Спорт
Магнус Карлсен покажа зошто е Моцарт на шахот со нова светска титула
По 20 дена и над 50 часа игра, норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен по четврти пат стана светски шампион во шах, откако го победи Американецот Фабијано Каруана во Лондон во брзиот тај-брејк.
Во сесијата од 4 партии за 25 минути по шахист со 10 секунди…
По 20 дена и над 50 часа игра, норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен четврти пат стана светски шампион во шах кога го победи Американецот Фабијано Каруана во Лондон во брзиот тај-брејк.
Во сесијата од 4 партии за 25 минути за шахист, со 10 секунди за секој одигран потег, Карлсен славеше со 3:0 и со вкупни 9:6 третпат ја освои шаховската титула кога претходно се постави рекорд со 12 ремија во 12 меча. Ова е првпат во 132-годишната историја на Светското првенство во шах мечот да се одлучи со тај-брејк.
Карлсен ја освои титулата во 2013 година со победа над Вишванатан Ананд по што ја одбрани титулата во 2014 година против Индиецот за во 2016 година да го победи Русинот Сергеј Карјакин.
27-годишниот Карлсен, кого „Вашингтон пост“ неодамна го опиша како Моцарт на шахот, покажа зошто го сметаат за еден од великаните на класичниот формат, иако тој е најдоброрангиран во брз шах. Каруана пак, е првиот Американец кој се бореше за титулата по Боби Фишер во 1972 година и добро се држеше трите недели во Лондон за њујорчанецот да потфрли во брзата игра.
Magnus Carlsen wins the 2018 World Chess Championship. https://t.co/G46MoYPfa3 pic.twitter.com/ETBvwXUPs1
— FiveThirtyEight (@FiveThirtyEight) November 28, 2018
Congratulations Magnus Carlsen, 4-time World Chess Champion, defending it successfully against a tough challenge by @FabianoCaruana.
This championship set the record for 12 draws in a row.@MagnusCarlsen was decisive in the tiebreak!#CarlsenCaruanapic.twitter.com/8l4IvaKdx9
— T. K. Rengarajan ?? (@trengarajan) November 28, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Премиер лигата им забрани на собирачите на топки да ја враќаат топката во игра
Премиер лигата воведе ново правило кое се однесува на момчињата кои ги собираат топките, пишуваат англиските медиуми. Тие повеќе нема да смеат да им ги фрлаат топките на играчите, туку ќе мора да ги ставаат на одредени места до теренот. Оваа измена е воведена за домашните екипи да не имаат неправедна предност.
Во последниве години, тренерите почнаа да им придаваат се поголемо значење на собирачите на топки, некои од нив дури лично да им даваат инструкции како да ја вршат својата работа.
Најчесто акцентот се ставаше на побрзо фрлање на топката кон играчите за да се забрза играта во обид да се изненади противникот. Исто така, собирачите на топки знаеја да прават мали опструкции кога нивниот тим ја има предноста.
Со воведувањето на оваа промена, Премиер лигата се обидува да создаде еднакви услови и за домашните и за гостинските екипи.
Спорт
Чаби Алонсо ги одби гигантите ќе остане во Леверкузен
Чаби Алонсо потврди дека и наредната сезона ќе го предводи Баер Леверкузен. Шпанецот со „фармацевтите“ е на добра пат да ја освои првата Бундес лигата во клупската историја. Неговиот тим, во сите натпреварувања од почетокот на сезоната, нема доживеано ниту еден пораз.
Чаби Алонсо долго време се поврзуваше со Ливерпул и Баерн Минен, клубови за кои играше во кариерата, но денес стави крај на тие шпекулации.
„Имав многу добри разговори со челниците на клубот и им кажав дека сакам да останам во Баер. Ова е најдоброто место за мене “, изјави Чаби Алонсо и продолжи:
„Нема да коментирам за Ливерпул или Баерн. Тие се големи клубови и јас сум поврзан со нив. Сепак, сега сум таму каде што сакам да бидам. Сега не е време да зборувам за иднината, сакам да се развивам понатаму во Баер. Веќе им ја соопштив одлуката на играчите “, рече 42-годишниот тренер.
Алонсо го презеде Леверкузен во октомври 2022 година, а пред тоа го тренираше вториот тим на Реал Сосиедад.
Спорт
Шекил: Сакам Симонс да ме научи како за 55 натпревари заработи 80 милиони долари
Изјавата на Шекил О’Нил во еден подкаст, во пресрет на почетокот на плеј-офот во НБА лигата, привлече големо внимание во САД.
Еден од најдобрите центри во историјата на кошарката, саркастично одговори на прашањето за кои играчи би платил карта да ги гледа во живо.
„Бен Симонс, затоа што сакам да научам како можеш да заработиш 80 милиони, а да одиграш само 55 натпревари. Научи ме човеку. Научи ме како можеш да одиграш 55 натпревари во три сезони и да добиеш 30 милиони, 40 милиони и уште 40 милиони само за да рекол дека го боли грбот“, рече четирикратниот шампион во НБА.
Симонс во 2016 година беше прв пик на драфтот, го избра Филалделфија, во чии редови беше до 2022 година кога се пресели во Бруклин Нетс. За Бруклин во првата сезона одигра 40 натпревари, а оваа само 15.