соединувањето на деца кои имаат желба меѓусебно да соработуваат и да комуницираат е главната цел, затоа што способноста за компромис, пронаоѓање заеднички јазик со најразлични луѓе е клучот за успехот во животот, без разлика дали ќе одберат професионално да се занимаваат со спорт или, пак, нивен избор ќе биде друга кариера“, изјави глобалниот амбасадор на проектот „Фудбал за пријателство“, Франц Бекенбауер.
„Среќна сум што проектот ’Фудбал за пријателство’ ми дава можност да запознаам професионални фудбалери и што оваа година во Мадрид ќе се запознаам и ќе разговарам со вистинска фудбалска легенда – Франц Бекенбауер! Одлично е да се биде дел од ваков глобален проект поддржан од познати спортисти од целиот свет! За мене ова е одлична мотивација да продолжам да го следам својот сон“, изјави Софи Фолдс, 12-годишна млада амбасадорка на проектот од Вашингтон, САД.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.
Спорт
„Мундо депортиво“: Зидан се договорил со Баерн Минхен
Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Баерн Минхен, пренесува каталонскиот „Мундо Депортиво“. Зидан е без работа откако го напушти Реал Мадрид пред три години.
„Дознаваме дека преговорите се при крај, дури и двете страни сметаат дека се е готово и практично завршено. Зидан само побарал да му се доведат засилувања, особено во одбраната“, тврдат овој извор.
Зидан планираше да стане селектор на Франција, но Дидие Дешамп и понатаму останува на таа позиција. Од друга страна, Баерн, кој по 11 години остана без титулата германски шампион, сакаше да го доведе германскиот селектор Јулијан Нагелсман, но тој го продолжи договорот до 2026 година.
Претходно ПСЖ и Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Зидан, но тој ги одби нивните понуди.
Зидан, 51-годишникот од Марсеј, освои три ЛШ со Реал Мадрид, две шампионски титули на Шпанија, по два УЕФА и шпански Суперкупа, две титули на Светското клупско првенство…
Спорт
Рома преговара за трансферот на Киеза
Тренерот на Рома, Даниеле Де Роси, кој го продолжи договорот со клубот, е голем фан на фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза. Де Роси не кри дека би сакал да го има во својот тим крилниот напаѓач.
Де Роси работеше со него додека му беше асистент на Роберто Манчини во италијанската репрезентација.
Договорот на Киеза со Јувентус истекува во јуни 2025 година, што значи дека ова лето влегува во последната година од истиот.
Тоа значи дека ова лето е веројатно последна шанса клубот да заработи нешто од неговата продажба.
Свесни за ова, челниците на Рома веќе закажале состанок со неговиот менаџер Фали Рамадани.
Покрај Рома, интерес за Киеза покажува и Њукасл.