Спорт
ЛЕ: Розенборг блиску до пресметка со Шкендија (видео-преглед)
Розенборг, 25-кратниот норвешки шампион е блиску до дуел со македонскиот шампион Шкендија во баражот за влез во Лига Европа, откако на гости со 2:0 го совлада ирскиот Корк Сити во третото квалификациско коло на ЛЕ.
Шкендија, која вчера загуби со 3:0 од…
Розенборг, 25-кратниот норвешки шампион е блиску до дуел со македонскиот шампион Шкендија во баражот за влез во Лига Европа, откако на гости со 2:0 го совлада ирскиот Корк Сити во третото квалификациско коло на ЛЕ.
Шкендија, која вчера загуби со 3:0 од Салцбург, по елиминацијата во Лигата на шампионите, преоѓа во ждрепката за ЛЕ, каде што ќе ги дочека Розенборг, клуб кој минатата година играше со Вардар во групите. Во Ирска, клучен играч за Розенборг беше Швеѓанецот Џонатан Леви, кој постигна два гола во првото полувреме (22. и 44. минута за импресивна победа).
Глазгов Ренџерс под водство на Стивен Џерард, стигна до тешка 3:1 победа над словенечки Марибор со гол од пенал. Шкотланѓаните дојдоа во водство со голот на Алберто Морелос веќе во шестата минута, но Марибор се врати со гол на Грегор Бајде пред крајот на полувремето. Џејмс Таверниер од пенал во 50. минута пак ги врати Глазгов во водство, пред Ласана Кулибали во финишот на мечот да ги постави конечните 3:1.
Од клубовите од нашето опкружување, Партизан стигна до 2:1 победа на гостувањето кај данскиот Нордсјеланд, Олимпија Љубљана рутински со 3:0 го совлада ХЈК Хелсинки, а Хајдук не успеа да направи предност против ФЦСБ (поранешна Стеауа) со само 0:0 на „Пољуд“.
ЦСКА Софија загуби дома од силниот Копенхаген со 1:2, а Спартак Суботица немаше сили против уште еден дански клуб Брондби, губејќи со 0:2 на домашен терен.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Јагиелонија (Пол) – Гент (Бел) 0:1
ЦСКА Софија (Буг) – Копенхаген (Дан) 1:2
Нордсјеланд (Дан) – Партизан (Срб) 1:2
Башакшехир (Тур) – Барнли (Анг) 0:0
Бешикташ (Тур) – ЛАСК Линц (Авт) 1:0
Генк (Бел) – Лех (Пол) 2:0
Олимпија Љубљана (Сло) – ХЈК Хелсинки (Фин) 3:0
Олимпијакос (Грц) – Луцерн (Шва) 3:0
Витесе (Хол) – Базел (Шва) 0:1
Зорја (Укр) – Брага (Пор) 1:1
Корк Сити (Ирс) – Розенборг (Нор) 0:2
Хајдук Сплит (Хрв) – ФЦСБ (Ром) 0:0
Хибернијан (Шко) – Молде (Нор) 0:0
Ренџерс (Шко) – Марибор (Сло) 3:1
Сарпсборг (Нор) – Риека (Хрв) 1:1
Спартак Суботица (Срб) – Брондби (Дан) 0:2
ТНС (Вел) – Митјиланд (Дан) 0:2
Легија (Пол) – Дуделанж (Лук) 1:2
Слован Братислава (Свк) – Рапид Виена (Авт) 2:1
Севилја (Шпа) – Жалгирис (Лит)
ЛЕ: Катастрофа за Феенорд и Зенит во квалификациите! (видео)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Куртоа се враќа до крајот на сезоната
Tренерот на Реал, Карло Анчелоти денеска изјави дека голманот Тибо Куртоа треба да се врати во тренажен процес за десет дена, пренесуваат шпанските медиуми.
На 20 март Куртоа беше опериран поради скинат менискус на десното колено. Шпанските медиуми потсетуваат дека белгискиот голман требаше да паузира до крајот на сезоната, но Анчелоти тврди дека Куртоа успешно се опоравува.
„Куртоа добро закрепнува, би можел да биде во тимот против Кадиз“, изјави Анчелоти.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Куртоа сигурно ќе го пропушти натпреварот против Реал Сосиедад во Ла Лига, како и првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите против Баерн.
Натпреварот од 34. коло во шпанското првенство помеѓу Реал и Кадиз ќе се одигра на четврти мај во Мадрид.
Спорт
Евролигата нема да го толерира однесувањето на Атаман
Кошаркарската Евролигата се огласи по бурната реакција и изјава на Ергин Атаман по поразот на Панатинаикос од Макаби, во Атина на стартот од четвртфиналната серија.
Во соопштението на веб-страницата на елитното натпреварување, се нагласува дека е недозволиво Атаман да ги етикетира судиите, дека таков приситсок нема да биде толериран и дека е покрената дисциплинска постапка против тренерот на Панатинаикос.
За потсетување, Атаман веднаш по натпреварот потенцираше дека судиите му доделиле шест поени на Балдивин, бидејќи досудиле два непостоечки, смешни фаули при шут за три поени, но во исто време нагласи дека ПАО продолжува понатаму, до завршниот турнир во Берлин.
Атаман на прес-конференцијата отиде чекор понатаму, велејќи дека ќе го напушти Панатинаикос доколку не избори пласман на завршниот турнир.
Макаби води во четвртфиналната серија со 1-0, вториот меч се игра вечерва повторно во Атина, а потоа следуваат два натпревари во Белград – 30 април и 2 мај, а евентуалната мајсторка ќе се игра на 8 мај во Атина.
Спорт
Гвардиола за Жоао Кансело: Ќе видиме на крајот на сезоната
Жоао Кансело е член на Манчестер Сити, а моментално е на позајмица во Барселона до крајот на сезоната. Прашање е дали Барселона сака да го отткупи неговиот договор, откако Португалецот беше означен како еден од главните виновници за елиминацијата од ПСЖ од Лигата на шампионите и поразот од Реал во Ел Класико.
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека на крајот на сезоната ќе одлучи дали Кансело ќе се врати во клубот, пренесуваат британските медиуми.
„Се уште не сме разговарале за иднината на Кансело во нашиот клуб. Ќе разговараме на крајот на сезоната“, изјави Гвардиола.
Кансело (29) е член на Манчестер Сити од 2019 година. Тој има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2027 година.
Вториот дел од минатата сезона Кансело го мина на позајмица во Баерн, а потоа Манчестер Сити го испрати португалскиот фудбалер на едногодишна позајмица во Барселона.
Кансело оваа сезона одигра 36 натпревари за Барселона и постигна четири гола.