Спорт
Македонските учесници во проектот „Фудбал за пријателство“ на средба со ФФМ
Во знак на подготовките за финалните активности од овогодишната сезона на „Фудбал за пријателство“, македонските учесници во проектот на средба со Фудбалската федерација на Македонија.
Македонските учесници во проектот „Фудбал за пријателство“, младите амбасадори Милош Спасовски, Борјан Томовски, Лука Јаневски, млади фудбалери од подмладокот на ФК „Вардар“ и Калина Василевска, ученик од Скопје остварија средба со претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, и селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.
Во рамки на одржаната средба, македонските учесници го претставија проектот и неговите цели и разговараа за неговите вредности – пријателство, мир и еднаквост, како и поттикнување на негување на истите помеѓу граѓаните и важноста на вакви проекти за создавањето љубов кон спортот кај младите. Младите амбасадори на присутните им подарија сино-зелена алка на пријателството – официјален симбол на проектот и неговите клучни вредности.
„Фудбалот е колективен спорт. Добриот фудбалер, покрај висококвалитетните перформанси на теренот, е тимски играч и ги применува позитивните вредности кои ги поттикнува проектот ’Фудбал за пријателство’ – пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиција и чест. Ги охрабрувам сите млади активно да спортуваат и да ја пренесуваат пораката на овој проект за присуство на мирот, пријателството и еднаквоста на спортските терени, како и во секојдневниот живот. Воедно, ги повикувам младите амбасадори на проектот од македонската делегација да ги споделат овие вредности со сите свои врсници и пошироко“ , изјави Игор Ангеловски, селектор на македонската фудбалска репрезентација.
„Како фудбалска федерација континуирано поддржуваме проекти во кои се поттикнува практикувањето спортски активности, но и позитивни вредности на теренот и надвор од него кај децата од различни возрасни категории. Во овој контекст, со целиот наш стручен и личен капацитет го поддржуваме проектот ’Фудбал за пријателство’ и можам да кажам дека редовно ги стимулираме младите кои се заинтересирани за фудбалот да ги применуваат клучните вредности на овој проект, истовремено поттикнувајќи ја средината на здрав живот, развој на спортска кутура, пријателство и еднаквост. На младите претставници од македонската делегација која ќе нè претставува во Мадрид, Шпанија, им посакувам успешни активности и да се вратат со убави спомени и нови пријателства. Воедно, ги повикувам нив, како и сите млади, да ги следат своите соништа и да веруваат во самите себеси – на овој начин, со посветеност, работа, верба и дисциплина, може да се реализираат и како личности и врвни спортисти“, изјави Муамед Сејдини, претседател на Фудбалската федерација на Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Братот на Никола Јокиќ удрил навивач
Братот на Никола Јокиќ, Страхиња влегол во конфликт со навивач по мечот меѓу Денвер и ЛА Лејкерс.
Нагетс поведоа со 2-0 во серијата, благодарение на кошот, кој со звукот насирената го постигна Џамал Мареј (101:99), но едено видео кое се појави по натпреварот ја шокираше јавноста.
На снимката се гледа како братот на Никола, Страхиња слегува и удира навивач.
На трибините беа и вториот брат на кошаркарот на Денвер, Немања и неговата сопругата Наталија и ќерката Огњена.
Следниот натпревар помеѓу Лејкерс и Нагетс е закажан во Лос Анџелес во петок од 4 часот.
The Jokic bros fighting fans last night 😳
(Via cgallegos67 / h/t @ClutchPoints )
— NBACentral (@TheDunkCentral) April 23, 2024
Спорт
Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните
Дисциплинскиот судија во Серија А експресно ги одреди казните за играчите кои синоќа беа исклучени на натпреварот помеѓу Милан и Интер во 33. коло од Серија А. Интер славеше со 2.1 и ја обезбеди титулата на пет кола до крајот на сезоната.
Капитенот на Милан, Давиде Калабрија, доби црвен картон во 97.минута, откако го удри без топка Давиде Фратези. Тој е суспендиран на два натпревари.
Во петтата минута од судиското надополнување дојде до тепачка помеѓу играчот на Милан, Тео Ернандез и играчот на Интер, Дензел Дамфрис, по што и двајцата добија црвени картони. Тие ќе пропуштат еден натпревар.
Дисциплинскиот судија им изрече и парични казни од по 10.000 евра.
Спорт
Покетино: Лукаку е играч на Челси
Ромелу Лукаку, во целост ја оживеа кариерата во Рома. Клубот има можност да го откупи неговиот договор, но прашање е дали има пари да вложи во трансферот на Белгиецот.
Лукаку не успеа да се наметне во Челси, самиот побара да замине, а неколку пати изјави дека нема намера да се враќа во Лондон. Минатата сезона ја мина во Интер, а оваа е во Рома.
За статусот на курпулентниот Белгиец проговори и тренерот на сините, Маурисио Покетино.
„Тој е играч на Челзи, па ќе обрнеме внимание на него. Ваков став во овој момент има клубот, но се уште немаме донесено никаква одлука“, изјави Покетино.
Лукаку оваа сезона постигна 18 гола на 41 натпревар за Рома во сите натпреварувања.