Спорт
Македонија ја доби битката со Чешка за пласман на Светското првенство
Во тешка битка пред верната публика, Македонија стигна до 27:25 (14:12) победа над Чешка за да стане последната европска репрезентација која се пласираше на Светското првенство во 2023 во Полска и Шведска, продолжувајќи ја убавата традиција за настап на големите натпреварувања.
Откако во Злин во првиот меч пропуштивме голема шанса за победа и одигравме 24:24, во Скопје ни беше неопходна победа против стариот познаник, Чешката Република. Чесите стартуваа подобро и стигнаа до 4:2 водство, но предводени од Талески успеавме да направиме пресврт и да дојдеме до 7:4 водство. Сепак, разликата во текот на целиот меч се движеше до максимални четири гола во 51. минута (20:16), по што гостите успеаја да се вратат и да дојдат на само гол разлика (25:24) на четири минути пред крајот.
Никола Митревски беше фантастичен на голот во клучните моменти, Филип Кузмановски блесна со девет постигнати голови, вклучувајќи го одлучувачкиот пенл во последната минута, додека Филип Талески додаде шест, а кај гостите Томаш Пирох и Јакуб Хрстка имаа по пет гола.
БАРАЖ ЗА ПЛАСМАН НА СП 2023, РЕВАНШИ
Македонија – Чешка 27:25 (14:12), прв меч 24:24
Црна Гора – Грција 33:25 (16:12), прв меч 23:25
Холандија – Португалија 28:35 (15:17), прв меч 33:30
Фото: Игор Паневски/Топспорт.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капитенот на Реал го напушта клубот на крајот од сезоната
На капитенот на Реал, Начо Фернандез (34) му истекува договорот на крајот од сезоната. „Марка“ објави дека Начо го известил Флорентино Перез дека нема да потпише нов договор туку дека ќе го напушти клубот по истекот на постоечкиот.
Начо оваа сезона забележа 36 настапи и главно беше стартер, акумулирајќи 2497 минути на теренот. Сепак, тоа се должи на повредите на Давид Алаба, Едер Милитао и Антонио Ридигер.
Анчелоти претходно изјави дека случајот на Начо е идентичен со оној на Лука Модриќ и Тони Крос. Поточно, тој му порачал дека доколку како клупска легенда сака да потпише нов договор и да остане во Реал, може да го стори тоа. Очигледно тој решил поинаку.
Начо целата своја кариера е во Реал, со клубот освои 24 трофеи и одигра вкупно 348 натпревари, на кои постигна 16 гола, иако никогаш не беше прво име на одбраната.
Начо има 24 настапи и за шпанската репрезентација со која лани ја освои Лигата на нации. „Трансфермаркт“ неговата вредност ја проценува на пет милиони евра.
Според медиумите, Начо, кариерата ќе ја продолжи во Серија А, наводно прв фаворит за неговиот потпис е Интер.
Спорт
Пиоли ќе добие отказ, постои список со пет имиња за негов наследник
Стефано Пиоли ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, по што ќе добие отказ, пишуваат италијанските медиуми. Тоа ќе биде крај на петгодишната соработка која на Милан му ја донесе првата титула во Серија А по 11 години во 2022 година. На „Сан Сиро“ веќе размислуваат кој ќе биде нов тренер, а моментално се издвојуваат пет кандидати.
Според „газета дело Спорт“, најголеми фаворити се Пауло Фонсека и Хулен Лопетеги.
Фонсека е 51-годишен Португалец кој моментално раководи со Лил, а две години работеше во Италија како тренер на Рома. Лопетеги (57) оваа сезона е без работа откако се раздели со Вулверхемптон, во минатото тој беше тренер на Реал и Севилја и селектор на Шпанија.
Како резервни опции се споменуваат Кристоф Галтиер, поранешниот тренер на ПСЖ кој сега го води катарскиот Ал-Духаил и Марсело Гаљардо, долгогодишниот тренер на Ривер Плата, кој моментално го тренира саудискиот Ал-Итихад.
Во потрагата по нов тренер се приклучи и клупскиот советник Златан Ибрахимовиќ, а „Тутоспорт“, пишува дека тој го предложил Марк ван Бомел. Ван Бомел е актуелен тренер на Антверпен, со кој беше и шампион на Белгија, а во Милан играше во сезоната 2011/12 кога му беше соиграч Ибрахимовиќ.
Спорт
(Видео) Мајами и Њу Орлеанс се пласираа во плеј-офот
Кошаркарите на Мајами Хит и Њу Орлеанс Пеликанс се последните учесници во НБА плејофот. Во првата рунда тие ќе се соочат со првите носители на нивните конференции – Хит против Бостон Селтикс, а Пеликанс против Оклахома Сити Тандер.
Хит играше и ќе игра без повредениот Џими Батлер, а најефикасен беше Тајлер Хиро со 24 поени (8-17 од поле), 10 скока и 9 асистенции. Хамес Хакез додаде 21 поен (8-16 од поле, 6ск, 6ст). Кевин Лав постигна 16 поени, а Бем Адебајо постигна 13.
На другата страна најдобри беа Демар Дерозан со 22 поени (8-16 од поле, 3с, 4на) и Никола Вучевиќ со 16 поени (7-17 од поле), 14 скока и 5 асистенции.
Пеликанс ги совладаа Кингс со 105:98, но натпреварот не беше неизвесен како што покажува резултатот, на шест и пол минути до крајот беше Пеликанс водеа со 20 поени.
Најдобар кај Њу Орлеанс, кој настапи без повредениот Зион Вилијамсон, беше Брендон Инграм со 24 поени (10-20 од поле) и по 6 скока и асистенции, додека Јонас Валанчиунас запиша 19 поени (8-16 од поле), 12 скока, 3 асистенции и 2 скока.
Кај „кралевите“ се истакна Дирон Фокс со 35 поени (12-29 од поле), 7 скока и 5 асистенции, додека Домантас Сабонис имаше 23 поени (9-14 од поле), 14 скока и 7 асистенции.