Спорт
ЛЕ: „Б-планот“ на тетовци за ЛЕ ги води преку Корк или Розенборг
По ждрепката за баражот за Лигата на шампионите, во УЕФА го одредија и распоредот на натпреварите за пласман во натпреварите по групи во Лига Европа, каде што Шкендија имаше малку повеќе среќа.
Македонскиот шампион, кој е единствен останат од нашите кл…
По ждрепката за баражот за Лигата на шампионите, во УЕФА го одредија и распоредот на натпреварите за пласман во натпреварите по групи во Лига Европа, каде што Шкендија имаше малку повеќе среќа.
Македонскиот шампион, кој е единствен останат од нашите клубови во Европа, има шанси да влезе во ЛШ преку победа над австрискиот шампион Салцбург, а потоа дуел со подобриот од мечот Црвена Звезда-Спартак. Доколку загубат од Салцбург пак, се отвара патот до Лигата на Европа, каде што противник треба да им биде подобриот од пресметката меѓу ирскиот клуб Корк Сити и норвешкиот Розенборг, инаку противник на Вардар во ЛЕ минатата сезона.
Од другите поинтересни дуели во ЛЕ, се одвојува тој на премиерлигашот Барнли, кој ако го мине Башакшехир налетува на Олимпијакос или Луцерн.
ЛИГА НА ЕВРОПА, ЖДРЕПКА ЗА ПЛЕЈ-ОФ
ШАМПИОНСКИ ПАТ
Олимпија Љубљана (Сло)/ХЈК (Фин) – Црвена Звезда (Срб)/Спартак Трнава (Свк)
Хапоел Бер-Шева (Изр)/АПОЕЛ (Кип) – Астана (Каз)/Динамо Загреб (Хрв)
Корк Сити (Ирс)/Розенборг (Нор) – Салцбург (Авт)/Шкендија (Мкд)
Легија (Пол)/Дуделанж (Лук) – Алашкерт (Ерм)/ЦФР Клуж (Ром)
Спартакс Јурмала (Лет)/Судува (Лит) – Селтик (Шко)/АЕК (Грц)
Шериф (Мол)/Валур (Изр) – Карабаг (Азе)/БАТЕ Борисов (Блр)
Малме (Шве)/Види (Унг) – ТНС (Вел)/Митјиланд (Дан)
Торпедо Кутаиси (Гру)/Кукеш (Алб) – Лудогорец (Буг)/Зрињски (БиХ)
ГЛАВЕН ПАТ
Сигма (Чеш)/Каират (Каз) – Севилја (Шпа)/Жалгирис (Лит)
Сарпсборг (Нор)/Риека (Хрв) – Пјуник (Ерм)/Макаби Тел-Авив (Изр)
Јагиелонија (Пол)/Гент (Бел) – Мариупол (Укр)/Бордо (Фра)
Нордсјеланд (Дан)/Партизан (Срб) – Бешикташ (Тур)/ЛАСК (Авт)
Слован Братислава (Свк)/Рапид Виена (Авт) – Хајдук (Хрв)/ФЦСБ (Ром)
Аполон (Кип)/Динамо Брест (Блр) – Витесе (Хол)/Базел (Шва)
Ренџерс (Шко)/Марибор (Сло) – Уфа (Рус)/Прогрес Нидеркорн (Лук)
Хапоел Хаифа (Изр)/Аталанта (Ита) – ЦСКА Софија (Буг)/Копенхаген (Дан)
Динамо Минск (Блр)/Зенит (Рус) – Хибернијан (Шко)/Молде (Нор)
Тренчин (Свк)/Феенорд (Хол) – Штурм (Авт) – АЕК Ларнака (Кип)
Генк (Бел)/Лех (Пол) – Спартак Суботица (Срб)/Брондби (Дан)
Олимпијакос (Грц)/Луцерн (Шве) – Башакшехир (Тур)/Барнли (Анг)
Зорја (Укр)/Брага (Пор) – Лајпциг (Гер)/Крајова (Ром)
CONFIRMED: #UEL play-off round draw main path ✅
Who will qualify? ? pic.twitter.com/4JZiyfwBKU
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) August 6, 2018
ЛШ: Шкендија ако го мине Салцбург налетува на Звезда или Спартак!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Драконска казна во Холандија – клуб исфрлен од првата лига
На фудбалскиот клуб Витезе му беа одземени 18 бодови, по што и официјално испадна од првата холандска лига, соопшти Фудбалскиот сојуз на Холандија (КНВБ).
„Независниот комитет за лиценцирање на КНВБ му изрече санкција на Витезе од минус 18 бодови. Клубот од Арнем ја доби оваа казна затоа што повеќепати не ги исполнуваше барањата од прописите за лиценцирање играчи во подолг временски период“, се вели во соопштението на КНВБ.
Витезе сега има минус еден бод и автоматски го загуби прволигашкиот статус на четири кола пред крајот на првенството.
Најголемиот успех во историјата клубот од Арнем го постигна во сезоната 2016/17 кога го освои Купот на Холандија.
Последен пат Витезе играше во Европа во сезоната 2021/22, кога беа елиминирани од подоцнежниот освојувач Рома во осминафиналето на Конференциската лига.
Спорт
Бакс без Јанис во првото коло од плеј-офот
Милвоки Бакс се соочува со значителен проблем пред почетокот на плеј-оф серијата во која ривал ќе им биде Индијана Пејсерс. Бакс нема да може да смета на Јанис Адетокумбo.
Како што пренесе Шамс Чаранија, Адетокумбо ќе мора да паузира од две до четири недели поради повредата на потколеницата со која се здоби на натпреварот против Бостон Селтикс.
Овие првични проценки за повреди секако значат дека Адетокумбо сигурно ќе го пропушти првото коло од плеј-офот и натпреварите со Индијана.
Плеј-офот за Бакс започнува ноќта помеѓу недела и понеделник, а тие се домаќини во првиот натпревар.
Спорт
Ивановиќ ќе добие отказ во Басконија
Кошаркарите на Басковнија, вечерва (20.30 часот) го играат решавачкио натпревар во Евролигата. Доколку го победат Виртус ќе играат во плеј-оф против Реал Мадрид.
Прашање е дали пласманот во плеј-офот може да ја спаси сезоната, бидејќи Басконија „виси“, кога е во прашање плеј-офот во домашното првенство. Во шпанското првенство се на прагот на плеј-офот.
Шпанските медиуми пишуваат дека Душко Ивановиќ би можел да ја напушти Басконија. Црногорскиот тренер го одработува четвртиот мандат во клубот. Пристигна во текот на сезоната од Црвена звезда.
Замена за Ивановиќ би требало да биде актуелниот тренер на Гран Канарија, Јака Лаковиќ, кој има клаузула во договоорт дека може да замине во тим што настапува во Евролигата.
Локалниот медиуми, „Ла Провинсија“ наведува дека Лаковиќ е првиот избор на баскискиот тим за следната сезона. Овој извор пишува дека Басконија ќе треба да плати одредена сума за да го нагажира Лаковиќ.
Лаковиќ лани со Гран Канарија го освои Еврокупот, претходно тој беше тренер на Улм.