Спорт
Лејкерс победи во Оклахома, дебакл на Чикаго во Денвер (видео)
ЛА Лејкерс, без Леброн Џејмс, ја изненадија фаворизираната Оклахома. На теренот на противникот Лејкерс славеа по едно продолжение со 138:128. Најдобриот меч во кариерата за Лејкерс го одигра младиот хрватски центар Ивица Зубац кој забележа 26 поени и 1…
ЛА Лејкерс, без Леброн Џејмс, ја изненади фаворизираната Оклахома. На теренот на противникот Лејкерс славеа по едно продолжение со 138:128. Најдобриот меч во кариерата за Лејкерс го одигра младиот хрватски центар Ивица Зубац, кој забележа 26 поени и 12 скока. Најефикасен кај „езерџиите“ беше Кајл Кузма со 32 поена.
На спротивната страна Пол Џорџ постигна 27 поени, а Расел Вестбрук заврши со 26 поени, 9 скока и 13 асистенции. Вестбрук имаше катастрофален шут од поле, тој погоди само седум од 30 обиди кон кошот на противникот.
Покрај Зубац, изминатата ноќ се истакна уште еден центар од Балканот. Србинот Никола Јокиќ го предводеше Денвер Нагетс до убедливата победа 135:105 над Чикаго Булс.
Јокиќ за 25 минути игра забележа 18 поени, 8 скока и 11 асистенции.
Србинот беше еден од седумтемина играчи на Денвер што постигнаа двоцифрен број поени. Џамал Мареј 22 од . поени постигна во третата четвртина, а по 14 поени реализираа Гери Херис и Пол Милсап.
Резултати:
Индијана-Филалделфија 96:120
Њујорк-Вашингтон 100:101
Шарлот-Сакраменто 114:95
Торонто-Феникс 111:109
Денвер-Чикаго 135:105
Окалхома-ЛА Лејкерс 128:138
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Обезбедувањето го спасило Мбапе од бесните играчи на Барселона
Шпанските медиуми пренесуваат дека по реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите, во кој ПСЖ победи гостувањето кај Барселона (4:1), Килијан Мбапе предизвикал сериозен инцидент.
Мбапе, кој веројатно ги игра последните натпревари за ПСЖ по натпреварт имал „блиска средаб“ со играчите на Барселона.
Според информациите на шпанските медиуми, Мбапе еуфорично ја прославил победата на ПСЖ извикувајќи: „ова е фудбал, ние зборуваме на теренот“, што некои играчи на Барселона го сфатиле како провокација.
Неколку луѓе од обезбедувањето и луѓето од двата клуба спречиле неколку играчи на Барса кои се упатиле кон Мбапе.
ПСЖ за финалето ќе игра против Борусија Дортмунд.
🚨 Ce geste de Kylian Mbappé aurait rendu furieux certains joueurs du Barça après le match.
Le Français aurait déclaré : « c’est le football et c’est sur le terrain qu’il faut parler. »
— BeFootball (@_BeFootball) April 18, 2024
Спорт
Познати сe полуфиналните термини во Лигата на шампионите
Пари Сен Жермен, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен и Реал Мадрид се пласираа во полуфиналето, во Лигата на шампионите.
Познато е дека во полуфиналето ќе се сретнат Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд, односно Баерн Минхен и Реал.
Домаќини на првите натпревари ќе бидат германски клубови, додека реваншите ќе се играат на „Паркот на принцовите“ во Париз и на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.
Полуфиналните натпревари се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.
Сите натпревари започнуваат во 21:00 часот.
Финалето на Лигата на шампионите е на 1 јуни на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Спорт
Де Роси ќе ја води Рома и следната сезона
Даниеле Де Роси и следната сезона ќе остане на клупата на Рома. Поранешниот капитен ги оправда очекувањата и на навивачите и на клупските челници.
Поранешниот италијански репрезентативец, функцијата ја презеде од Жозе Мурињо, кој доби отказ во јануари по поразот од Милан (1:3).
Де Роси ја донесе Рома на петтото место на табелата, кое според сегашната ситуација треба да го одведе тимот во Лигата на шампионите, бидејќи Италија во моментов води на УЕФА рангирањето на најдобрите клубови и со тоа би добила уште едно место во елитното европско клупско натпреварување.
Исто така, Рома е и во четвртфиналето на Лига Европа, каде со Милан се бори за место меѓу најдобрите четири екипи.
„По средбата со Даниеле Де Роси, можеме да кажеме дека ќе остане со нас и следната сезона. Тој донесе позитивни промени и сакаме да продолжиме по тој пат“, изјавија газдите на Рома, Американците Ден и Рајан Фридкин.